Полицијата одзема „крајслер“, создавал голема бучава


Денеска (30.03.2025) околу 01.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул. ,,Партизански одреди“, било одземенo патничко моторно возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Р. Турција со привремен престој во Скопје, поради создавање голема бучава. На С.Г. му е изречена соодветна …

Полицијата одзема „крајслер“, создавал голема бучава Read More »

Ќе има ли лидерска средба: Никој не вели „не“, но…


Откако деновиве лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави дека ќе иницира лидерска средба на која би станало збор за клучните предизвици со кои што се соочува државата, од лидерите на другите политички партии стигнуваат мешани сигнали. Генерално, никој не ја отфрла однапред најавената иницијатива, но ниту ја прифаќа „на невидено“. Така, денес премиерот Христијан Мицкоски …

Ќе има ли лидерска средба: Никој не вели „не“, но… Read More »

Црвениот крст апелира да се соберат 115 милиони долари за Мјанмар


Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска упати итен апел за собирање на 115 милиони долари за помош на жртвите од разорниот земјотрес во Мјанмар. „За да ја зајакнеме нашата поддршка, упатуваме итен апел за собирање 100 милиони швајцарски франци (115 милиони долари) за помош на 100.000 луѓе (20.000 домаќинства)“, се вели во …

Црвениот крст апелира да се соберат 115 милиони долари за Мјанмар Read More »

Крушево очекува обиколница преку унгарскиот кредит за развој на алтернативниот туризам


Обиколницата на Крушево ќе овозможи градот да биде центар за развој на, главно, авантуристичкиот туризам, по што е најпознат во светот. Тоа е еден од четирите проекти со кои градот бара средства од 1 милион и 130 000 евра од унгарскиот кредит преку Министерството за локална самоуправа за оваа година. Ќе бидат поврзани скијачките терени …

Крушево очекува обиколница преку унгарскиот кредит за развој на алтернативниот туризам Read More »

Јаневска: Училиштата се безбедни, децата се на сигурно


Училиштата се безбедни, децата се на сигурно. Она што треба да го направат е засилено да учат, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа додаде дека според информациите со кои располага завршени се сите безбедносни проверки и во основните и во средните училишта и оти тие покажале дека се безбедни. -Според информациите …

Јаневска: Училиштата се безбедни, децата се на сигурно Read More »

Нетанјаху на 2 април ќе отпатува за Унгарија, и покрај налогот за апсење на МКС


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да отпатува во Унгарија на 2 април, соопшти денеска неговиот кабинет, и покрај налогот за апсење од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради сомневање дека тој е одговорен за злосторствата во Газа. Нетанјаху во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан и други високи унгарски претставници, пред …

Нетанјаху на 2 април ќе отпатува за Унгарија, и покрај налогот за апсење на МКС Read More »

Женски Економски Форум: Финансиски едуцирано население за сопствен, но и за општествен раст и развој


 Потребно е натамошно унапредување на финансиската писменост кај младите преку наставни и воннаставни активности, со цел тие да можат да имаат квалтетен живот, да го планираат сопствениот буџет и финансии и паметно да ги користат средствата со кои располагагаат, сметаат учесниците на денешниот трет Женски Економски Форум што се одржа во Скопје. -Денеска на овој …

Женски Економски Форум: Финансиски едуцирано население за сопствен, но и за општествен раст и развој Read More »

Поради дефект, без вода улиците „Елисие Поповски“, „Козара“ и „Антон Панов“ во Центар


Поради дефект Ф-150мм на улица „Козара“ 29 во населба Центар, денеска од 11:50 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Елисие Поповски“, „Козара“ и „Антон Панов“.  Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Словенецот Домен Превц ја „прелета“ Планица. Погледнете го најдолгиот лет во историјата на ски скоковите


Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во натпреварувањето во ски скокови на скокалницата Планица. Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри. Рекордната должина …

Словенецот Домен Превц ја „прелета“ Планица. Погледнете го најдолгиот лет во историјата на ски скоковите Read More »

Нападната со нож деканката на Филозофскиот факултет во Ниш


Деканката на филозофскиот факултет во Ниш денеска беше повредена во напад на жена со нож и итно префрлена во Ургентниот центар, јави дописникот на МИА. Инцидентот се случил за време на собир на студенти и други граѓани пред протест закажан за напладне во тој град. Засега непозната жена извадила нож и ја повредила во раката …

