Нов пожар кај тетовско Желино


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино. Повеќе информации се најавуваат за подоцна.  Претходно, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на територија на државата нема активни пожари.

ФЕД најверојатно ќе ги намали каматите во септември


Централната банка на САД ја остави референтната каматна стапка на ФЕД непроменета во опсег од 4,25 до 4,50 проценти по петти последователен состанок. Трамп сè повеќе бара пониски каматни стапки, но гувернерот Џером Пауел сака да почека да види какво влијание ќе имаат тарифите врз инфлацијата. По објавувањето во петокот за перформансите на американскиот пазар …

ФЕД најверојатно ќе ги намали каматите во септември Read More »

На ГП „Табановце“ влегле над 133 илјади граѓани, на ГП „Богородица“ излегле скоро 38.000 патници


Екот на туристичката сезона, празничниот викенд, враќањето на македонските граѓани кои работат во западноевропските држави, ги покажуваат и денешните податоци од Министерството за внатрешни работи за влез и излез од државата. На најфреквентниот граничен премин „Табановце во државата од 1 август до денеска до 10 часот вкупно влегле 133.165 граѓани, во истиот период излегле 73.640 …

На ГП „Табановце“ влегле над 133 илјади граѓани, на ГП „Богородица“ излегле скоро 38.000 патници Read More »

Антикорупциските агенции во Украина открија измама при купување дронови


Украинските антикорупциски агенции открија голема шема за примање мито и купување оружје по претерани цени во земјата, соопштија тие. Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) вчера на социјалните медиуми објавија дека осомничените примиле мито во корупциска шема во која дронови и друга воена опрема биле купени …

Антикорупциските агенции во Украина открија измама при купување дронови Read More »

Притвор до 30 дена за поранешни министри во Србија заради натстрешницата во Нови Сад


Вишиот суд во Белград одреди 30-дневен притвор на 13 осомничени, меѓу кои и поранешните министри Горан Весиќ и Томислав Момировиќ како дел од истрагата поврзана со реконструкцијата на железничката линија Нови Сад – државна граница (Келебија) и реконструкција и модернизација на железничката станица во Нови Сад. Томислав Момировиќ и уште 11 осомничени беа сослушани пред …

Притвор до 30 дена за поранешни министри во Србија заради натстрешницата во Нови Сад Read More »

Има ли „Алказар енерџи“ одобрение за градба, прашува СДСМ


Наместо да се искористи за стабилизирање на енергетскиот систем и поевтина струја за граѓаните и компаниите, македонскиот ветер ќе полни приватни џебови, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ од прес-конференција на потпретседателот на партијата, Методија Илиевски.  Според СДСМ, Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од …

Има ли „Алказар енерџи“ одобрение за градба, прашува СДСМ Read More »

Делови на Австралија затрупани со снег


Неколку градови во источна Австралија беа покриени со најголеми снежни врнежи во последните децении, додека силна бура го зафати регионот овој викенд, предизвикувајќи поплави, затворање на патишта и прекини во снабдувањето со електрична енергија за илјадници домови, соопштија властите. Вчера во некои области беа прогнозирани околу 50 сантиметри снег, додека во други беа прогнозирани повеќе …

Делови на Австралија затрупани со снег Read More »

Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим


Повеќе од еден милион луѓе се собраа денеска во Рим на миса на отворено што ја служи папата Лав Четиринаесетти, со која завршува Јубилејот на младите, објави Ватикан. Мисата се одржува на огромен отворен простор на периферијата на градот, по големото бдение одржано синоќа, каде што, според организаторите, имало 800.000 луѓе. Ватикан објави дека бројот …

Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим Read More »

Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра


Во последните години, Албанија стана интересен пазар за купување недвижности од страна на странци, особено на крајбрежјето, каде што цените се сè уште пониски во споредба со другите земји во регионот, како што се Хрватска или Црна Гора. „Според податоците од Централна банка на Албанија, која ги пресметува овие текови како странски директни инвестиции во …

Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра Read More »

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце


Поради летните одмори на граничните премини со Србија и Грција се забележува зголемена фреквенција на возила. Авто мото сојузот на Македонија информира дека времето на чекање за влез во земјава на Табановце е околу 40 минути, а на Богородица и Дојран околу еден час.  Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини нема подолги задржувања …

