МОН: Доделени 54 милиони денари за научно-истражувачки проекти на јавните научни и високообразовни установи
Преку два јавни повика, Министерството за образование и наука распредели над 54 милиони денари на јавните научни установи за реализација на научно-истражувачки проекти, како и на високообразовните установи кои во соработка со бизнис заедницата спроведуваат проекти од посебен научен и јавен интерес што се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. …