Регистрирани нови 237 случаи на Ковид-19, осум лица почина и 460 оздравени


Во последните 24 часа се регистрирани 237 новозаразени од Ковид-19 од направени 1.525 тестирања. Оздравени се 460 пациенти, а починале осум лица, информира Министерството за здравство. Новите случаи се во: Скопје-123, Куманово-15,  Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, …

Регистрирани нови 237 случаи на Ковид-19, осум лица почина и 460 оздравени Read More »

Заев: Создаваме услови напролет да направиме рестарт на економијата


Главен таргет на петтиот пакет мерки се најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од нето до бруто плата, од 14.500 до 21.778 денари. Во тек е и анализа за определување на целните групи …

Заев: Создаваме услови напролет да направиме рестарт на економијата Read More »

Германскиот извоз на оружје на Блискиот исток е над милијарда евра


Германската Влада одобрила извоз на оружје во вредност од над милијарда евра во земјите вклучени во конфликтите во Јемен и Либија, јави ДПА. До 17 декември Берлин одобрил продажба на оружје и воена опрема во вредност од 725 милиони евра само на Египет, соопшти Министерството за економија на барање на пратеникот од Бундестагот Омар Нурипур. …

Германскиот извоз на оружје на Блискиот исток е над милијарда евра Read More »

Андов за Данас: Во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости


Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели во интервју за белградски „Данас“ Стојан Андов, првиот претседател на македонското собрание и висок функционер во поранешната Сојузна влада на СФРЈ, јави дописникот на МИА од …

Андов за Данас: Во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости Read More »

Буџетот на институциите e намален, но доволен за натамошни реформи, вели Заев


Владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните. Во нејзината структура сѐ уште се чувствуваат последиците од масовната партизација на институциите што се правеше 11 години до 2017 година и од спроведување на операцијата „заробена држава“. Ова во интервју за МИА го посочи премиерот Зоран Заев, кој говореше за …

Буџетот на институциите e намален, но доволен за натамошни реформи, вели Заев Read More »

Грција во 2020 година: Десет месеци против Ковид-19, тензии со Турција, мигрантска криза…


Пандемијата, тензиите во односите со Турција, мигрантското прашање, прва жена претседател на државата, туризмот во „новата нормалност“, осудените членови на Златна зора за формирање криминална организација, беа главните теми што ја одбележаа 2020 година во Грција. Грција преку два карантина стигна до вакцината и веќе десет месеци е во „војна со невидливиот непријател“, паралелно во …

Грција во 2020 година: Десет месеци против Ковид-19, тензии со Турција, мигрантска криза… Read More »

Заев: Билатералните прашања не треба да бидат пречка за евроинтеграциите, ниту изборите за билатералните процеси


Дијалог, а не конфликт создаваме со Бугарија, смиреност и подготвеност за соработка, наместо национализам за домашна употреба и нови изолации, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА во врска со натамошните чекори за решавање на спорот со соседната земја. Премиерот нагласува дека комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение и додава …

Заев: Билатералните прашања не треба да бидат пречка за евроинтеграциите, ниту изборите за билатералните процеси Read More »

Пандемијата ги преполови странските инвестиции, во Западен Балкан само мал пад


Приливот на странски директни инвестиции во 23 економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа e повеќе од преполовен во првата половина од годинава, но земјите од Западен Балкан имаа многу помал пад, покажа новата анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW). Во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) во првите шест …

Пандемијата ги преполови странските инвестиции, во Западен Балкан само мал пад Read More »

„Дејли мејл“: Лари Кинг хоспитализиран поради коронавирус


Познатиот американски телевизиски новинар Лари Кинг е хоспитализиран откако бил тестиран позитивно на Ковид-19, пишува весникот „Дејли мејл“. Како што објави весникот, 87-годишниот Кинг, кој е познат по интервјуата емитувани на Си Ен Ен, е префрлен в болница откако еден од гостите во неговата емисија бил хоспитализиран во Лос Анџелес.

Голема божиќна пештера го краси центарот на Кичево


Пред големиот христијански празник, Христовото раѓање-Божик центарот на Кичево го краси голема божиќна пештера,изработена од вредните раце на сестрите од манастирот „Света Богородица Пречиста“. Пештерата е поставена веднаш до новогодишната елка, каде всушност беше поставена за првпат и минатата година и веднаш привлече вниманието на сите жители на градот. – Ова божиќна пештера е со …

Голема божиќна пештера го краси центарот на Кичево Read More »

Нови форми на настава – лекција за образованието во 2020-та


Затворањето на училиштата на 11 март и новите услови што ги наметна заразата од коронавирусот покажаа колку е важно образованието да има капацитет да се менува во нови форми, да се приспособува и осовременува. Откако наставата се пресели во дигиталниот простор, покрај за техничката опременост и имањето или немањето ИТ-вештини, се постави и прашањето за …

