Бундестагот донесе историска одлука, го отвори патот за значително буџетско задолжување


Во вторникот, Бундестагот гласаше за историски амандман на германскиот Устав, кој овозможува прилагодување на должничката кочница за потребите на одбраната и го отвора патот за значително буџетско задолжување. Реформата ја поддржаа 513 пратеници, надминувајќи го двотретинското мнозинство од 489 гласови, додека 207 пратеници беа против, пишува Билд. И покрај предизвиците, новата коалиција, предводена од лидерот …

Бундестагот донесе историска одлука, го отвори патот за значително буџетско задолжување Read More »

Цените на златото со нов рекорд


Цените на златото достигнаа рекордно високо ниво, а утрово благородниот метал се тргуваше по 3.038,06 долари за унца. Банката на федерални резерви (ФЕД) треба да ја објави својата одлука подоцна денеска и се очекува да ја задржи стапката на федералните фондови непроменета на сегашниот опсег од 4,25% до 4,50%. Затоа, фокусот ќе биде ставен на …

Цените на златото со нов рекорд Read More »

Српскиот парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ


Српскиот парламент денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари. Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада. …

Српскиот парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ Read More »

„Промашување“: Германскиот министер за одбрана за разговорот Трамп-Путин


Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикуваше телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „промашување“. Писториус овие изјави ги даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно голем телефонски повик“, рече Писториус. „Путин игра игра овде и сигурен сум дека …

„Промашување“: Германскиот министер за одбрана за разговорот Трамп-Путин Read More »

Градоначалникот на Истанбул по поништувањето на дипломата и притворот: „Неправдата ќе остане запишана во историјата“


Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кому му е одреден притвор поради истрага за корупција, се огласи додека десетици припадници на специјалната полиција беа распоредени пред неговиот дом. „Со жалење морам да кажам дека мала група луѓе, кои се обидуваат да ја украдат волјата на народот, ја злоупотребуваат полицијата и безбедносните сили за ова незаконско дејствие. …

Градоначалникот на Истанбул по поништувањето на дипломата и притворот: „Неправдата ќе остане запишана во историјата“ Read More »

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој што требаше да трае осум дена


Санита – Сани Вилијамс и Бери – Буч Вилмор официјално се дома. Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата, сношти – на 18 март, по продолжениот деветмесечен престој во Вселената. Нивното патување назад доаѓа откако заедничка екипа на НАСА и „Спејс-Икс“ однесе четворица нови астронаути – две жени од Соединетите Американски Држави, и по еден …

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој што требаше да трае осум дена Read More »

Мексико усвои закон за ненасилна борба со бикови


Пратениците во главниот град на Мексико со големо мнозинство гласаа за забрана на насилството во борбите со бикови, што предизвика гнев кај навивачите и радост на активистите за правата на животните. Законот, одобрен со 61-1 гласови, забранува убивање бикови и употреба на остри предмети кои би можеле да ги повредат животните. Тој, исто така, поставува …

Мексико усвои закон за ненасилна борба со бикови Read More »

Турција по првпат ќе командува со десантните сили на НАТО


Од 1 јули 2025 до 30 јуни 2026 година, Турција по првпат ќе ја преземе командата со десантните сили во рамките на Сојузничките сили за брза реакција на НАТО (ARF), како дел од своите обврски во Алијансата, соопшти турското Министерство за одбрана. Десантните сили на НАТО и нивниот турски еквивалент ќе учествуваат заедно во воената …

Турција по првпат ќе командува со десантните сили на НАТО Read More »

Хутите соопштија дека САД извршиле најмалку десет напади врз цели во Јемен


Најмалку 10 американски напади се извршени во Јемен, вклучително и во провинцијата Саада и Ходеида, објавија рано денеска јеменските Хути. Соединетите Американски Држави започнаа бран напади врз областите на Јемен контролирани од Хутите кои се блиски со Иран, кои минатата недела рекоа дека ги продолжуваат нападите врз бродовите во Црвеното Море за да ги поддржат …

Хутите соопштија дека САД извршиле најмалку десет напади врз цели во Јемен Read More »

Ситуацијата во руската Белгородска област и натаму е тешка, вели гувернерот


Ситуацијата во руската Белгородска област, која се граничи со Украина, останува тешка, изјави гувернерот, еден ден откако Москва соопшти дека нејзините сили спречиле украински единици да ја преминат границата. „Ситуацијата во Краснојарскиот реон останува тешка“, рече гувернерот на југозападната руска Белгородска област во видео објавено на неговиот канал на „Телеграм“. Руското Министерство за одбрана, во …

Ситуацијата во руската Белгородска област и натаму е тешка, вели гувернерот Read More »

ССНМ и ЗНМ: Бараме одговори од МВР и АЦВ зошто новинари беа повикани на разговор без претходно објавена забрана за користење дронови


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бараат објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за цивилно воздухопловство зошто забраната за користење на дронови била објавена откако започнал протестот во Скопје и зошто новинари биле повикани на информативен разговор иако Скопје не е опфатен со …

ССНМ и ЗНМ: Бараме одговори од МВР и АЦВ зошто новинари беа повикани на разговор без претходно објавена забрана за користење дронови Read More »

Приведен градоначалникот на Истанбул


Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации. Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а …

Приведен градоначалникот на Истанбул Read More »

За прв пат, државата Луизијана користи азотен гас за да изврши смртна пресуда


Луизијана употреби азотен гас синоќа за да егзекутира маж осуден за убиство на жена во 1996 година, што претставува прв пат државата да го користи овој метод, изјави адвокатот на осудениот. Џеси Хофман Јуниор (46) е осуден на смрт во државниот затвор во Луизијана, се вели во соопштението на неговата адвокатка Сесилија Капел. Тој беше …

За прв пат, државата Луизијана користи азотен гас за да изврши смртна пресуда Read More »

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани


Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети. – Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и …

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани Read More »

Трамп декласифицираше 80.000 страници документи за атентатот на Џон Кенеди


По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп беа декласифицирани материјалите поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година. -Тоа се многу информации, а вие сами ќе донесете одлука, им рече Трамп на новинарите во понеделникот, велејќи дека ќе бидат објавени 80.000 страници. Трамп потпиша наредба непосредно по преземањето на функцијата во јануари …

Трамп декласифицираше 80.000 страници документи за атентатот на Џон Кенеди Read More »

Зеленски: Руските дронови нападнаа цивилна инфраструктура


Претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија лансирала повеќе од 40 дронови доцна синоќа за да ја нападне цивилната инфраструктура, што, според него, покажува дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин заради мирот. -Токму таквите ноќни напади на Русија ги уништуваат нашите енергетски системи, нашата инфраструктура, нормалниот живот на Украинците, рече Зеленски …

Зеленски: Руските дронови нападнаа цивилна инфраструктура Read More »

Во храмовите на МПЦ-ОА заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените


Во храмовите на Македонската православна црква – ОА денеска и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува  утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по …

Во храмовите на МПЦ-ОА заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените Read More »

Сончево и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и студено време. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб …

Сончево и студено Read More »

Трипартитен социјален самит на ЕУ


Лидерите не институциите на ЕУ и претставници на европските бизнис асоцијации и синдикати денеска во Брисел ќе одржат Трипартитен социјален самит.  Како што соопшти Советот на ЕУ, учесниците на Самитот ќе разговараат за „враќањето на Европа на вистинскиот пат во услови на предизвикувачка геополитичка средина, како атрактивна, конкурентна и инвестициска локација што штити и создава …

Трипартитен социјален самит на ЕУ Read More »

Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина


Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на МИА, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина. Воениот авион од Атина полета околу …

Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина Read More »