Освен за јајцата, засилени контролите и за боите за вапсање


Освен јајцата, чиј увоз деновиве, пред велигденските празници, подлежи на засилени контроли, интензивно се следат и производството и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. АХВ апелира граѓаните да купуваат боја за јајца исклучиво од регистрирани производители увозници, која …

Освен за јајцата, засилени контролите и за боите за вапсање Read More »

Ердоган: САД доставија оружје на терористички групи во Сирија


САД доставија големо количество оружје на терористички групи на територијата на Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Ако сме стратешки партнери, тоа значи дека вие – САД, треба да не почитувате и да престанете да не лажете, изјави Ердоган. – Во Сирија сте испратиле пет илјади камиони со оружје и две илјади контејнери …

Ердоган: САД доставија оружје на терористички групи во Сирија Read More »

Министерството за економија и МАНУ договорија соработка за енергетиката


Министерот за економија, Крешник Бектеши и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, академик Таки Фити потпишаа Меморандум за соработка за одржлив развој на енергетиката во земјава. Целта на Меморандумот е воспоставување меѓусебна соработка и ефективен институционален дијалог меѓу двете институции, имајќи го предвид интересот на граѓаните, во насока на остварување на …

Министерството за економија и МАНУ договорија соработка за енергетиката Read More »

Меркел „средечно“ му го честиташе реизборот на Путин


Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе денеска на рускиот претседател Владимир Путин на добивањето на уште еден шестгодишен мандат. Таа повика на продолжување на дијалогот со цел да бидат пронајдени решенија за билатералните и меѓународните предизвици, се наведува во соопштение од нејзиниот кабинет. „Денес е поважно од кога и да е да го продолжиме дијалогот …

Меркел „средечно“ му го честиташе реизборот на Путин Read More »

Косово: Демаркацијата во рацете на Горанецот Адем Хоџа


Седницата на косовскиот парламент, што ќе биде четврт обид во неполн месец да се ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора закажана е за утре попладне, во 16 часот. Но, засега се уште не е обезбеден потребниот број гласови. За изгласување потребни се 80 гласови од вкупно 120, колку што пратеници брои парламентот. …

Косово: Демаркацијата во рацете на Горанецот Адем Хоџа Read More »

Турција: Уапсени криумчари на радиоактивен материјал


Турската полиција уапси четири лица во Анкара откако во нивното возило пронајде ретка нуклеарна супстанца калифорниум 252. Материјалот требало да биде продаден за околу 70 милиони долари, а идентитетот на купувачот засега е непознат. Калифорниум, ситетички радиоактивен елемент, се произведува во лаборатории и често се користи за покренување нуклеарен реактор.

Реакција од Вашингтон и Брисел на резиборот на Путин


Белата куќа „не е изненадена од резултатот” од претседателските избори во Русија, што му овозможија на Владимир Путин уште шестгодишен мандат. Портпаролот Хуган Гидли соопшти дека се уште не е закажан телефонски разговор со цел американскиот претседател Доналд Трамп да му честита на резиборот на својот руски колега. На прашањето дали Белата куќа цени дека изборите …

Реакција од Вашингтон и Брисел на резиборот на Путин Read More »

Светска банка: До 2050 година може да има 143 милиони „климатски мигранти“


Повеќе од 140 милиони луѓе во три региони во светот можат да мигрираат до 2050 година за да ги избегнат ефектите од климатските промени, како што се намалувањето на земјоделското производство, недостатиг на вода и зголемувањето на нивото на морињата, предупреди Светската банка во денеска објавениот извештај. Во него се наведува дека ако дотогаш ништо …

Светска банка: До 2050 година може да има 143 милиони „климатски мигранти“ Read More »

Дамаск бара повлекување на турските сили од Африн


Сириската Влада денеска побара повлекување на турските сили од градот Африн во северозападна Сирија. Анкара вчера соопшти дека турските сили и борците на сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Турција, презеле целосна контрола над Африн, кој беше главно упориште на Силите за заштита на народот на сириските Курди во северозападна Сирија. – Соопштението на режимот …

Дамаск бара повлекување на турските сили од Африн Read More »

ОН бара итна помош за загрозените во воените зони во Сирија


Обединетите Нации денеска апелираа итно да се достави помош на Сиријците, кои се наоѓаат во воените зони. – ОН во Сирија итно апелира за помош за да се запре катастрофалната ситуација во која се наоѓаат десетици илјади луѓе од Источна Гута и Африн“, се наведува во соопштението на хуманитарната канцеларија на ОН во Дамаск. Високиот …

ОН бара итна помош за загрозените во воените зони во Сирија Read More »

