Далас избори конференциско финале, Лука Дончиќ со трипл-дабл


Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. Маверикс ја добија серијата со 4:2. Гостите во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка. Најдобар играч во победничкиот …

Далас избори конференциско финале, Лука Дончиќ со трипл-дабл Read More »

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје


Елегантни моторџии облечени во палто, елек и вратоврска денеска по деветти пат како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ ќе дефилираат низ скопските улици со цел да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата.  Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и …

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје Read More »

Денеска се одбележува 19 Мај – Светскиот ден на семејниот лекар


Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај – Светскиот ден на семејниот лекар. Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите …

Денеска се одбележува 19 Мај – Светскиот ден на семејниот лекар Read More »

Стопанска Триоги триатлон во Скопје, посебен режим на сообраќајот


Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги триатлон што ќе се одржува утре во Скопје. Триатлонот ќе почне во 8.15 часот на базенот „Борис Трајковски“. Сениори, мастерси, јуниори и рекреативци први ќе испливаат 750 метри, ќе возат 20 километри велосипед, по што ќе следува трчањето на пет километри. Пливачкиот сегмент …

Стопанска Триоги триатлон во Скопје, посебен режим на сообраќајот Read More »

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје ќе биде …

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи Read More »

Несреќа во лифт во угостителски објект во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот


Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип. Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип. Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од …

Несреќа во лифт во угостителски објект во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот Read More »

Ако ЕЦБ ги намали каматите, тоа ќе се рефлектира и кај нас, но не со таа динамика како во ЕУ


Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки. Ако Европската централна банка почне да ја намалува каматната стапка тоа ќе има ефект и кај нас, меѓутоа можеби не со таа динамика како во земјите од Европската унија, бидејќи ние имаме повисока стапка на инфлација од нив, сметаат експертите кои денеска присуствуваа на 29. Годишно …

Ако ЕЦБ ги намали каматите, тоа ќе се рефлектира и кај нас, но не со таа динамика како во ЕУ Read More »

Избрана новата Влада на Хрватска


По десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на Андреј Пленковиќ, поранешен и иден премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ). За Владата формирана од ХДЗ со десничарското движење Татковина, а во која нема претставник на српското национално малцинство гласаа 79 пратеници, 61 беа против, а еден воздржан. На денешната седница присуствуваа 141 …

Избрана новата Влада на Хрватска Read More »

Села: Треба да се почитува волјата на народот и за Влада да преговараат мандатар со победник


Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави дека со приговорите до ДИК се прави изборен инженеринг од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Вреди за да се намали бројот на пратеници на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, во која учествува и крилото на партијата АА што тој ја предводи. -Дека се работи за изборен инженеринг, тоа …

Села: Треба да се почитува волјата на народот и за Влада да преговараат мандатар со победник Read More »

Алкалоид го совлада Вардар и се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија


Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако го совладаа Вардар со 25:24 (15-13) во натпревар кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“. Мечот беше неизвесен и никој од двата противници не направи повеќе од 3 гола разлика.   Во последните секунди од регуларниот дел од мечот, при резултат 25:24 Вардар …

Алкалоид го совлада Вардар и се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија Read More »

Во сударот на возови во Белград 13 повредени, причината е човечки фактор


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека причина за судирот на патничкиот и товарниот воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, во кој нема жртви е човечки фактор. Српскиот министер за за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека 13 патници се повредени, од кои четворица се пренесени во Ургентниот центар. „Гарнитурата …

Во сударот на возови во Белград 13 повредени, причината е човечки фактор Read More »

Се судрија два воза во подземен тунел во Белград, има повредени


Во Белград околу 18 часот и 30 минути се судрија патнички и товарен воз, јавуваат српските медиуми. Еден патнички и еден теренски воз се судрија денеска околу 18:30 часот во подземниот тунел меѓу градскиот кварт Вуков споменик и мостот Панчевачки во Белград, пишува Нова.рс. Пожарникарите се на терен, а испратени се и четири екипи за …

Се судрија два воза во подземен тунел во Белград, има повредени Read More »

Рајфајзен банка може да биде отсечена од финансискиот систем на САД бидејќи уште е во Русија


Австриската Рајфајзен банка добила писмено предупредување од Министерството за финансии на САД дека банката може да биде отсечена од американскиот финансиски систем поради тоа што продолжува да работи во Русија, јавија дел од американските медиуми. Од извори во владата се дознава дека писмото, испратено на 6 мај од страна на заменик – министерот за финансии …

Рајфајзен банка може да биде отсечена од финансискиот систем на САД бидејќи уште е во Русија Read More »

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија


Производителот на електрични возила „Тесла“ најави отпуштање на уште околу 600 вработени во своите производствени капацитети и инженерски канцеларии во американската сојузна држава Калифорнија. Си-Ен-Би-Си објави дека компанијата има проблем со намалувањето на побарувачката за електрични возила и зголемената конкуренција, поради што компанијата ќе започне со намалување на бројот на работни места. Последниот бран отпуштања …

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија Read More »

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните


Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата била потенцирана потребата од забрзан економски развој и трансформација на државата, за што претседателот …

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните Read More »

Советот на Европа усвои правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција


Советот на Европа денеска го усвои првиот правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција. Договорот вклучува барања за транспарентност и идентификација на содржината. „Договорот, кој е отворен за потпишување и од неевропските земји, воспоставува правна рамка што се применува во текот на целиот животен циклус на системите за вештачка интелигенција што овие системи можат да …

Советот на Европа усвои правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција Read More »

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023


Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку …

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023 Read More »

„Македонија 2025“ и Стопанската комора со заедничка визија, да имаме посилни бизниси и подобро деловно опкружување


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска, по средбата со раководството на Македонија 2025, уште еднаш повика на обединување меѓу сите релевантни фактори во државата, но и на заедничко, практично делување за економски просперитет. Повторно укажа на потребата од подигнување на степенот на владеењето на правото и на пазарната економија, како и на запирање на …

„Македонија 2025“ и Стопанската комора со заедничка визија, да имаме посилни бизниси и подобро деловно опкружување Read More »

Стопанската комора ќе поддржи ревизија со „Бехтел и Енка“ ако е во интерес на бизнисот, бара континуитет на договорите


Се надевам дека вчерашната изјава на Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко …

Стопанската комора ќе поддржи ревизија со „Бехтел и Енка“ ако е во интерес на бизнисот, бара континуитет на договорите Read More »

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика


Андријана Нелкова – Чучук, член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) е избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association) со мандат од 2024 до 2026 година, информираат од РКЕ. Оттаму додаваат дека регулатори од 47 земји, од …

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика Read More »