Во Варшава отворена првата амбуланта за помош при абортус кој во Полска е нелегален


На Меѓународниот ден на жената во Варшава, симболично, во близина на зградата на парламентот и седиштата на главните полски партии, беше отворена првата амбуланта каде што Полјачките можат да извршат абортус во раната бременост, иако во Полска тоа е забрането, освен ако не го загрозува животот и здравјето на трудницата или ако плодот е резултат …

Во Варшава отворена првата амбуланта за помош при абортус кој во Полска е нелегален Read More »

Германските конзервативци и социјалдемократите постигнаа начелен договор за формирање влада


Германските конзервативци предводени од Фридрих Мерц и Социјалдемократската партија (СПД) денеска соопштија дека постигнале начелен договор за формирање влада која планира да инвестира во заживување и превооружување на земјата, најголемата европска економија. – Изготвивме заеднички документ и постигнавме договор за цела низа прашања, изјави идниот конзервативен канцелар Мерц, додавајќи дека партнерите најверојатно следната недела ќе …

Германските конзервативци и социјалдемократите постигнаа начелен договор за формирање влада Read More »

Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи


Општина Кисела Вода ќе биде дел од европскиот проект за жени претприемачи Together for Green Growing (Together4GG), поддржан од EIT Food AMPLE Program 2025. Со тоа се приклучува на Варшава и Мадрид како единствени градови каде ќе се спроведува овој значаен проект, што ја потврдува посветеноста на општината кон економскиот напредок на жените и создавањето …

Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи Read More »

Берлин, Париз, Лондон и Рим го поздравија арапскиот план за обнова на Газа


Германија, Франција, Велика Британија и Италија денеска го поздравија арапскиот план за Газа, кој, како што соопштија во заедничката изјава, претставува реален план за обнова на Газа. – Ако се спроведе, овој план ветува брзо и трајно подобрување на катастрофалните услови за живот на Палестинците кои живеат во Газа, се вели во соопштението на министрите …

Берлин, Париз, Лондон и Рим го поздравија арапскиот план за обнова на Газа Read More »

САД нема да споделуваат податоци за загадениот воздух. Научниците: Тоа е голем удар


Американската влада ќе престане да ги споделува податоците за квалитетот на воздухот собрани од нејзините амбасади и конзулати, предизвикувајќи загриженост кај локалните научници и експерти кои велат дека програмата е клучна за следење на глобалниот квалитет на воздухот и заштита на јавното здравје, пренесува Си-Ен-Ен. Како одговор на барањето на Асошиејтед прес, Стејт департментот пред …

САД нема да споделуваат податоци за загадениот воздух. Научниците: Тоа е голем удар Read More »

НВО: Во Сирија од четвртокот убиени повеќе од 300 цивили


Сириската невладина Опсерваторија за човекови права денеска соопшти дека од четвртокот во Сирија се убиени 300 цивили во судирите меѓу сириските безбедносни сили и сојузничките групи со лојалистите на соборениот претседател Башар ал Асад во западниот дел на земјата. Ова е прво насилство од ваков размер откако бунтовничката коалиција предводена од радикалната исламистичка сунитска група …

НВО: Во Сирија од четвртокот убиени повеќе од 300 цивили Read More »

Жестока кавга меѓу Рубио и Маск во Белата куќа


Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава Њујорк тајмс, повикувајќи се на информиран извор. Инцидентот се случил во Белата куќа за време на состанок посветен на реорганизација на кабинетот на министрите и намалување на државните трошоци. Весникот дознава дека конфликтот почнал кога …

Жестока кавга меѓу Рубио и Маск во Белата куќа Read More »

Празникот на жената се честита, главно, со увезено цвеќе


Празникот на жената, 8- Март се честита, главно, со увезено цвеќе. Се увезува дури и каранфилот кој порано државава го произведуваше и го извезуваше во Холандија. Увезеното цвеќе е од Холандија преку дистрибутери, потврдуваат од цвеќарниците кои велат дека набавните цени се големи и тоа влијае на високите цени во продажбата. Во помалата продажба влијае …

Празникот на жената се честита, главно, со увезено цвеќе Read More »

Владата нема да се меша во изборите и именувањата во правосудството, вели Мицкоски


Владата нема да се меша во какви било избори или именувања и тоа треба да биде порака до сите да си ја работат својата работа и да работат според закон, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Одговарајќи на новинарско прашање во врска со притисоци од ДУИ за уставните судии, пред седницата за албанскиот јазик и вчерашната …