Бензема не сака да се смири со Валбуена


Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема не е подготвен да го остави зад себе непријателството со својот поранешен соиграч во репрезентацијата на Франција, Метју Валбуена. Како што е познато, пред неколку години напаѓачот се вмеша во грандиозен скандал откако беше под истрага за учество при уцена на Валбуена со секс снимка. Оттогаш Бензема не се …

Бензема не сака да се смири со Валбуена Read More »

Стејт департмент: САД се загрижени поради ситуацијата во Африн


САД се „длабоко загрижени“ поради ситуацијата во претежно курдскиот град во Сирија, Африн, кој го напуштаат голем број луѓе, веројатно поради турската воена операција, соопшти денеска Стејт департментот. САД ги повикаа сите „релевантни актери активни во северозападниот дел на земјата, вклучувајќи ги и Турција, Русија и сирискиот режим да им овозможат пристап на меѓународните хуманитарни …

Стејт департмент: САД се загрижени поради ситуацијата во Африн Read More »

Нова бомба во Тексас, две лица повредени!


Двајца мажи на возраст од околу 20 години се повредени откако експлодираше пакет-бомба во моментот кога минувале со велосипедите, соопшти шефот на полицијата во Остин, Тексас, Брајан Менли. Тоа е четврта експлозија на пакет-бомба овој месец. Во досегашните експлозии загинаа 39-годишен градежен работник и 17-годишен студент. Во претходните експлозии повредени се и две лица. – …

Нова бомба во Тексас, две лица повредени! Read More »

Турција ќе побара три милијарди евра за сместување на бегалците


Официјална Анкара ќе побара од Европската унија три милијарди евра за сместување на сириските бегалци кои живеат во Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој прецизираше дека барањето ќе биде упатено за време на средбата во бугарскиот град Варна следната недела. Ердоган прецизираше дека Турција досега добила само 850 милиони евра како прва …

Турција ќе побара три милијарди евра за сместување на бегалците Read More »

Раководството на Баерн бара 100 милиони евра за Левандовски


Баерн Минхен нема намера да преговара за цена под 100 милиони евра за напаѓачот Роберт Левандовски, пишува во денешното издание „Кикер“. Полскиот стрелец го бараат и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но има договор до летото 2021 година. Според минхенското издание „Меркур“ пак, претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, споделил пред Карл-Хајнц Румениге дека не …

Раководството на Баерн бара 100 милиони евра за Левандовски Read More »

Невремето прави проблеми во Унгарија, во Хрватска и во Романија


Околу 9.000 домаќинства во источниот дел на Унгарија се без електрична енергија, откако за време на викендот земјата беше погодена од снежно невреме. Снегот предизвика и доцнење на возовите и отежнато одвивавање на сообраќајот. Невреме ја погоди и Хрватска, каде војската се бори со најдојдената река Сава, чиј водостој е на рекордно високо ниво. Властите …

Невремето прави проблеми во Унгарија, во Хрватска и во Романија Read More »

Дизелот поевтинува, цената на бензините непроменета


Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуродизеот ќе биде 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари. Според Комисијата, се намалува …

Дизелот поевтинува, цената на бензините непроменета Read More »

Maqedoni, në vitin 2017 shkalla e papunësisë ka qenë 22,4%


Vitin e kaluar në vend numri i personave të papunë ka qenë 213.564 që paraqet 22,4 për qind nga popullata aktive në Republikën e Maqedonisë, njoftoi Enti Shtetëror Statistikor. Sipas të dhënave të publikuara në krahasim me vitin e kaluar shkalla e papunësisë shënon rënie për 1,3 për qind. Në vitin 2016 shkalla e papunësisë ka …

Maqedoni, në vitin 2017 shkalla e papunësisë ka qenë 22,4% Read More »

Конте ги посочи двете цели пред Челзи


Челзи сака да го освои ФА Купот на Англија и да обезбеди место во топ 4 во лигата, при што приоритетите се подеднакво важни за клубот, изјави денеска менаџерот на клубот, Антонио Конте. Тренерот ја даде таа изјава пред неделниот четврфинален дуел против Лестер за националниот куп. – Ние треба да ги постигнеме овие две …

Конте ги посочи двете цели пред Челзи Read More »

BDI: TË ADRESOHEN SHQETËSIMET PËR RASTIN “ALMIRI”


Në një njoftim të BDI-së thuhet se në mbledhjen e sotme të kryesisë është diskutuar mbi rastin e procesit gjyqësor për vrasjen e Almirit. “Shprehim shqetësimin e thellë se në vetë radhët e Prokuroreve ka pasur dallime sa i përket vendimit për të rikualifikuar veprën nga vrasje në vepër tjetër penale dhe kërkojmë adresim të …

BDI: TË ADRESOHEN SHQETËSIMET PËR RASTIN “ALMIRI” Read More »