Лига на нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома со Словенија


Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации. Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија. Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената „Тодор Проески“, a почетокот е закажан за 20 …

Лига на нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома со Словенија Read More »

Министерот Сали побара продолжување на транзицискиот период за приспособување на јаглеродната граница


Министерот за европски прашања Беким Сали учествуваше на министерски онлајн-состанок посветен на механизмот за приспоосбување на јаглеродната граница (CBAM) организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за овој механизам, кој стапи во сила од 1 јануари годинава.  Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, ја истакна посветеноста на …

Министерот Сали побара продолжување на транзицискиот период за приспособување на јаглеродната граница Read More »

Инфлацијата во јануари била 3,2 отсто на годишно ниво, во однос на декември лани минус 0,7 проценти


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува – 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2 проценти. Цените на мало во јануари годинава, во …

Инфлацијата во јануари била 3,2 отсто на годишно ниво, во однос на декември лани минус 0,7 проценти Read More »

Фиктивни управители на 380 компании во Грција направиле долг од 43 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле добро организирана мрежа со карактеристики на криминална организација што користела 205 лица, во главно странски државјани, како фиктивни управители и одговорни лица на 380 компании, со направени долгови од 43 милиони евра, а уапсени се 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од …

Фиктивни управители на 380 компании во Грција направиле долг од 43 милиони евра Read More »

Новиот Закон за ДДВ ги заглави пратките од странство на Царина, „Пошта“најавува забрзување на царинските формалности


„Пошта на Северна Македонија“ информира дека работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките откога дојде до забавување при обработката и царинските прегледи поради новите обврски со измените на Законот за данокот на додадената вредност (ДДВ). Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, …

Новиот Закон за ДДВ ги заглави пратките од странство на Царина, „Пошта“најавува забрзување на царинските формалности Read More »

Леброн Џејмс го оствари 123.тиот „трипл дабл“ во кариерата


Легендата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс на ноќешниот дуел на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс против Далас го оствари 123.тиот „трипл-дабл“ во кариерата. Тој натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Леброн повеќе од една година немаше „трипл дабл“, последниот му беше на 1.февруари 2025 година.  Џејмс учинокот го постви …

Леброн Џејмс го оствари 123.тиот „трипл дабл“ во кариерата Read More »

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смеат да јаваат магариња на Санторини


Туристите на грчкиот остров Санторини со години јаваат магариња од старото пристаниште до градот Фира, кој се наоѓа на врвот на карпата. Сепак, поради екстремно стрмната рута со камени скали, големиот метеж и зголемените предупредувања од организациите за заштита на животните, локалните власти воведоа построги правила. Сега, секој што сака да јава магаре не смее …

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смеат да јаваат магариња на Санторини Read More »

Гувернерот Славески на конференција во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествува на конференцијата на гувернерите од Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент, соопшти денеска прес-службата на Народната банка.  Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната …

Гувернерот Славески на конференција во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици Read More »

Мицкоски: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД


Објавата на Белата куќа на заедничката изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој на својот фејсбук-профил пишува дека по договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на …

Мицкоски: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД Read More »

Во Нови Сад претставена Стратегијата на Македонскиот национален совет во Србија за периодот 2026-2031 година


Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија синоќа во Нови Сад ја претстави Стратегијата за работа за периодот 2026 – 2031 година – план  за работа за унапредување на културата, образованието, службената употреба на македонскиот јазик и писмо, како и информирање и медиумска видливост. Во исто време таа дава насоки и за зголемена институционална …

Во Нови Сад претставена Стратегијата на Македонскиот национален совет во Србија за периодот 2026-2031 година Read More »

Агенцијата за филм со штанд и светска премиера на македонски филм на Берлинале


Агенцијата за филм и годинава учествува на Европскиот филмски маркет (EFM), што се одржува од 12 до 18 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Претставувањето ќе биде преку промотивен штанд поставен во музејот „Гропиус Бау“, централната локација на индустрискиот сегмент од фестивалот. Македонската делегација на маркетот ќе ги претстави најновите …

Агенцијата за филм со штанд и светска премиера на македонски филм на Берлинале Read More »

Само еден бод за Арсенал на гостувањето кај Брентфорд


Лидерот на Премиер лигата Арсенал освои бод на гостувањето кај Брентфорд откако во последниот дуел од 26.коло синоќа одигра нерешено 1:1. Арсенал по ова коло има четири бодови предност во однос на Манчестер Сити. Гостите поведоа во 61.минута преку Нони Мадуеке, а Брентфорд изедначи десет минути подоцна со голот на Кин Луис-Потер. Арсенал е лидер …

