Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне …

Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи Read More »

Ден на Европа – чествување на европскиот мир и единство


 На 9 мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.  Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за …

Ден на Европа – чествување на европскиот мир и единство Read More »

ЕК бара информации од Икс за ризикот од користење на вештачката интелигенција


 Европската комисија испрати барање до платформата Икс за повеќе детали за нејзините активности и ресурси за проценката на ризикот од користењето на генеративните алатки на вештачката интелигенција во ЕУ.  Со документот, доставен врз основа на Законот за дигитални услуги, ЕК бара од Икс да обезбеди детални информации и внатрешни документи за проценките на ризикот и …

ЕК бара информации од Икс за ризикот од користење на вештачката интелигенција Read More »

Реал во драматичен натпревар го совлада Баерн и закажа финале против Борусија во Лигата на шампиони


Фудбалерите на Реал Мадрид се вторите финалисти во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен реванш полуфинален натпревар на Сантијаго Бернабеу го совладаа минхенски Баерн со 2-1 и го елиминираа германскиот тим со вкупен резултат 4-3. По минатонеделните 2-2 во Минхен, фудбалерите на Баерн беа на чекор до пласман во финалето, откако Дејвис го донесе …

Реал во драматичен натпревар го совлада Баерн и закажа финале против Борусија во Лигата на шампиони Read More »

За Ковачевски резултатот на СДСМ е поразителен, им честиташе на Силјановска и на Мицкоски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на прес-конференција го призна поразот на претседателските и на парламентарните избори и им честиташе на политичките противници, Гордана Сиљановска-Давкова и на ВМРО–ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за изборниот успех. Тој истовремено најави длабоки и суштински реформи во СДСМ на сите нивоа, кои како што рече, треба …

За Ковачевски резултатот на СДСМ е поразителен, им честиташе на Силјановска и на Мицкоски Read More »

Ова се бесплатни курсеви за вештачка интелигенција. Ги нудат Харвард, Гугл, Мајкрософт…


  Некои од водечките компании како Гугл, Мајкрософт, но и престижни универзитети како Харвард и други, нудат бесплатни курсеви за вештачка интелигенција. Порталот Индекс.хр направи пресек на неколку вакви можности.   1. Гугл курсеви за вештачка интелигенција Компанијата Гугл нуди 5 различни курсеви кои зборуваат за вештачка интелигенција. Можете да ја започнете серијата со Вовед …

Ова се бесплатни курсеви за вештачка интелигенција. Ги нудат Харвард, Гугл, Мајкрософт… Read More »

Замок кој му припаѓал на семејството Ротшилд се продава за 425 милиони евра


Замок од 12 век, кој некогаш им припаѓал на Ротшилдовите, се продава на аукција за неверојатни 425 милиони евра или околу 454 милиони долари. Откако ќе се продаде, замокот и неговите терени би можеле да се трансформираат во нов урбан комплекс веднаш надвор од Париз, изјави за Бизнис инсајдер портпаролот на Игнас Мевисен, агент за …

Замок кој му припаѓал на семејството Ротшилд се продава за 425 милиони евра Read More »

Украина ќе може да повикува во војска и затвореници


Украинскиот парламент денеска гласаше за мерка со која се овозможува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување. Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголем непријател. …

Украина ќе може да повикува во војска и затвореници Read More »

Кои се највредните компании во секоја земја од Југоисточна Азија


Југоисточна Азија се појавува како економска сила во изминатата деценија. Сепак, постојат многу забележливи разлики во големината на најголемите корпорации со јавно тргување во земјите во регионот. Во оваа визуелизација, ја мапираме највредната компанија во секоја земја од Југоисточна Азија, според нивната пазарна капитализација во тековни американски долари од 18 април 2024 година, пишува Вижуалкапиталист. …

Кои се највредните компании во секоја земја од Југоисточна Азија Read More »

САД ги повлекоа лиценците на американските добавувачи на Хуавеи


Американските власти повлекоа повеќе лиценци кои им дозволуваа на компаниите како Интел и Квалком да извезуваат чипови за лаптоп и друга електроника на санкционираниот кинески гигант Хуавеи. Повеќе извори ја потврдија оваа информација за Ројтерс, а еден од нив истакна дека компаниите не биле информирани дека повлекувањето на лиценците и дозволите ќе стапи на сила …

