Сиљановска денес на приемот на Трамп и на годишниот самит на Конкордија


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на САД, по повод 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк, ќе има обраќање на годишниот самит на Конкордија. Според програмата, Сиљановска – Давкова ќе се обрати и на Светскиот лидерски форум при Универзитетот Колумбија во Њујорк. По обраќањата, претседателката ќе присуствува …

Сиљановска денес на приемот на Трамп и на годишниот самит на Конкордија Read More »

Муцунски најавува пониски тарифи во трговијата со САД и отворање на прашањето за визите


Визното олеснување за Македонците за влез во Соединетите Американски Држави е една од темите на кои ќе разговара министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за време на неговиот престој во САД. Во интервју за Сител од Њујорк тој вчера говореше за билатералните односи со САД, втората сесија од стратешкиот дијалог и за интензивната политичка агенда …

Муцунски најавува пониски тарифи во трговијата со САД и отворање на прашањето за визите Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како скандалозна условната казна за директорката на Онкологија


ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како скандалозна условната казна за директорката на Онкологија, оценувајќи дека уште еднаш се покажало дека  не постои за граѓаните туку, да му служи на „друштвото на Заев, Филипче и уште неколкумина од СДС“. -Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат …

ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како скандалозна условната казна за директорката на Онкологија Read More »

Во Брисел одржан прием по повод Денот на македонската независност


 На 8 септември 1991 година нашите граѓани на референдум ја потврдија својата посветеност на независноста, отворајќи го патот кон изградба на модерна, суверена и демократска држава, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео обраќање на приемот што синоќа се одржа во зградата на Градскиот совет на Брисел по повод Денот …

Во Брисел одржан прием по повод Денот на македонската независност Read More »

Германскиот план за вооружување од 83 милијарди евра ги заобиколува САД


Германија подготвува воени набавки вредни 83 милијарди евра до 2026 година, но само осум проценти одат за американско оружје, покажува документ до кој дојде Политико. Најголемите проекти се европски: фрегати F-127 вредни 26 милијарди евра, нова серија Eurofighter со 6 милијарди и оклопни возила Boxer за 3,4 милијарди. Се планира и модернизација на ракетите Taurus …

Германскиот план за вооружување од 83 милијарди евра ги заобиколува САД Read More »

Сикорски до Москва: Предупредени сте, да не се жалите ако ви собориме авион влезен „по грешка“


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на состанокот на Советот за безбедност на ОН им прати остра порака на претседателот Владимир Путин и военото раководство на Русија.  „До претставниците на Русија, имам да им го кажам следново: Знаеме дека не ви е грижа за меѓународното право и дека не сте способни да живеете во …

Сикорски до Москва: Предупредени сте, да не се жалите ако ви собориме авион влезен „по грешка“ Read More »

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат за хаосот со јавниот превоз


Место да го решат проблемот со јавниот градски превоз во Скопје откако ЈСП остана без бензин а граѓаните во неизвесност дали ќе можат да отидат на работа, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваат кој е крив за случувањата на кои и самите им кумуваа во голема мерка. Иако вакво изживување и понижување на граѓаните не е …

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат за хаосот со јавниот превоз Read More »

Кипарски градоначалник одби да отстрани антисемитски графити


 Градоначалникот на кипарскиот град Ларнака, Андреас Вирас, одби да ја исполни наредбата на Министерството за внатрешни работи за отстранување на антисемитски графити од јавни простори, јави весникот „Сајпрс мејл“. Министерството претходно испратило циркуларно писмо до сите општини, повикувајќи се на барање на израелското Министерство за дијаспората за отстранување на антисемитски и антиизраелски графити на територијата …

Кипарски градоначалник одби да отстрани антисемитски графити Read More »

Валц: САД ќе го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО


 Новиот американски претставник во ОН, Мајк Валц денеска изјави дека неговата САД и сојузниците ќе го бранат „секој сантиметар од територијата на НАТО“. – Тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на навлегувањето на руски авиони во воздушниот простор на Естонија посочи дека „Русија итно мора да прекине со таквото опасно однесување“. …

Валц: САД ќе го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО Read More »

