Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство


Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 775.397 мегават часови електрична енергија, 43,679 милиони нормални кубни метри природен гас, 334.316 тони јаглен и 82.785 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за …

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство Read More »

Министерот за економија Дурмиши не чувствува одговорност за несреќата во Кочани


  Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, не чувствува одговорност за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и упати одговорноста да се бара кај институциите што се надлежни за спроведување контрола. Според него, Министерството за економија не е надлежно и нема механизам за проверка дали некој има лиценца, а на прашањето за вината кај …

Министерот за економија Дурмиши не чувствува одговорност за несреќата во Кочани Read More »

ЕК изготви листа од 47 стратешки проекти за зајакнување на европските капацитети на суровини


Европската комисија денеска усвои листа од 47 проекти за зајакнување на домашните стратешки капацитети на суровини, што се очекува да го зајакне европскиот синџир на вредност на суровини и да ги диверзифицира изворите на снабдување.  По повод изработката на оваа прва листа на Нови стратешки проекти, како дел од мерките за спроведувањето на Законот за …

ЕК изготви листа од 47 стратешки проекти за зајакнување на европските капацитети на суровини Read More »

Трагедијата во Кочани отвори дискусија во Грција за безбедноста на ноќните клубови и ги зголеми контролите


Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во …

Трагедијата во Кочани отвори дискусија во Грција за безбедноста на ноќните клубови и ги зголеми контролите Read More »

„Ардиан“ го презема „Акуо“, главен играч во обновливите извори на енергија


„Ардиан“, една од водечките светски компании со приватен капитал, објави дека е постигнат договор за преземање на „Акуо“, водечката компанија во производството на енергија специјализирана за обновливите извори на енергија. Основана во 2007 година и поддржана од ICG (Глобален алтернативен менаџер на капитал) од 2022 година, компанијата „Акуо“ стана главен играч во производството на обновлива …

„Ардиан“ го презема „Акуо“, главен играч во обновливите извори на енергија Read More »

Градежниците и урбанистите под лупа: Исконтролирани над 3.100 лиценци, во постапка на одземање се 479


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека од досега исконтролираните над 3.100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица. Оваа листа, како што истакна Николоски, ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување. Тој најави и …

Градежниците и урбанистите под лупа: Исконтролирани над 3.100 лиценци, во постапка на одземање се 479 Read More »

Финансискиот систем е стабилен, оценка на Комитетот за финансиска стабилност


Финансискиот систем и натаму е стабилен, а ризиците се на умерено ниво. Ова е општиот заклучок во Годишниот извештај на Комитетот за финансиска стабилност за 2024 година, којшто Kомитетот го усвои на последната седница. – Во Годишниот извештaј се наведува дека домашниот финансиски систем покажува висока отпорност на шокови и успешно се справува со тековните …

Финансискиот систем е стабилен, оценка на Комитетот за финансиска стабилност Read More »

Владата ќе им даде време на угостителите да ги отстранат недоследностите


  Сопствениците на локалите ќе добијат онолку време колку што им е потребно за да ги исправат недоследностите и во тој период нема да работат. Но, има и државни објекти меѓу оние што не ги исполнуваат потребните услови за работење, а некои од нив се установи за претшколска возраст, пензионерски домови и училишта кои изминатите …

Владата ќе им даде време на угостителите да ги отстранат недоследностите Read More »

Владата ќе го зголемува минималецот за 2.200 денари и ќе изнесува 24.400 денари


  Минималната плата за март оваа година, што ќе се исплатува од април, ќе изнесува околу 24.400 денари, односно за околу 2.200 денари повеќе во однос на досегашната. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по поставување на камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани. Тоа значи дека, …

Владата ќе го зголемува минималецот за 2.200 денари и ќе изнесува 24.400 денари Read More »

Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач


Царинската управа за една недела извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај. Како што соопшти денеска Царинската управа, во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за …

Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач Read More »

Зеленски спие под слика од запалениот Кремљ (Фото)


Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека чува слики над својот кревет на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори. Магазинот Тајм, кој го посети украинскиот претседател во неговата канцеларија, опишува три слики во масло кои висат над креветот. Едната покажува руски воен брод како тоне во Црното Море, другата прикажува украински војници кои се …

Зеленски спие под слика од запалениот Кремљ (Фото) Read More »

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска го отфрли „огромниот притисок“ од Брисел да ѝ се даде на Украина приоритетен пристап во Европската унија (ЕУ), инсистирајќи дека Украина не може да стане членка пред земјите од Западен Балкан. Зборувајќи на конференцијата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Сијарто предупреди дека членството на …

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан Read More »

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трампденеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела. Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА. Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе …

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела Read More »

Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина


– По речиси 14 месеци реконструкција, мостот на реката Вардар (Аксиос) во Грција на автопатот Атина-Солун денеска беше пуштен во употреба, со што ќе се нормализира сообраќајот кај патарината Малгара кусо пред влезот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за мост што е дел од автопатот во правец кон Солун од …

Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина Read More »

Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија


Здравствен работник денеска е изведен пред суд во германскиот град Ахен, во покраината Северна Рајна Вестфалија, под обвинение за убиство на девет пациенти со предозирање со лекови, јави ДПА. Работникот (44), кој ја извршувал функцијата „медицински брат“, е обвинет за девет убиства и 34 обиди за убиство. Се тврди дека злосторствата биле извршени во болница …

Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија Read More »

Нормализиран сообраќајот на патот Дебар – Маврово


Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово е нормализиран, информира АМСМ. Од поголем одрон денеска беше затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвиваше. Се до расчистување на одронот, сообраќајот се одвиваше наизменично по другата коловозна лента.

Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава


Портпаролката на Влада, Венера Љатифи Азизи попладнево на прес-конференција информира дека според последните податоци денеска од болниците ќе бидат испишани 16 пациенти кои се лекувале во земјава и лекувањето ќе го продолжат во домашни услови. Потенцира дека во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат …

Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава Read More »

Извршени 116 надзори, привремена забрана за десет угостителски објекти, 15 не исполнувале услови


Надлежните институции изминатите денови извршиле вкупно 116 вонредни надзори врз основа на законот за угостителска дејност, при што дел од контролираните објекти добиле решенија за приврмена забрана, на едел им се одземени лиценците за работа, а на дел им се издадени прекршочни налози. Ова денес на прес конференција го соопшти владината портпаролка, Марија Митева која …

Извршени 116 надзори, привремена забрана за десет угостителски објекти, 15 не исполнувале услови Read More »

Пакистан се соочува со криза со полиото: Милитантите ја попречуваат вакцинацијата


Вирусот на полио (детска парализа) е откриен во примероци од канализација во најмалку 18 окрузи во Пакистан, соопштија денеска официјални лица, што претставува закана за напорите за искоренување на оваа болест во една од последните жаришта во светот. Дивиот полиовирус тип 1 (WPV1) е пронајден во 18 големи градови, вклучувајќи го Исламабад, изјави портпаролот на …

Пакистан се соочува со криза со полиото: Милитантите ја попречуваат вакцинацијата Read More »

УЈП демантира дека ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, била само казнета


  Управата за јавни приходи денеска демантира дека во декември лани ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, но потврдија дека изрекле казна за сторен прекршок, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Оттаму велат дека за таков прекршок ставиле пломба на друг угостителски објект. Во соопштението до медиумите од УЈП велат дека „поради сензитивноста на случајот, …

УЈП демантира дека ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, била само казнета Read More »