Денеска се одбележува 19 Мај – Светскиот ден на семејниот лекар


Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај – Светскиот ден на семејниот лекар.

Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна  медицина ќе даваат совети за здрави животни навики.

Предвидена е и прес-конференција за медиумите.