Дубаи пречека 9,88 милиони странски посетители во првата половина од годинава


Сè поголемата понуда на Дубаи како дестинација, водена од влијателни јавно-приватни партнерства, засилени преку стабилна маркетиншка стратегија, доведе до тоа градот да прими 9,88 милиони странски посетители во периодот јануари-јуни 2025 година, објави новинска агенција на Обединети Арапски Емирати. Ова претставува зголемување од шест отсто во споредба со истиот период во 2024 година. Податоците ги …

Дубаи пречека 9,88 милиони странски посетители во првата половина од годинава Read More »

Ќе има училишна кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите


Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените.  Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во …

Ќе има училишна кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите Read More »

Одлични резултати на Комерцијална банка: За шест месеци добивка од 48,1 милиони евра, за 4,1 отсто повеќе од истиот период лани


Водечката банкарска институција во земјава, Комерцијална банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава оствари одлични резултати, продолжувајќи го повеќегодишниот нагорен тренд. Билансот на успех и Билансот на состојба на банката за периодот 01.01. – 30.06.2025 година објавени на Македонската берза, покажуваат дека Комерцијална банка остварила позитивен финансиски резултат односно добивка пред оданочување во …

Одлични резултати на Комерцијална банка: За шест месеци добивка од 48,1 милиони евра, за 4,1 отсто повеќе од истиот период лани Read More »

На браната „Градче“ кај Кочани фатен „Толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми


 Во текот на вчерашниот ден, двајца риболовци од Кочани, од вештачкото езеро „Градче“, извлекоа огромен „Толстолобик“ со должина од 130 сантиметри и тежина од над 50 килограми.  „Толстолобик“ е вообичаен назив кај нас и во источна Европа за сребрен крап (Hypophthalmichthys molitrix) —  слатководна риба од семејството Cyprinidae, позната и како „white carp“ или едноставно „silver …

На браната „Градче“ кај Кочани фатен „Толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми Read More »

Шахистите на Алкалоид водечки по четири кола на државното првенство


Алкалоид е лидер на табелата во двете конкуренции на екипното првенство на Македонија во шах по четири одиграни кола.  На женскиот турнир има шест пријавени екипи и ќе се играат вкупно пет кола според Бергеровиот систем, што значи дека дамите се пред освојување на титулата, но останува последната пречка, секогаш незгодната екипа на ШК Неготино. …

Шахистите на Алкалоид водечки по четири кола на државното првенство Read More »

Кинези го преземаат сопственикот на популарните продавници за електроника „МедиаМаркт“ и „Сатурн“


Се случи едно од најголемите преземања на малопродажни објекти на електроника во Европа. Германската компанија Ceconomy, која ги поседува добро познатите ланци MediaMarkt и Saturn, заврши во рацете на кинескиот малопродажен ланец JD.com. Кинезите ќе платат 7 проценти повеќе од пазарната вредност за секоја акција на Ceconomy, што е околу 4,6 евра. Ceconomy генерира околу …

Кинези го преземаат сопственикот на популарните продавници за електроника „МедиаМаркт“ и „Сатурн“ Read More »

„Тата Моторс“ ќе го купи „Ивеко“ за 3,8 милијарди евра


Индиската „Тата Моторс“ ќе го купи „Ивеко Груп“ во договор вреден 3,8 милијарди евра, соопштија компаниите, откако италијанскиот производител на камиони претходно се согласи да го продаде својот оддел за одбрана на „Леонардо“, пренесе регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. За да го зајакне својот бизнис со комерцијални возила, „Тата“ ќе започне јавна понуда во готово (во …

„Тата Моторс“ ќе го купи „Ивеко“ за 3,8 милијарди евра Read More »

Иран формира Совет за одбрана предводен од претседателот Пезешкијан


Врховниот совет за национална безбедност на Иран вчера го одобри формирањето на Совет за одбрана, чиј претседател ќе биде иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Советот за одбрана ќе биде одговорен за „централизирање на одбранбените планови на земјата и подобрување на капацитетите на иранските вооружени сили“. Советот ќе ги вклучува шефовите на трите гранки на власта, извршната, …

Иран формира Совет за одбрана предводен од претседателот Пезешкијан Read More »

