Без вода дел од Студеничани


Поради уличен дефект, без вода од 07:45 часот се корисниците на дел од Студеничани, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Црната комедија „Бардо Тодор“ ќе се одигра во Битола


По премиерата во општините Могила и Новаци, битолчани вечер „Во паркот кај саатот“, ќе имаат прилика да ја проследат црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, што е изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер – Сашо Миленковски. …

Црната комедија „Бардо Тодор“ ќе се одигра во Битола Read More »

Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија, загина екипажот


Руски бомбардер СУ-34 се урна на Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија руските власти. „Во Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион СУ-34 на руските сили се урна за време на планираниот тренинг лет“, соопшти руското Министерство за одбрана. „Авионот се урна во напуштена област. Загина …

Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија, загина екипажот Read More »

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина, соопшти претседателскиот Кабинет. На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор. …

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин Read More »

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум


Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан. На отворањето на форумот се најавени обраќања на мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, извршниот директор …

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум Read More »

Кушнер во дводневна посета на Косово


Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на ОН во Косово и поранешен шеф на УНМИК Бернар Кушнер денеска и утре ќе го посети Косово, соопшти синоќа француската амбасада во Приштина. Кушнер ќе има средби со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти. На 12 јуни на свечена седница ќе се обрати и во Собранието на …

Кушнер во дводневна посета на Косово Read More »

Промоција на публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование”


Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе ја промовира публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование”.  Од Меѓаши информираат дека модулите за мировно образование се резултат на повеќегодишната работа на организацијата, пред и во рамки на програмата за мировно образование, како дел од заложбите за градење на мирот и ненасилството, како и унапредување …

Промоција на публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование” Read More »

СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа


Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Израел минатата недела го …

СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа Read More »

Панел-дискусија во Скопје за промени во здравството


 Панел-дискусија насловена „Ни „ваши“, ни „наши“ – реформа за поддршка на стручните лекари“, ќе се одржи попладне во „Европска куќа“ во Скопје. Станува збор за настан во рамки на пошироката иницијатива на граѓанската сила „Замисли“ за системски промени во здравството, информираат организаторите преку соопштение до медиумите. Најавено е воведно ообраќања на евроамбасадорот Дејвид Гир. 

Нова влада до 20 јуни, објавени дел од имињата на министрите


Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Вреди и ЗНАМ  се очекува да биде формирана на 19 или 20 јуни, најави Изет Меџити од Вреди, објавувајќи дел од имињата на идните функционери од оваа коалиција. Покрај за поделбата на ресорите во новата влада и имињата на министрите, во фокус на јавноста останува двотретинското мнозинство што за …

Нова влада до 20 јуни, објавени дел од имињата на министрите Read More »

Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, се чека решение за хируршките сали


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство Илир Демири, откако ги прифати пријавите оти се неосновани разрешувањата на директорите на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски и на Клиниката за кардиологија, Марјан Шокаровски.   ДКСК констатираше дека со двете одлуки на Демири, прекршени …

Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, се чека решение за хируршките сали Read More »

Сончево и топло, температура до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во …

Сончево и топло, температура до 39 степени Read More »

Без струја делови од Центар и Карпош


 Без електрична енергија денеска ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & …

Без струја делови од Центар и Карпош Read More »

Украинска армија: Руски воен брод гори во Баренцовото Море


Рускиот воен брод „Адмирал Левченко“ гори во Баренцовото Море откако му се расипал моторот и се запалил, соопшти денеска Дмитро Плетенчук, портпарол на јужните одбранбени сили на украинската војска. Плетенчук на Фејсбук напиша дека бродот со неколку стотици членови на екипажот е во тешка ситуација. Тој додаде дека дефектот на моторот настанал поради санкциите воведени …

Украинска армија: Руски воен брод гори во Баренцовото Море Read More »

Блинкен се сретна со Нетанјаху


Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од тековните напори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа. Беа планирани и разговори со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Утре наутро Блинкен треба да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог. Блинкен претходно денеска …

Блинкен се сретна со Нетанјаху Read More »

Фискалните дефицити на САД и Кина претставуваат значителни глобални ризици, предупредува ММФ


Гита Гопинат, првиот заменик-управен директор на Меѓународниот монетарен фонд, ги повика САД да го намалат растечкиот фискален долг, нагласувајќи дека силниот раст на нивната економија овозможува помали трошоци и повисоки даноци. Гопинат рече дека сега е време развиените земји да „инвестираат во фискална консолидација“ и да го решат прашањето за намалување на долгот на нивоа …

Фискалните дефицити на САД и Кина претставуваат значителни глобални ризици, предупредува ММФ Read More »

ЕВРО2024: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери


Титулата европски фудбалски првак досега ја освоиле десет репрезентации, а најуспешни се Германија и Шпанија со по три европски титули. Шпанија славеше во 1964, 2008 и 2012 година, а покрај трите титули, може да се пофали и дека е единствената што успеала да ја одбрани титулата (2008, 2012). Три европски титули има и Германија (1972, …

ЕВРО2024: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери Read More »

Кит забележан во Јадранско Море, апел до туристите и до локалното население да не му приоѓаат


Претставници на националниот парк Мљет денеска соопштија дека добиле повеќе пријави дека во каналот Мљет меѓу Полач и Трстеник е виден кит. Тие изјавија дека немаат повеќе информации за китот, ниту пак знаат за каков вид се работи. Заедно со објавената фотографија, Националниот парк Мљет упати апел до локалното население и туристите доколку го видат …

Кит забележан во Јадранско Море, апел до туристите и до локалното население да не му приоѓаат Read More »

„Виза“ и „Мастеркард“ завршија на суд поради високи надоместоци


Американските компании за кредитни картички „Виза“ и „Мастеркард“ се соочуваат со колективна тужба од трговци во Британија поради надоместоци за обработка на плаќањата по построга регулаторна контрола и спорови во САД. „Виза“ и „Мастеркард“ долго време доминираа на пазарот за платежни картички, што го привлече вниманието на британските пратеници и предизвика бран барања за построг …

„Виза“ и „Мастеркард“ завршија на суд поради високи надоместоци Read More »

Се зголемува бројот на „зомби“ компании во светот


Анализата на Асошиетед прес покажа дека бројот на јавно тргувани „зомби“ компании – оние кои се толку оптоварени со долгови што се борат да ја платат дури и каматата на нивните заеми – се искачи на речиси 7.000 ширум светот. Таканаречените „зомби“ компании наскоро би можеле да се соочат со „ден на пресметување“, со заеми …

Се зголемува бројот на „зомби“ компании во светот Read More »