Само еден бод за Арсенал на гостувањето кај Брентфорд Read More »

Главната правничка на Голдман Сакс поднесе оставка поради поврзаност со Епштајн


Банката Голдман Сакс потврди дека нејзината главна правничка, Кетрин Румлер поднела оставка по откритијата дека нејзините врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн биле поблиски отколку што претходно се знаеше. Американската банка потврди за Фајненшл Тајмс и Њујорк Тајмс дека Румлер официјално ќе се повлече од функцијата на 30 јуни. Румлер (54), поранешна федерална обвинителка …

Главната правничка на Голдман Сакс поднесе оставка поради поврзаност со Епштајн Read More »

Зеленски ги повика европските партнери да ја забрзаат помошта за воздушна одбрана


Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од европските партнери да ги забрзаат испораките на ракети за воздушна одбрана по серијата тешки руски воздушни напади. – Ова е клучна задача во моментов, не само за Украина, туку и за сите во Европа – изјави Зеленски во синоќешното видеообраќање. – Русите не смеат да се навикнат да веруваат …

Зеленски ги повика европските партнери да ја забрзаат помошта за воздушна одбрана Read More »

Трамп вели дека непостигнувањето договор ќе биде „многу трауматично“ за Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран на сериозни последици доколку не успее да постигне договор со Соединетите Американски Држави. – Ќе биде многу трауматично за Иран ако не постигнат договор – изјави вчера Трамп во Белата куќа. Тој додаде дека Иран требало да се согласи на договор уште минатата година, кога Вашингтон и Техеран …

Трамп вели дека непостигнувањето договор ќе биде „многу трауматично“ за Иран Read More »

Полувреме од соништата: Атлетико Мадрид ѝ ја наполни мрежата на Барселона


 Екипата на Атлетико Мадрид во првото полуфинале од Кралскиот куп на домашен терен синоќа ја совлада Барселона со 4:0, а сите голови беа постигнати во првиот дел. Атлетико поведе со автоголот на Ерик Гарсија во 6.минута, а во 14.та минута веќе беше 2:0 – стрелец беше Антоан Гризман. Новото засилување на Атлетико Адемола Лукман зголеми …

Полувреме од соништата: Атлетико Мадрид ѝ ја наполни мрежата на Барселона Read More »

Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди за 2025


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска напладне ќе им ги врачи наградите на добитниците чии дела се избрани за најдобри во 2025 годдина, според одлуките на жири-комисиите за секоја од петте годишни награди што ги доделува писателската асоцијација. Како што ДПМ соопшти пред два дена, Оливера Ќорвезироска ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро …

Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди за 2025 Read More »

Рубио вели дека САД се „длабоко поврзани“ со Европа пред конференцијата во Минхен


Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги нагласи блиските врски меѓу САД и Европа пред неговото заминување на Минхенската безбедносна конференција. – Европа ни е важна – изјави Рубио вчера и додаде дека Соединетите Американски Држави се „длабоко поврзани со Европа и нашите иднини отсекогаш биле поврзани и ќе продолжат да бидат“. – Така што, …

Рубио вели дека САД се „длабоко поврзани“ со Европа пред конференцијата во Минхен Read More »

Сообраќајот се одвива во зимски услови, намалена видливост на Плетвар и Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на два планински превои – до 50 метри на Плетвар и до 80 метри на Стража, информираат од диспечерскиот-информативен центар на ЈП „Македонија пат“. Од претпријатието посочуваат дека сите патни правци низ државата се проодни, …

Сообраќајот се одвива во зимски услови, намалена видливост на Плетвар и Стража Read More »

Почнува 62. Минхенска безбедносна конференција


Традиционално, во хотелот „Бајеришер Хоф“ денеска почнува 62. Минхенска безбедносна конференција (MСЦ), на која ќе учествуваат повеќе од 1.000 делегати од над 115 земји, вклучувајќи 60 шефови на држави и влади, 100 министри за надворешни работи и претставници на големи меѓународни организации, меѓу кои се шефовите на ЕУ, НАТО, АСЕАН, ОБСЕ, Светската банка, Светската трговска …

Почнува 62. Минхенска безбедносна конференција Read More »