Просечната плата во август 27.535 денари


Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава изнесува 27.535 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, нето платата бележи раст од 9,6 отсто, што се должи пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 20,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство 16,9 …

Просечната плата во август 27.535 денари Read More »

Скопскиот регион речиси колку сите други заедно според учеството во БДП


Скопскиот регион има најголемо учество во бруто-домашниот производ. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 43 отсто учество во БДП отпаѓа на скопскиот регион, а најмало или 4,9 отсто има североисточниот регион. Вардарскиот има учество од 7,7 осто, источниот 8,2, југозападниот 8,3, југоисточниот 9,4, пелагонискиот 11,2 и полошкиот 7,2 отсто. Поголем бруто-домашен производ по …

Скопскиот регион речиси колку сите други заедно според учеството во БДП Read More »

Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром


Министерствотo за животна средина и просторно планирање информира дека веќе е во тек реализација на три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шестовалентиот хром во Југохром, Јегуновце, и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување. Пречистителната станица за прочистување на загадените води со шестовалентен хром …

Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром Read More »

Светска банка: Рецесијата се продлабочува во Северна Македонија додека КОВИД-19 пандемијата се заканува на економските изгледи


КОВИД-19 пандемијата силно ја погоди Северна Македонија, со ограничување на движењето, нарушени синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба, кои влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност …

Светска банка: Рецесијата се продлабочува во Северна Македонија додека КОВИД-19 пандемијата се заканува на економските изгледи Read More »

Народната банка ќе соработува со ЕЦБ во заштита на евро банкнотите од фалсификување


Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Договорот е потпишан од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, и со него е предвидено ЕЦБ, на барање на Народната банка, да обезбедува технички информации за оригиналните банкноти во евра, како и …

Народната банка ќе соработува со ЕЦБ во заштита на евро банкнотите од фалсификување Read More »

Зимска прогноза на „Акуведер“: Во Европа ќе има повеќе бури – Балканот нема да биде одминат


Светски познатата метеоролошка служба „Акуведер“ (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза за Европа. Веднаш на почетокот на прогнозата, се наведува дека земјите во Европа доживуваат нов бран на коронавирус, што предизвика нови ограничувања кои стапуваат на сила само неколку недели пред почетокот на зимата. „Иако е неизвесно како ќе се развива пандемијата во наредните месеци, тимот …

Зимска прогноза на „Акуведер“: Во Европа ќе има повеќе бури – Балканот нема да биде одминат Read More »

Напредок за едно место на македонската репрезентација на најновата ФИФА рејтинг-листа


Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок за една позиција на ФИФА рејтинг листата објавена денес. „Црвено-жолтите“ изминатиот период имаат победа над Косово и нерешени исходи со Естонија и Грузија, по што се најдоа на 65.место со 1.356 бода. Репрезентацијата на Грузија против која Македонија ќе игра бараж за пласман на Европското првенство се наоѓа на 86.место …

Напредок за едно место на македонската репрезентација на најновата ФИФА рејтинг-листа Read More »

Компанијата Круз најави нов автомобил без волан


Американската компанија Круз објави дека, во соработка со својот мнозински сопственик – корпорацијата Џенерал моторс, ќе побара одобрение од надлежните институции за производство на ограничен број возила без волан и контролни педали. Револуционерно возило на Круз, наречено Ориџин, кое беше прикажано пред јавноста во јануари, нема ни волан, ниту педали, туку само две широки седишта, …

Компанијата Круз најави нов автомобил без волан Read More »

Републиканскиот сенатор Мит Ромни не гласал за Трамп


Сенаторот од Јута, репубиканецот Мит Ромни, не гласал за Доналд Трамп на претседателските избори во САД. На изборите закажани за 3 ноември, во повеќе сојузни држави дозволено е предвремено гласање или гласање по пошта. Во некои држави како Вирџинија, Минесота, Јужна Дакота и Вајоминг, гласањето започна уште на 18 септември. Од кабинетот на сенаторот не …

Републиканскиот сенатор Мит Ромни не гласал за Трамп Read More »

