Во Европската Унија во 2022 година, во просек по 560 автомобили на 1.000 жители


Во Европската Унија во 2022 година во просек имало 560 автомобили на 1.000 жители, а просечниот број на автомобили по жител се зголемил за 14,3 отсто од 2012 до 2022 година, објави Евростат на својата веб-страница.

На листата предничи Италија со 684 автомобили на 1.000 граѓани, потоа Луксембург со 678 возила, Финска со 661 возило и Кипар со 658 возила.

Летонија е на дното на листата со 414 автомобили на 1.000 граѓани, потоа Романија со 417 возила и Унгарија со 424 возила.

Податоците покажуваат дека најголем пораст на бројот на возила од 2012 до 2022 година во Европската Унија е забележан во Романија – за 86,2 отсто, Хрватска 44,8 отсто, Унгарија 40,9 отсто, Словачка 40,1 отсто и Естонија 39,7 отсто.