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија


Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, беше награден со престижната награда за најдобра анимација (Best Animation Award) на овогодинешното издание на Ariano International Film Festival, што се одржа во италијанскиот град Аријано Ирпино. -Филмот успеа да нè маѓепса со својата неукротлива креативност, зачудувачки стил и способност да …

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија Read More »

Брод потона на еден од најопасните миграциски патишта во Јемен, најмалку 68 мртви


Најмалку 68 мигранти ги загубија животите кога брод со околу 150 луѓе потона покрај брегот на Јемен вчера поради лошо време, а 74 други се водат како исчезнати, соопштија здравствените власти. -Брод со 154 етиопски мигранти потона рано наутро вчера покрај брегот на јужната јеменска покраина Абјан, изјави Абдусатор Есоев, раководител на Меѓународната организација за …

Брод потона на еден од најопасните миграциски патишта во Јемен, најмалку 68 мртви Read More »

Активни четири пожари, два под контрола


Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка,  Липково, Студеничани и Македонски Брод. Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски …

Активни четири пожари, два под контрола Read More »

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви


Сите петмина заробени работници во рудникот за бакар Ел Тениенте на компанијата „Коделко“ во Чиле се пронајдени мртви, изјави регионалниот обвинител синоќа откако спасувачките екипи исчистија повеќе од 20 метри подземни премини што се урнаа во силен земјотрес минатата недела. Обвинителот Аквилес Кубиљо од регионот О’Хигинс вчера попладне изјави дека е пронајдено телото на петтиот …

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви Read More »

Јужна Кореја започна со демонтирање на звучниците долж границата со Северна Кореја


 Јужна Кореја денеска започна со демонтирање на звучниците за пропагандни емитувања инсталирани по должината на границата со Северна Корејак, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Министерството соопшти дека овој потег е дел од „практични мерки“ за ублажување на тензиите меѓу двете земји без да се влијае на борбената готовност на војската. Во јуни, претседателот Ли …

Јужна Кореја започна со демонтирање на звучниците долж границата со Северна Кореја Read More »

Голем скок на цените на нафтата светските пазари


По дво неделен пад, глобалните цени на нафтата нагло пораснаа минатата недела, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето трговски договори од страна на САД со некои од нивните најважни трговски партнери, и ќе се покачеа уште повеќе доколку ОПЕК+ не ги зголеми своите производствени квоти. Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за …

Голем скок на цените на нафтата светските пазари Read More »

Напад со украински дрон предизвика пожар на железничка станица во регионот Волгоград


Кабел за напојување е оштетен и пожар избувна во зградата на железничката станица во рускиот регион Волгоград по напад со украински дрон, соопшти регионалната администрација. -Дрон се урна на железничките пруги во близина на станицата Арчеда, соопшти администрацијата во соопштение објавено на апликацијата Телеграм. „Нема информации за оштетување на шините“, додаде таа. Неколку возови доцнеле …

Напад со украински дрон предизвика пожар на железничка станица во регионот Волгоград Read More »

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“


Роденденот на годинешното 65 издание на „Охридско лето“ ќе биде прославен со концерт на нашата оперска солистка Ана Дурловски, во пијано придружба на пијанистката Анахит Тер-Татшатјан. Сопранистката Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, …

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“ Read More »

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток


 Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. -Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, …

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток Read More »

Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер


Руски напад уби три лица во регионот Запорожје во југоисточна Украина вчера, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров, додека силите на Москва го продолжија своето бавно напредување по линијата на фронтот од 1.000 километри. Федоров напиша на Телеграм дека трите лица се убиени во напад врз градот Степногирск. Уништени се и приватни домови. Воен портпарол изјави …

Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер Read More »

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната …

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи Read More »

Кобна мототрка: Почина потпретседателот на Адора, Душко Чифлиганец, бизнис заедницата во шок


Почина Душко Чифлиганец, извршен потпретседател во Адора Бизнис Груп и  Коосновач на Prime Capital by Adora, инаку син на познатиот македонски бизнисмен и општественик, Ванчо Чифлиганец. Како што јавија повеќе домашни медиуми, за Чифлиганец кобна била мототрка во Брно, Чешка, на која што се натпреварувал и каде што доживеал несреќа. Бил хоспитализиран, но подоцна им …

Кобна мототрка: Почина потпретседателот на Адора, Душко Чифлиганец, бизнис заедницата во шок Read More »