Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје …

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд Read More »

Ангеловска-Бежоска: Независноста на централните банки и макроекономската стабилност се меѓусебно условени


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на Конференцијата во Брисел посветена на независноста на централните банки, на која учество зема и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. „Постои јасна врска помеѓу макроекономската стабилност и независноста на централните банки, како кај развиените, така и кај економиите во развој, што е докажано и преку …

Ангеловска-Бежоска: Независноста на централните банки и макроекономската стабилност се меѓусебно условени Read More »

Ново зголемување на платите во Рудник САСА – четврто во изминатите две години


Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати. Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%, соопштија од компанијата. …

Ново зголемување на платите во Рудник САСА – четврто во изминатите две години Read More »

Извлечен евроџекпот од 63 милиони евра, еве каде одат парите


  На вечерашното извлекување од 12. коло од играта на Евроџекпот беа извлечени следните бројки: 4, 10, 11, 20, 22 – 7, 10, што на играч од Германија му донесе победа од 5+2 во износ од 63.259.938,70 евра. Следното извлекување за играта Евроџекпот е во вторник, 13.02.2024 година, а главната награда е 10.000.000,00 евра.

Владата на БиХ даде два милиони евра и ја спаси јавната РТВ од затворање


Министерскиот совет на БиХ и додели два милиони евра на Радио телевизија Босна и Херцеговина, со што државниот радио-телевизиски сервис беше спасен од затворање. Владата на вонредна седница додели два милиони евра на државниот и по 1,5 милион за јавните сервиси на ентитетите. „Со оваа одлука се настојува да се обезбеди финансиска стабилност на јавните …

Владата на БиХ даде два милиони евра и ја спаси јавната РТВ од затворање Read More »

Тројца загинати и четворица ранети во руски напад во Сумската област


Три лица загинаа во руски напад врз Сумската област, во североисточна Украина, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко. Тој на Телеграм информира и дека има четворица ранети. Жртвите се наоѓале во земјоделско претпријатие кое било погодено во нападот.

Тошковски: Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува кон крајот на овој месец


Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски. Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 рече дека во моментот нема доволно обрасци за пасоши и дека поради тоа доцнат документите за оние кои се фотографирани во …

Тошковски: Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува кон крајот на овој месец Read More »

Цените на какаото на рекордно ниво, ќе поскапи ли чоколадото


Цените на какаото се искачија на највисоко ниво оваа недела бидејќи лошите временски услови негативно влијаеја на приносите на земјоделските култури во Западна Африка, каде што се произведуваат три четвртини од светското производство. Фјучерсите на какаото поскапеа за повеќе од 1.000 долари, или речиси 40% од годината до денес, достигнувајќи го највисокото ниво на сите …

Цените на какаото на рекордно ниво, ќе поскапи ли чоколадото Read More »

Почна собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на Меџити и Алиу


Со задоцонување од 2,5 часа, почна 143. собраниска седница на чиј дневен ред е разрешувањето на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, како и предлогот за именување на Илир Демири и Наим Бајрами на нивно место во овие два ресора. Барањето за разрешување на Меџити и Алиу …

Почна собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на Меџити и Алиу Read More »

ЕИБ Глобално инвестира рекордни 1,2 милијарди евра во Западен Балкан во 2023 година


ЕИБ Глобално, финансискиот огранок на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за активности надвор од Европската Унија, инвестираше рекордни 1,2 милијарди евра низ Западен Балкан во 2023 година (365 милиони евра повеќе отколку во 2022 година). Инвестициите беа наменети за проекти за одржлива и енергетска транзиција што го поддржуваат пристапот на регионот во ЕУ, економските, климатските и …

ЕИБ Глобално инвестира рекордни 1,2 милијарди евра во Западен Балкан во 2023 година Read More »

Исплатени 203,3 милиони денари дополнителна поддршка на 1.955 земјоделски стопанства за предадени јаболка


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет со што финансиска поддршка добија 1 955 земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203,3 милиони денари. Дополнителните субвенции од три денари за килограм, ги добија земјоделски стопанства корисници на мерката за одржување постоечки јаболкови …

Исплатени 203,3 милиони денари дополнителна поддршка на 1.955 земјоделски стопанства за предадени јаболка Read More »

