Од 1 октомври, минималецот во Србија ќе биде 337 динари по работен час


Минималната цена на трудот во Србија од 1 октомври ќе изнесува 337 динари по работен час, нето, според Одлуката на Социјалниот и економски совет, објавена во Службен весник. Во моментов, минималната плата во Србија се пресметува врз основа на вредноста на еден час работа од 308 динари. Колку изнесува месечната минимална плата зависи од бројот …

Од 1 октомври, минималецот во Србија ќе биде 337 динари по работен час Read More »

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре свика втора седница на Советот за безбедност


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре напладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, …

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре свика втора седница на Советот за безбедност Read More »

Трампизација на Европа


ПАРИЗ –На Виктор Орбан, пријател на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, може да му се забележи за многу работи. Но, унгарскиот премиер не греши кога истакнува дека штотуку бевме сведоци како Трамп „ја јаде [претседателката на Европската комисија] Урсула фон дер Лајен за појадок“. На крајот на краиштата, нацрт-трговскиот договор што …

Трампизација на Европа Read More »

Навратилова: Радукану треба да ја преземе контролата врз својот живот, да се погрижи самата да одлучува


Мартина Навратилова зборуваше за честите тренерски промени на британската тенисерка Ема Радукану.  – Треба да се посветите на една личност најмалку една година. Ако ја пронајдете вистинската личност, која имате храброст да ја запознаете и разберете што може да даде во вашата игра, тогаш треба да се посветите на неа и да работите. Во исто …

Навратилова: Радукану треба да ја преземе контролата врз својот живот, да се погрижи самата да одлучува Read More »

МЕПСО: Пристигна новиот 400/110 киловолтен трансформатор во ТС Дуброво


Во Трансформаторската станица (ТС) Дуброво денеска беше успешно испорачан новиот 400/110 киловолтниот трансформатор. Овој капитален проект е дел од пошироката програма за модернизација, зајакнување и развој на електроенергетската инфраструктура на АД МЕПСО. Новиот уред, како што велат од енергетската компанија, значително ќе придонесе кон постабилно и поефикасно снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанските …

МЕПСО: Пристигна новиот 400/110 киловолтен трансформатор во ТС Дуброво Read More »

„Глеј“ и М6 Едукативниот центар влегуваат во стратешко партнерство за дигитална продукција и корпоративна едукација


Компанијата СВОДМАСТЕР АД Скопје, сопственик на првата националната стриминг – платформа „Глеј“ и М6 Едукативен центар објавија стратешко партнерство преку потпишување Меморандум за разбирање, означувајќи ново поглавје во дигиталната и едукативна трансформација на бизнисот во Македонија. Со оваа соработка, „Глеј“ официјално станува дел од семејството на М6 Едукативен центар, приклучувајќи се на заедница од над …

„Глеј“ и М6 Едукативниот центар влегуваат во стратешко партнерство за дигитална продукција и корпоративна едукација Read More »

Минималната плата кај нас била подобра од онаа во Португалија, Грција, Србија…, вели Мицкоски


Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта,  Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија,… Ова не го велиме ние, туку „Фајненс тинк“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски истакна дека земјава е некаде на средината ако се земат …

Минималната плата кај нас била подобра од онаа во Португалија, Грција, Србија…, вели Мицкоски Read More »

ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар


Во вториот квартал од 2025 година, светските нафтени пазари останаа нестабилни, погодени од геополитичките тензии, прилагодувањата на производството на ОПЕК+ и умерен раст на побарувачката. Цената на Брент суровата нафтата накратко надмина 73 долари за барел по израелските напади врз иранската инфраструктура, додека стравувањата од прекини во Ормутскиот теснец создадоа нови ризици околу снабдувањето. Истовремено, …

ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар Read More »

Владата ќе прави економски зони за производство на оружје и воена опрема


Владата ќе развива нов модел на привлекување странски директни инвестици со кој што ќе се обиде да доведе во земјава компании од воената индустрија. Ова денес во Собранието го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговарајќи на пратеничко прашање за странските директни инвестиции рече дека такво нешто веќе се разгледува од страна на Владата. Одговарајќи на …

Владата ќе прави економски зони за производство на оружје и воена опрема Read More »