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата


По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата. Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган. По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома. Касиди, Иванишин …

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата Read More »

Помпео: Уште шест кинески медиуми означени како странски мисии


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека Стејт департментот означил уште шест кинески медиуми како странски мисии и објасни дека овој потег има за цел „потиснување на комунистичката пропаганда“. Помпео на прес-конференција рече дека Соединетите Американски Држави утре ќе започнат дијалог за Кина со Европската унија. Тој додаде дека во недела ќе отпатува за …

Помпео: Уште шест кинески медиуми означени како странски мисии Read More »

Пол Мaкартни најави нов албум во декември, „McCartney III“


Aнглија– Познатиот британски музичар Пол Макартни на 11 декември годинава ќе го издаде својот албум „McCartney III“. Се работи за нова колекција песни напишани, отсвирени и продуцирани од поранешниот член на „Битлс“, точно половина век по неговиот прв соло-албум. Новиот албум е издаден од „Капитол рекордс“, а снимен во Сасекс, на југот на Англија. Како …

Пол Мaкартни најави нов албум во декември, „McCartney III“ Read More »

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД


Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека Техеран е одговорен за испраќање заканувачки електронски пораки до демократските гласачи. Директорот на Националната разузнавачка служба Џон Ретклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј на прес-конференција рекоа дека САД ќе одговорат …

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД Read More »

Умерен земјотрес регистриран во близина на Закинтос


Умерен земјотрес синоќа е регистриран во Јонско Море во близина на грчкиот остров Закинтос. Земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 10 километри длабочина, на 76 километри од Закинтос. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Папата Франциско поддржува истополови граѓански партнерски заедници


Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници. Папата Франциско во документарниот филм „Франческо“, што вчера беше премиерно прикажан на фестивал во Рим, истакна дека истополовите двојки треба да имаат можност официјално да регистрираат граѓанска партнерска заедница. – Тие се деца на Бог. Не можете некого да го …

Папата Франциско поддржува истополови граѓански партнерски заедници Read More »

Тесла ги надмина очекувањата за остварување профит


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ изненади со резултатите за третиот квартал оваа година, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, на начин што остварува профит веќе петти последователен квартал. Вредноста на акцијата се искачи за 4,3 проценти по објавувањето на резултатите, на 440,81 долари, објави Сеебиз. „Тесла“ соопшти дека инсталирале оваа година да имаат капацитет …

Тесла ги надмина очекувањата за остварување профит Read More »

Доделување на Наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Наградите од Европска Унија за истражувачко новинарство за 2019 година ќе бидат доделени денеска на церемонија организирана од Самостојниот синдикат на новинaри и медиумски работници. Предвидено е обраќања да имаат евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир и претседателката на жирито за наградата Весна Никодиновска. Квалификувани за наградата беа истражувачките стории објавени од 1 јануари до 31 …

Доделување на Наградите на ЕУ за истражувачко новинарство Read More »

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно-правната комисија. На својата прва седница Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ќе рагелда преставка од граѓанин. …

Седници на три собраниски комисии Read More »

Конференција на министрите од ЕУ и од Западен Балкан за правда и внатрешни работи


Министрите од ЕУ и од Западен Балкан денеска ќе одржат видео конференција за правда и внатрешни работи, најави Брисел. Конференцијата е во организација на германското претседателство со Советот на ЕУ, а покрај министрите, ќе учествуваат и еврокомесарите за проширување, правда и внатрешни работи, Оливер Вархеји, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон. Европската комисија најави дека комесарката …

Конференција на министрите од ЕУ и од Западен Балкан за правда и внатрешни работи Read More »

Вкупно хоспитализирани околу 500 пациенти со КОВИД-19, ќе изддржат ли болниците


Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема пациенти на респиратор, но има петмина во ГОБ „8 Септември“ каде од корона вирусот се лекуваат 47 пациенти. Болничките капацитети забрзано …

Вкупно хоспитализирани околу 500 пациенти со КОВИД-19, ќе изддржат ли болниците Read More »