Макрон: Дојде време за мир, Франција ја призна Палестина


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина. Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави. „Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир“, изјави Макрон. „Ангажманот кон мирот е …

Макрон: Дојде време за мир, Франција ја призна Палестина Read More »

Сиљановска од Њујорк: Време е да го довериме кормилото на ОН на жена


Пред триесет години, во Пекинг, нациите од светот дадоа свечена заклетва: да ги унапредат правата на жените како човекови права, да постигнат родова еднаквост и да им дадат моќ на секоја жена и девојка да живеат ослободени од насилство, дискриминација и ограничување, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова обраќајќи се на состанокот на високо ниво …

Сиљановска од Њујорк: Време е да го довериме кормилото на ОН на жена Read More »

ДИК се уште не ги потврдила сите кандидатури за изборите


ДИК се уште не ги потврдила сите кандидатури за престојните локални избори. Иако како што веќе информираа голем дел од нив се потврдени, но има и неколку во  Скопје односно Скопски Аеродором кои дополнително чекаат потврда. Отфрлени се во некои места и одредени советнички листи кај кои не е запазена во целост процедурата. ДИК и …

ДИК се уште не ги потврдила сите кандидатури за изборите Read More »

И Малта ќе ја признае Палестина


 Малта на денешната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, официјално ќе ја признае Државата Палестина, изјави малтешкиот премиер Роберт Абела. Тој додаде дека признавањето на Палестина е историско и оти Валета останува посветена на постигнување мир во регионот. Малта го следи примерот на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои вчера ја …

И Малта ќе ја признае Палестина Read More »

Муцунски на прв министерски состанок на Јадранско-јонската иницијатива во Њујорк


На маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска се одржа првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) – настан кој претставува историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам. Состанокот беше организиран од страна на Република Северна Македонија, …

Муцунски на прв министерски состанок на Јадранско-јонската иницијатива во Њујорк Read More »

Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот


Списанието „Тајмaут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место. „Не без причина Скопје е наречен ‘Лас Вегас …

Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот Read More »

Франција ќе предизвика „дипломатско цунами“ за Палестина


Во интервју за „Еурактив“, специјалниот советник на претседателот Емануел Макрон за Блискиот Исток, Офер Бронхтејн, нагласи дека Париз не е непријател на Израел, и покрај жестоката демонизација на планот за признавање на Палестина, бидејќи тој потег на крајот ќе ја зајакне безбедноста на Израел. Бронхтејн, кој врши притисок врз Макрон да го преземе овој чекор …

Франција ќе предизвика „дипломатско цунами“ за Палестина Read More »

Путин, Трамп и играта на кокошки


Ако избувне нуклеарна војна, нема да имаме време да анализираме зошто дозволивме да се случи. Сега е моментот да се проценат ризиците. Нуклеарен конфликт би можел да се разгори од нешто мало, брзо да излезе од контрола. Неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија се токму таква искра. Рускиот претседател Владимир Путин …

Путин, Трамп и играта на кокошки Read More »

Османи го повика Меџити да потпише на нотар дека нема да избега на друга функција од градоначалничката


 „Јас немам план Б или резервен план освен Чаир,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи. Тој упати остар предизвик кон својот опонент, Изет Меџити од ВЛЕН, повикувајќи го законски, или преку изјава кај нотар, да се обврзе дека нема да ја напушти позицијата градоначалник доколку ја добие, во замена за каква било …

Османи го повика Меџити да потпише на нотар дека нема да избега на друга функција од градоначалничката Read More »

Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?


СДСМ смета дека партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност, реагирајќи на информацијата дека единствениот ифункционален радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром – исто така се расипал. -Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји, посочи …

Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар? Read More »

Османи: „Паметно паркирање“ е решението за најгорливиот проблем на Чаир


Чаир се наоѓа пред точка на колапс, предупреди кандидатот за градоначалник Бујар Османи, претставувајќи ја својата револуционерна стратегија „Smart Parking“ или „Паметно паркирање“. Тој истакна дека токму проблемот со паркирањето е најголемата причина за хаосот, конфликтите и секојдневните маки на граѓаните, стои во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, што МИА го …

Османи: „Паметно паркирање“ е решението за најгорливиот проблем на Чаир Read More »