Пресвртот на Трамп кај царините предизвика колапс на рекордната трговија со бакар


Пазарот на бакар се соочи со најдраматичните потреси оваа година откако американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го ослободи рафинираниот бакар од новите царини од 50 проценти, со што ги намали цените на металот во Америка и ги загрози трговските позиции што глобалните трговци ги градеа со месеци. Цените на бакарот на берзата во Њујорк Comex …

Пресвртот на Трамп кај царините предизвика колапс на рекордната трговија со бакар Read More »

ФЕД не ги намали каматите и покрај притисокот на Трамп, но поделбите се поочигледни


Федералниот комитет за отворен пазар, групата што ја одредува каматната стапка преку ноќ, гласаше со 9-2 за да ја остави непроменета. Стапката на федералните фондови ќе продолжи да биде помеѓу 4,25% и 4,5%. Ова ниво одредува колку банките наплаќаат едни од други за кредитирање преку ноќ, но влијае на голем број други каматни стапки во …

ФЕД не ги намали каматите и покрај притисокот на Трамп, но поделбите се поочигледни Read More »

Прва средба на гувернерот Славески со ИФЦ – соработка за унапредување на дигиталните финансии и финансиската вклученост


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ја оствари својата прва средба со претставникот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во земјава, Висар Перани. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу Народната банка и ИФЦ во повеќе области, вклучително и во рамките на проектот на ИФЦ насочен кон унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување …

Прва средба на гувернерот Славески со ИФЦ – соработка за унапредување на дигиталните финансии и финансиската вклученост Read More »

Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде тежок поради плановите за признавање на палестинската држава


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе биде тешко да се постигне трговски договор со Канада откако канадскиот премиер Марк Карни најави дека неговата земја планира да ја признае палестинската држава. Претходно, Карни изјави дека Канада има намера да признае палестинска држава на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Канадскиот …

Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде тежок поради плановите за признавање на палестинската држава Read More »

За ранливите потрошувачи на енергија обезбедени 42,3 милиони денари финансиска помош


Владата донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, во насока на унапредување на енергетската заштита и поддршка на граѓаните кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици. Со Програмата се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани, соопшти денеска Министерството за …

За ранливите потрошувачи на енергија обезбедени 42,3 милиони денари финансиска помош Read More »

Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. – Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. …

Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн Read More »

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие


Првото полугодие од 2025 година Реплек АД го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22%, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90% во однос на истиот период од минатата година. Фармацијата останува …

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие Read More »

На 120 години од смртта на војводата Александар Турунџев ќе биде поставен споменикот во Битола


БИТОЛА – Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за поставување на споменикот на војводата Александар Турунџев. Локацијата е во непосредна близина на Ат-Пазар, местото каде е погубен Турунџев пред 120 години. На новоизградениот кружен тек, деновиве е поставен постаментот, а на 30 август свечено ќе биде откриен и споменикот на војводата Турунџев. Споменикот …

На 120 години од смртта на војводата Александар Турунџев ќе биде поставен споменикот во Битола Read More »

Пораст на процентот на туристи од Франција, Германија и Велика Британија, најбројни и натаму туристите од Турција


Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од Франција, Германија и Велика Британија, соопшти Министерството за култура и туризам кое ги анализирало најновите податоци за движењето на странските туристи во државава за првите пет месеци од 2025 во однос на истиот период во 2024 …

Пораст на процентот на туристи од Франција, Германија и Велика Британија, најбројни и натаму туристите од Турција Read More »

Дванаесет грчки плажи останаа без „Сино знаме“


Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради лошата организација, додека пак квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната …

Дванаесет грчки плажи останаа без „Сино знаме“ Read More »

Шкендија победи во Букурешт, оди во следната рунда од ЛШ


Тетовска Шкендија вечерва оствари победа од 2:1 на гостувањето во Букурешт против екипата на ФЦСБ во реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак така со вкупни 3:1 го елиминира шампионот на Романија и избори нови два натпревара во најквалитетното натпреварување.  Романската екипа поведе во 28.минута со голот на Јури Цисоти, …

Шкендија победи во Букурешт, оди во следната рунда од ЛШ Read More »