ЕПП сака „поделба“ на функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност


Европската народна партија (ЕПП) сака промена во ресорот за надворешни работи и одбрана во следниот состав на Европската комисија, предлагајќи укинување на сегашната функција висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Ваквата идеја се содржи во Предлог-изборната програма на ЕПП за изборите за Европскиот парламент во јуни годинава, во која се предлага сегашната …

ЕПП сака „поделба“ на функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност Read More »

Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција, намалување на хоспитализираните и заразените


Во периодот од 8 до 14 декември во Грција е регистрирано намалување на бројот на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица и на приклучени на апарати, но зголемен е бројот на починати, вкупно 103, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.  Според неделниот извештај на ЕОДИ, починатите …

Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција, намалување на хоспитализираните и заразените Read More »

Релативно топло, викендот постудено со снег


Во дел од котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските …

Релативно топло, викендот постудено со снег Read More »

Податоците за вакцинацијата против Ковид на поранешниот бразилски претседател Болсонаро се лажни


Податоците за вакцинацијата на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се лажни, соопшти вчера канцеларијата на главниот инспектор на земјата по истрагата за наводната промена на податоците во вакциналната картичка на Болсонаро против Ковид-19. Записите покажуваат дека Болсонаро, кој јавно се спротивстави на вакцинацијата против Ковид-19, примил доза од вакцината во центарот за јавно здравје во …

Податоците за вакцинацијата против Ковид на поранешниот бразилски претседател Болсонаро се лажни Read More »

Првиот турски астронаут и екипаж лансирани кон Меѓународната вселенска станица (видео)


Првиот турски астронаут и уште тројца членови на екипажот од Европа беа лансирани вчера од Флорида на патување до Меѓународната вселенска станица (ISS) во комерцијална мисија на приватната компанија Аксиом Спејс со седиште во Тексас. Капсулата Crew Dragon на SpaceX, со четворица астронаути, се подигна со ракета Falcon 9 околу еден час пред зајдисонце од …

Првиот турски астронаут и екипаж лансирани кон Меѓународната вселенска станица (видео) Read More »

Ново труење работници во фабриката „Магна“ во Алексинац, 52 побарале помош


Нова група од 52 работници на фабриката „Магна“ во Алексинац синоќа побарала помош од лекар од итна помош поради труење, потврдил за агенцијата Бета началникот на итната помош во Алексинац, Ненад Марковиќ. „Од вкупниот број работници кои не контактираа, петмина испративме во интерното одделение на болницата во Алексинац, а еден од нив е пренесен на …

Ново труење работници во фабриката „Магна“ во Алексинац, 52 побарале помош Read More »

Во Скопје 157 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот


Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на …

Во Скопје 157 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот Read More »

Северна Кореја тестираше подводен систем за нуклеарно оружје


Северна Кореја извршила тестирање на својот подводен систем на нуклеарно оружје во знак на протест против овонеделните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, јавија денеска државните медиуми. Тестирањето на системот „Хаил-5-23“, како што Северна Кореја ги нарече своите подводни дронови способни за нуклеарен напад, беше спроведено од Министерството за одбрана во водите …

Северна Кореја тестираше подводен систем за нуклеарно оружје Read More »

САД објавија нова иницијатива за борба против дезинформациите од авторитарните држави


САД објавија иницијатива за борба против дезинформациите што ги шират авторитарните влади со нова алатка за справување со овој проблем – Рамка за спротивставување на манипулации од странски држави. Според Вашингтон, странските манипулации со информацијата и вмешаноста се закана за националната безбедност како на САД така и на сојузниците и партнерите. -Авторитарните влади користат манипулација …

САД објавија нова иницијатива за борба против дезинформациите од авторитарните држави Read More »

Лојд Остин повикан во Конгресот да објасни за неизвестување за хоспитализацијата


Претседателот на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом на САД, Мајк Роџерс, побара од американскиот министер за одбрана Лојд Остин да сведочи пред комисија поради ненавремено информирање за неодамнешната хоспитализација, за што не бил известен ниту претседателот Џозеф Бајден. „Конгресот треба да разбере што се случило и кој ја донел одлуката да спречи откривање …

Лојд Остин повикан во Конгресот да објасни за неизвестување за хоспитализацијата Read More »

Дали е можно намалување на каматните стапки. Еве од што ќе зависи


Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од тековниот развој на настаните на глобално ниво, а на домашен терен од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор Марјан Петрески. Петрески вели дека не може да прецизира кога точно би се случило тоа, но дека според информациите во дадениот момент, …

Дали е можно намалување на каматните стапки. Еве од што ќе зависи Read More »

Автобусите на ЈСП денеска и утре по неделен возен ред, со исклучок на некои линии


Поради верскиот празник Богојавление (Водици), денеска јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. По неделен возен ред, како што информираат од ЈСП Скопје, ќе се вози и утре (сабота), со исклучок …

Автобусите на ЈСП денеска и утре по неделен возен ред, со исклучок на некои линии Read More »

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици


Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР информираат дека од 08:00 часот се до завршување на активностите, во центарот на Скопје за …

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици Read More »

Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити


Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото …

Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен јужен ветер


Наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат …

Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен јужен ветер Read More »

Во Европската Унија во 2022 година, во просек по 560 автомобили на 1.000 жители


Во Европската Унија во 2022 година во просек имало 560 автомобили на 1.000 жители, а просечниот број на автомобили по жител се зголемил за 14,3 отсто од 2012 до 2022 година, објави Евростат на својата веб-страница. На листата предничи Италија со 684 автомобили на 1.000 граѓани, потоа Луксембург со 678 возила, Финска со 661 возило …

Во Европската Унија во 2022 година, во просек по 560 автомобили на 1.000 жители Read More »

„Тесла“ повеќе се судира од автомобилите на класичен погон. Еве зошто


  „Херц“ неодамна објави дека продава 20.000 електрични автомобили од својот возен парк и ги заменува со возила на бензин. Една од причините што компанијата ја наведе е тоа што возачите постојано ги удираат автомобилите, објави Си-Ен-Ен. Извршниот директор на „Херц“, Стивен Шер, истакна дека трошоците за поправка на електрично возило се исто така многу …

„Тесла“ повеќе се судира од автомобилите на класичен погон. Еве зошто Read More »

„Гугл“ претстави нов начин за пребарување


„Гугл“ во четвртокот објави две нови алатки за вештачка интелигенција за кои вели дека ќе го направат пребарувањето за работи на интернет „радикално покорисно“. Мобилните корисници кои пристапуваат до „Гугл“ на некои телефони со Андроид наскоро ќе можат да заокружуваат или означуваат ставки што се појавуваат на екраните на нивните паметни телефони за да надополнат …

„Гугл“ претстави нов начин за пребарување Read More »

Грција и Бугарија потпишаа Меморандум за соработка за енергетските прашања


За теми поврзани со енергетиката, за меѓусебното енергетско поврзување, за заеднички проекти во конкретната област, надлежните министри за енергетика на Грција и Бугарија, Теодорос Скилакакис и Румен Радев, денеска потпишаа Меморандум за понатамошна соработка, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за животна средина и енергетика на Грција, врз основа на …

Грција и Бугарија потпишаа Меморандум за соработка за енергетските прашања Read More »

Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони во близина на островот


Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони околу островот во рок од 24 часа, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Единаесет авиони ја преминале неофицијалната демаркациона линија меѓу Кина и Тајван. Покрај авионите, во последните 24 часа, до денеска во 6 часот по локално време, регистрирани се и пет кинески бродови соопшти Министерството. Ова е најголемата демонстрација …

Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони во близина на островот Read More »