Курти нема да присуствува на панелот на „Фридрих Еберт“, наместо него доаѓа Хајрула Чеку


И покрај најавите, косовскиот премиер Албин Курти нема да присуствува на панелот „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“, на кој во организација Фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје, ќе говорат претставници на социјалисти од регионот. На негово место, како што соопштија организаторите, ќе присуствува министерот за култра и спорт Хајрула …

Курти нема да присуствува на панелот на „Фридрих Еберт“, наместо него доаѓа Хајрула Чеку Read More »

Почина Роберт Бадентер, човекот кој се залагаше Македонија да биде меѓународно призната


  На 95-годишна возраст денеска почина францускиот адвокат и политичар Роберт Бадентер, поранешен министер за правда, кој беше претседател на арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, јавија француските медиуми. Бадентер – правник, професор по право на Сорбона и претседател на францускиот Уставен совет – во времето на распадот на Југославија беше …

Почина Роберт Бадентер, човекот кој се залагаше Македонија да биде меѓународно призната Read More »

АД ЕСМ им оддаде почит на загинатите градители на ХЕС „Маврово“


Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите и едноминутно молчење, делегација на АД ЕСМ, Подружница ХЕС „Маврово“, им оддаде почит на загинатите, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово. Денес се одбележаа 68 години од мавровската снежна трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки …

АД ЕСМ им оддаде почит на загинатите градители на ХЕС „Маврово“ Read More »

Бектеши бара да се репреговара една од трите стратешки енергетски инвестиции


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска јавно побара повторно да се преговара една од трите стратешки инвестиции во областа за енергетиката, кои се во собраниска процедура и се поднесени за донесување по скратена постапка. Бектеши не прецизира за која стратешка инвестиција станува збор, но рече дека забелешките се однесуваат на доделување два или три …

Бектеши бара да се репреговара една од трите стратешки енергетски инвестиции Read More »

Дачиќ: ЕУ го зголемува притисокот врз Србија со вклучување на Охридскиот договор во преговорите за членство


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Брисел го зголемува притисокот врз Белград со формален предлог деловите од Охридскиот договор, со кои Србија не се согласи, да се вклучат во преговарачката рамка за членство во Европската Uнија, јави дописникот на МИА од Белград. -Има обид преку ЕУ и поглавјето 35 на Србија …

Дачиќ: ЕУ го зголемува притисокот врз Србија со вклучување на Охридскиот договор во преговорите за членство Read More »

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина одлуката за екстрадиција на До Квон и го врати предметот на повторно одлучување


Апелацискиот суд на Црна Гора ја прифати жалбата на бранителите на обвинетиот јужнокорејски државјанин До Квон, осомничен за измама со криптовалути, и ја поништи одлуката на Вишиот суд и предметот го врати на повторно одлучување до првостепениот суд. Апелацискиот суд на Црна Гора соопшти дека одлуката за екстрадиција на До не може да ја донесе …

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина одлуката за екстрадиција на До Квон и го врати предметот на повторно одлучување Read More »

Запленети 185 илјади норвешки круни на Аеродром Скопје


На Аеродромот Скопје царинарниците заплениле 185 илјади норвешки круни кај норвешки државјанин со потекло од Косово, соопшти денеска Царинската управа.  -Запленети се 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба …

Запленети 185 илјади норвешки круни на Аеродром Скопје Read More »

Истражување: Волците од Чернобил се поотпорни кон рак


Дивите волци, кои живеат во опасната зона кај Чернобил, развиле отпорност кон рак и тоа би можело да даде нови сознанија за тоа како да се спречи болеста кај луѓето, посочува ново научно истражување. Кара Лав, биолог од Принстон, Њу Џерси, САД, 10 години ги проучувала сивите волци. Нејзините сознанија откриваат дека кај овие животни …

Истражување: Волците од Чернобил се поотпорни кон рак Read More »

Австријците создаваат најмногу, а Романците најмалку смет во ЕУ


 Во текот на 2022 година во ЕУ се создадени 513 килограми комунален отпад по глава на жител, што е за четири отсто или за 19 килограми помалку во споредба со претходната година, кога количеството на смет пер капита било 532 килограми.  Според податоците на Евростат, количеството на создаден комунален отпад по глава на жител значително …

Австријците создаваат најмногу, а Романците најмалку смет во ЕУ Read More »