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце Read More »

Заминуваат словенечкиот и чешкиот пожарникарски тим, изгаснати сите пожари


Словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила денеска заминува од земјава, информираше првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. “Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани, а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни …

Заминуваат словенечкиот и чешкиот пожарникарски тим, изгаснати сите пожари Read More »

Гори кај селото Стровија во општина Долнени


Пожарот кај селото Стровија во општина Долнени сеуште е активен, а под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.  Според информациите на ЦУК, на територија на државата до 10 часот евидентирани се 10 пожари на отворен простор. Од нив, изгаснати се осум пожари.

Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море


Кина и Русија денеска започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море. Вежбите „Заедничко Море-2025“ започнаа во водите во близина на руското пристаниште Владивосток, соопшти кинеското Министерство за одбрана. Двете војски ќе спроведуваат операции за спасување на подморници, борба против подморници, воздушна и ракетна одбрана и поморска борба. Четири кинески бродови, вклучувајќи уништувачи со водени ракети, …

Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море Read More »

Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени


Министерот за спорт Борко Ристовски уште еднаш се осврна на неодамна завршениот Европски младински олимписки фестивал и критиките околу организацијата на овој масовен спортски настан во Скопје. Иако Министерството за спорт нема никакви законски мерки ниту можности за да биде организатор на едно вакво натпреварување, туку тоа е Олимпискиот комитет на Македонија кој заедно со …

Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени Read More »

СДСМ бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски


Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил со Младинската олимпијада е најголемиот дебакл во поновата спортска историја на државата. Не е само катастрофалната организација, катастрофални се и резултатите на македонските спортски федерации, кои го одразуваат општото пропаѓање на спортот со оваа Влада …

СДСМ бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски Read More »

Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел


Германскиот град Диселдорф планира да прими деца од Појасот Газа и Израел кои се особено ранливи или трауматизирани, откако слична иницијатива беше објавена од градот Хановер, објави ДПА. Градоначалникот на Диселдорф, Стефан Келер, ја изрази својата поддршка за одлуката на Хановер и рече дека неговиот град има намера да го следи примерот. Градоначалникот, исто така, …

Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел Read More »

Во Битола вечер гостува Армин Ван Бурен, СВР Битола апелира да не се користат возила кон стадионот


На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола вечерва во рамки на културното лето „БитФест“ гостува светски познатата ѕвезда Армdин Ван Бурен. Од СВР Битола во пресрет на вечерашниот и еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на  Битола, упатуваат апел до возачите да не ги користат своите возила.  Во соопштение за јавност, од СВР …

Во Битола вечер гостува Армин Ван Бурен, СВР Битола апелира да не се користат возила кон стадионот Read More »

Производителите на гуми, оружје и на добиточна храна се најмногу погодени од новите царини за Србија


Зголемувањето на американските царини за српски производи од 35 проценти ќе ги погоди најмногу најголемите извозници, а пред се автоматската индустрија, првенствено производителите на гуми, оружје и муниција, како и производители на храна за миленичиња, рече Бојан Станик, помошник директор на Стратешката анализа, Секторот за услуги и Меѓународниот трговски комора. „Влегувањето во сила на новите …

Производителите на гуми, оружје и на добиточна храна се најмногу погодени од новите царини за Србија Read More »

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови


Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди руските Курилски Острови во Тихиот Океан денеска, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот се случил на околу 270 километри од Камчатка, а епицентарот бил на длабочина од 53 километри. Во средата, на 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда …

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови Read More »

Ноќна ерупција: Земјотресот на Камчатка можеби го разбуди вулканот Крашениников по 600 години


Ноќната ерупција на вулканот Крашениников во Камчатка, прва по 600 години, би можела да биде поврзана со огромниот земјотрес што го погоди Далечниот Исток на Русија минатата недела, објавија руската државна новинска агенција РИА и научниците. „Ова е првата историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников по 600 години“, ја цитираше РИА Олга Гирина, раководител на …

Ноќна ерупција: Земјотресот на Камчатка можеби го разбуди вулканот Крашениников по 600 години Read More »