Нови форми на настава – лекција за образованието во 2020-та Read More »

Од „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“ до Т – предметите на СЈО


Наместо разврска на предметите отворени од Специјалното јавно обвинителство, 2020 година донесе разврска за случајот за злоупотреба на службената должност и овластувања на поранешната прва СЈО Катица Јанева. Пандемијата на КОВИД-19 и новите протоколи за работа во судовите не беа пречка за предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, додека „здружено“ со промената на обвинители, адвокати и …

Од „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“ до Т – предметите на СЈО Read More »

Рама: Најлошото со пандемијата е зад нас


Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека најлошото со пандемијата на коронавирусот веќе поминало. Објавувајќи видео од неколку инвестиции во болници кои ги посетил заедно со министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, Рама е голем оптимист за оваа година. – Верувајте ми, го оставивме најлошото зад нас, го имаме најдоброто пред нас. Албанија се насмевнува, истакна …

Рама: Најлошото со пандемијата е зад нас Read More »

Долга ноќ во Струмица – пожарот во „Глобал“ изгаснат, штетите се огромни


Пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици. Од тоа што може да се забележи на местото на пожарот, изгорени се …

Долга ноќ во Струмица – пожарот во „Глобал“ изгаснат, штетите се огромни Read More »

Повеќе од една петтина од младите не учат, не се вработени и не посетуваат обуки


Младинската невработеност во земјите од Западен Балкан е генерално високa и иако има тренд на намалување, во 2018 година стапката на невработеност во земјава се уште е два пати поголема од просекот во ЕУ, со повеќе од една петтина од младите кои влегуваат во НЕЕТ групата – млади кои не учат, не се вработени и …

Повеќе од една петтина од младите не учат, не се вработени и не посетуваат обуки Read More »

Неверојатна моќ на природата: Видео покажува колку земјотреси ја погодиле областа околу Петриња


Областа околу Петриња во Хрватска изминатите денови беше погодена од стотици земјотреси. Покрај двата најсилни, оној на 28 декември 2020 година во 6 часот и 28 минути со магнитуда М = 5,0 со епицентар кај Петриња и разорниот земјотрес на 29 декември 2020 година во 12 часот и 19 минути со јачина М = 6,2 …

Неверојатна моќ на природата: Видео покажува колку земјотреси ја погодиле областа околу Петриња Read More »

„Тесла“ ги намали цените на автомобилите во Кина


Производителот на автомобили „Тесла“ ги намали цените на своите електрични возила во Кина. Сега треба да се издвојат 339.000 кинески јуани (43.000 евра) за основниот модел Y . Во 2020 година, Тесла редовно се наоѓаше на првото место на месечните графикони за продажба на електрични возила, потпомогнати од лимузините кои излегоа од нејзината фабрика вредна неколку …

„Тесла“ ги намали цените на автомобилите во Кина Read More »

Тутунарите се поделија – едните за протест, други да продолжи откупот на тутунот


На почетокот на новата година има разногласие кај тутунарите како да се реши реалниот откуп на тутунот. Сојузот на тутунски здруженија и Иницијативниот одбор на тутунари пред Нова година излезе со став дека треба да се стопира откупот и да се повлечат поверениците. Остануваат и на ставот за протест во понеделник пред Владата. Од друга …

Тутунарите се поделија – едните за протест, други да продолжи откупот на тутунот Read More »

Анкета: Лапорта главен фаворит за претседател на Барселона


 Жоан Лапорта има најголеми шанси за победа на изборите за претседател на фудбалскиот клуб Барселона, покажуваат резултатите од анкетата на весникот Mundo Deportivo, спроведена на помалку од еден месец до гласањето на 24 јануари. Адвокат по професија, 58-годишниот Лапорта беше на чело на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година, а неговата повторна кандидатура доаѓа, откако …

Анкета: Лапорта главен фаворит за претседател на Барселона Read More »

Граѓаните и компаниите им должат на банките 5,7 милијарди евра, вкупните депозити достигнаа 6,8 милијарди


Граѓаните и компаниите на банките должат 353.345 милиони денари (околу 5,74 милијарди евра). Кредитите на ниво на банкарски сектор заклучно со ноември 2020 година забележале раст од 5,4 отсто. Раст, истовремено бележат и депозитите во банките. Ова во интервју за МИА го соопшти претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева, која вели дека е забележано …

Граѓаните и компаниите им должат на банките 5,7 милијарди евра, вкупните депозити достигнаа 6,8 милијарди Read More »