Нападната со нож деканката на Филозофскиот факултет во Ниш Read More »

Проверете каква порака испраќа денешниот „датум во огледало“


Бројот три во нумерологијата симболизира креативност, изразување, комуникација и оптимизам. Се смета за број на инспирација и внатрешна сила и често се поврзува со уметници, говорници и оние кои имаат посебна дарба да ги изразат своите мисли и чувства. Луѓето родени под влијание на бројот три често се харизматични, духовити и полни со животна енергија. …

Проверете каква порака испраќа денешниот „датум во огледало“ Read More »

До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето


До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 15 литри на метар квадратен, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од УХМР, стабилизирање на …

До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето Read More »

Вучевиќ: Нема преодна влада во Србија


Српскиот премиер во технички мандат, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека очекува наскоро нова влада, наведувајќи дека тоа ќе биде „српска влада и нема да биде преодна влада на Ѓилас, туку на граѓаните на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. Во изјава за белградски медиуми, тој нагласи дека поднел кривична пријава против четворица „студентi кои блокираат …

Вучевиќ: Нема преодна влада во Србија Read More »

Моменти на ужас: Камерите го снимија базенот на врвот на облакодер кога се случи земјотресот


Силниот земјотрес што го погоди Мјанмар беше почувствуван и во Тајланд, а како изгледаше кога удар со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала покажува снимка од камерите кај базените на врвот на облакодерот. Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди центарот на Мјанмар во петокот, беше почувствуван дури …

Моменти на ужас: Камерите го снимија базенот на врвот на облакодер кога се случи земјотресот Read More »

(Видео) Еве како Меси му го посвети својот гол против Филаделфија Унион на Ѓоковиќ


 Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, го посвети својот гол во МЛС мечот против Филаделфија Унион, на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Меси влезе на теренот во 55. минута и постигна гол две минути подоцна. Аргентинецот на 28 март беше присутен на полуфиналниот натпревар меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров (6:2, 6:3) на АТП …

(Видео) Еве како Меси му го посвети својот гол против Филаделфија Унион на Ѓоковиќ Read More »

Поголем број од вработените во Американскиот институт за мир добија отказ преку електронска пошта


Повеќето од вработените во Американскиот институт за мир, тинк-тенк создаден од Конгресот и управуван од Одделот за ефикасност на владата, предводен од Илон Маск, добиле мејлови за нивните масовни отпуштања од работа, јавија светските агенции. Пораките, испратени на лична електронска пошта, бидејќи повеќето вработени веќе го изгубиле пристапот до канцеларискиот систем, почнале да пристигнуваат завчера …

Поголем број од вработените во Американскиот институт за мир добија отказ преку електронска пошта Read More »

Кавадарчанка пријавила физички напад од сограѓанка на фудбалско игралиште


Кавадарчанка пријавила физички напад од сограѓанка на фудбалско игралиште, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  – Вчера во 15:54 часот во ОВР Кавадарци, Б.Ш.(19) од Кавадарци пријавила дека на фудбалското игралиште во село Ваташа, кавадаречко, била физички нападната од 29-годишната Н.П. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, донациите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани


Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во соработка со професорите денеска организираат хуманитарна изложба на кучиња и сите донации ќе бидат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани, јави  МИА од Белград. Хуманитарната изложба трае од 10 до 14 часот. Со прегледи и третмани, сопствениците на кучиња ќе придонесат колку што можат …

Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, донациите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани Read More »

Повторно силен земјотрес во Мјанмар, овој пат 5,1 степен според Рихтер


Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран во Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала бил на 39 километри од Мандалеј на длабочина од десет километри. Мјанмар завчера околу пладне беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер, проследен со бројни последователни потреси, …

Повторно силен земјотрес во Мјанмар, овој пат 5,1 степен според Рихтер Read More »

Јужна Кореја, Кина и Јапонија се договорија за унапредување на регионалната трговија


Јужна Кореја, Кина и Јапонија денеска во Сеул одржаа заеднички состанок за економски прашања, прв пат во последните пет години, во обид да ја унапредат регионалната трговија, додека се соочуваат со царини од американскиот претседател Доналд Трамп. Министрите за трговија на трите земји се согласија тесно да соработуваат со цел постигнување договор за слободна трговија …

Јужна Кореја, Кина и Јапонија се договорија за унапредување на регионалната трговија Read More »