Владата нема да се меша во изборите и именувањата во правосудството, вели Мицкоски Read More »

(Галерија) Не ни требаат рози, туку леб: Марш за женските права


Со повици за родова еднаквост и повеќе права за женската популација, денеска во Скопје се одржа протестен марш по повод 8 Март, Меѓународниот празник на жената. Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост. Оваа година, маршот се одржува …

(Галерија) Не ни требаат рози, туку леб: Марш за женските права Read More »

ОБСЕ: Потребни се поголеми напори за еднакви можности за сите жени и девојки ширум светот


 По повод Меѓународниот ден на жената, лидерите на земјите-членки на ОБСЕ порачаа дека се потребни зголемени напори и ресурси за да се обезбеди родова еднаквост и еднакви можности за сите жени и девојки ширум светот. Како дел од Акцискиот план на ОБСЕ за 2025 година насловен „За сите жени и девојки: Права. Рамноправност. Зајакнување“, претседателството, …

ОБСЕ: Потребни се поголеми напори за еднакви можности за сите жени и девојки ширум светот Read More »

Локализирани два пожари во атарот на каменичките села Саса и Цера


Во период од три дена, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонска Каменица интервенираше на два пријавени пожари. Како што информираа од противпожарната единица, денеска е интервенирано на пожар во село Саса маала Среден рид, а претходно и на пожар во село Цера. -При гаснењето на пожарот кај Саса на лице место беше затекнато лицето кое …

Локализирани два пожари во атарот на каменичките села Саса и Цера Read More »

Мицкоски ќе ја слушал јавноста за паркингот во Клинички центар


Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе за најавите дека албанска компанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје.    – Јас би внимавал со заклучоците и не би се сложил со вас. Јас …

Мицкоски ќе ја слушал јавноста за паркингот во Клинички центар Read More »

Осмомартовски марш на СДСМ во Струмица, Филипче порача дека борбата продолжува додека рамноправноста не стане реалност


Без силни жени немаме силна иднина, тие се движечката сила на нашето општество, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на 10. Осмомартовски марш во Струмица по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот е во организација е Форумот на жени СДСМ, а годинешниот слоган е „Исправени заедно за еднаквост, …

Осмомартовски марш на СДСМ во Струмица, Филипче порача дека борбата продолжува додека рамноправноста не стане реалност Read More »

Во Италија работната сила старее, речиси 10 милиони имаат над 50 години


Работната сила во Италија старее и сега има речиси 10 милиони работници на возраст над 50 години, објави италијанскиот завод за статистика, Истат. Во соопштението се наведува дека во јануари годинава во Италија имало 7,47 милиони работници помлади од 35 години. Италија има најстаро население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, …

Во Италија работната сила старее, речиси 10 милиони имаат над 50 години Read More »

Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната


Војната во Украина следната недела е високо на дипломатската агенда, а се очекуваат неколку разговори на високо ниво, јави Би-Би-Си. На дневниот ред има неколку точки – вклучително и разговори во Саудиска Арабија со цел воспоставување прекин на огнот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека в понеделник ќе отпатува за Саудиска Арабија на разговори со …

Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната Read More »

Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто


Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Индикаторите кои се јавуваат во првата половина година од мандатот на Владата укажуваат дека сме дојдени до состојба „0“, имаме 1,25 милијарди евра странски инвестиции за претходната …

Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто Read More »

Марш за женските права: „Нека јадат ружи!“


Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“. Организаторите повикуваат на женски марш и солидарен женски бојкот за да се …

Марш за женските права: „Нека јадат ружи!“ Read More »

Охриѓанец проголтал бела прашкаста материја за да се спаси од полицијата


Охриѓанец проголтал опаковка со бела прашкаста материја при полициска контрола на неговиот автомобил. Тој бил однесен во болница, каде му била извадена опаковката, по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата. -На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ …

Охриѓанец проголтал бела прашкаста материја за да се спаси од полицијата Read More »

Кина воведе царини за Канада


Кина денеска објави царини за канадски земјоделски и прехранбени производи вредни повеќе од 2,6 милијарди долари, возвраќајќи на давачките наметнати од Отава во октомври и отворајќи нов фронт во трговската војна главно поттикната од царинските закани од американскиот претседател Доналд Трамп. Давачките, објавени од кинеското Министерство за трговија и кои треба да стапат на сила …

Кина воведе царини за Канада Read More »