САД ги повлекоа лиценците на американските добавувачи на Хуавеи Read More »

Пред точно 138 години беше послужена првата Кока Кола – и тоа во аптека


На 8-ми мај, сега далечната 1886 година, беше послужена првата Кока-Кола во светот, но не во кафуле, туку во аптеката Џејкобс во Атланта, Џорџија. Тоа беше креација на д-р Џон Пембертон дизајниран во форма на тоник за вообичаени заболувања. Пембертон немаше поим што се подготвува за неговиот производ, компанија и индустрија што ќе прерасне во …

Пред точно 138 години беше послужена првата Кока Кола – и тоа во аптека Read More »

Обновливите извори се одговорни за 30 отсто од светската енергија


Обновливите извори на енергија сега сочинуваат повеќе од 30 отсто од глобалното производство на електрична енергија, според извештајот објавен во средата од тинк-тенк Ember. „Растот на соларната и ветерната енергија го виде светот над 30 проценти од обновливите извори на електрична енергија за прв пат во 2023 година“, се вели во соопштението на Ембер, енергетски …

Обновливите извори се одговорни за 30 отсто од светската енергија Read More »

Зошто Корејците „полудеа“ по златни прачки?


Јужнокорејските продавници имаат во понуда нов популарен предмет – златни прачки. Најголемиот синџир продавници во земјата, CU, соработува со корпорацијата за печатење и безбедност на Кореја (KOMSCO) за да им понуди на клиентите мали прачки од злато – и тие се продаваат „како алва“. Различни златни шипки со големина на нокт со тежина од 0,1 …

Зошто Корејците „полудеа“ по златни прачки? Read More »

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Македонија


 На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината …

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Македонија Read More »

Бафет продаде акции на „Епл“ за 20 милијарди долари


Американскиот холдинг Беркшир Хатавеј објави рекордни 189 милијарди долари во готовина во првиот квартал од оваа година, благодарение на континуираната продажба на нејзините акции, вклучително и на „Епл“ (Apple), која е една од нејзините најголеми позиции. Бројките на холдинг-компанијата, на чело со Ворен Бафет, ги покажуваат тешкотиите на милијардерот и неговиот тим во обидот да …

Бафет продаде акции на „Епл“ за 20 милијарди долари Read More »

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, МВР постапува согласно надлежностите


Денешниот ден, од аспект на безбедносната состојба е стабилен. Министерството за внатрешни работи постапува согласно надлежностите што ги има, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски по гласањето за изборите во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар.  – Согласно информациите што ги имам од утринава, сите избирачки места се стабилни, отворени. Граѓаните …

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, МВР постапува согласно надлежностите Read More »

Познати се полуфиналните пресметки во ракометната лига на шампиони


Европската ракометна федерација (ЕХФ) со жрепка во вторникот вечер ги одреди полуфиналните дуели во Лигата на шампиони во машка и женска конкуренција. Машкиот фајнлфор ќе се одржи во Келн во „Ланкснес арената“ на 8 и 9 јуни, а завршниот турнир во женска конкуренција ќе биде една недела претходно во Будимпешта. Германски Кил ќе игра против …

Познати се полуфиналните пресметки во ракометната лига на шампиони Read More »

Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови


Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство во 2025. Дуелот е закажан со почеток во 20 часот по македонско време во салата Холин а Халси во која избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчера го одржаа официјалниот тренинг. Реваншот …

Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови Read More »

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација


Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација. Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече …

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација Read More »

Почина главниот пропагандист на севернокорејскиот режим


Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. „Почина од старост и оштетување на органите, за што се лекуваше од 2022 година“, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-Би-Си. Ким Ки-нам беше водечки пропагандист на Северна Кореја со децении, служејќи му на владејачкото семејство долго време, каде што придонесе за …

Почина главниот пропагандист на севернокорејскиот режим Read More »