Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања, а по две седници ќе одржат и Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на седницата на Комисијата за здравство се повеќе закони во прво читање, меѓу кои Предлог закон за изменување на …

Седници на четири собраниски комисии Read More »

Поројни врнежи и ветер од 70 километри на час


Времето денеска ќе биде облачно, со пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Ќе дува и силен ветер од преку 70 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 8 до 15 степени. Како што информира УХМР, претпладне ќе дува умерен до засилен ветер …

Поројни врнежи и ветер од 70 километри на час Read More »

Одложено е примопредавањето на донацијата вакцини од Србија, потребна е дополнителна документација


Заради неопходна дополнителна техничка документација се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Северна Македонија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Примопредавањето на вакцините ќе биде реализирано во наредните денови. Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот …

Одложено е примопредавањето на донацијата вакцини од Србија, потребна е дополнителна документација Read More »

Агенцијата за млади и спорт: Најавеното Изборно собрание на ФФМ е незаконско


Агенцијата за млади и спорт (АМС), го смета претстојното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за незаконско и нема да ги признание одлуките што евентуално ќе бидат донесени. Во својата реакција на вчерашната одлука на ФФМ да закаже претседателски избори за 14 март во Скопје, АМС потенцира дека незаконски се сите одлуки што ФФМ ги …

Агенцијата за млади и спорт: Најавеното Изборно собрание на ФФМ е незаконско Read More »

Шахпаска: Во недела ќе работи само неопходен минимум од дејностите кои се исклучок


Во последната верзија на предлог-законот, опфатени се 34 дејности за кои ќе биде дозволено да работат во недела, тоа се вработени во јавни претпријатија и институции од витално значење. Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, 30 проценти од дејностите ќе бидат исклучок во новото законско решение, но тоа нема да бидат сите …

Шахпаска: Во недела ќе работи само неопходен минимум од дејностите кои се исклучок Read More »

Клоп спречен да присуствува на погребот на својата мајка поради ковид-рестрикциите


Тренерот на англискиот првак Ливерпул, Јирген Клоп, е спречен да присуствува на погребот на својата мајка во германска област Шварцвалд, поради патните рестрикции поврзани со коронавирусот. Германскиот тренер, кој од 2015 година седи на клупата на Ливерпул, изјави денеска за германските медиуми, дека патните ограничувања и правилата за карантин во Велика Британија и Германија, го оневозможиле да …

Клоп спречен да присуствува на погребот на својата мајка поради ковид-рестрикциите Read More »

Судењето за „Титаник“ продолжува на 17 февруари


Жителите од Ресен, со албанско државјанство организирано патувале за Тирана, за да го остварат своето избирачко право. Ова денеска во случајот „Титаник“, го изјави сведокот Алкета Шумкаровска, (од 1995 живее во Македонија) која воедно посочи дека не се сеќава точно кога била во Тирана за да гласи. – Имаше налепници по боровите во село каде …

Судењето за „Титаник“ продолжува на 17 февруари Read More »

Царината и Поштата ќе соработуваат за развој и дигитализација на е-трговијата


Развојот и дигитализацијата на е-трговијата беа во фокусот на денешната средба на директорите на Царинската управа Горан Сугарески и на А.Д. Пошта, Јани Макрадули. Тие разговарале за зајакнување на заедничките активности помеѓу двете институции во насока на подобрување на поштенскиот сообраќај кој има исклучително важна улога во вкупното царинско работење, од причина што покрај испраќањето …

Царината и Поштата ќе соработуваат за развој и дигитализација на е-трговијата Read More »

Досега издадени 61 лиценца за производство на медицински канабис, во постапка на лиценцирање уште 20-тина барања


Досега се издадени  61 лиценца за одгледување медицински канабис. Во постапка на лиценцирање се преку 20, а 10 се во постапка на изградба. Тие што се во постапка на лиценцирање чекаат комисијата да направи контрола по завршувења на објектот и поднесена документација за да може да добијат лиценца, изјави денеска премиерот Зоран Заев. – Ова е …

Досега издадени 61 лиценца за производство на медицински канабис, во постапка на лиценцирање уште 20-тина барања Read More »

(Видео) Полицијата во Атина со солзавец против студентите кои протестираат поради промени во високото образование


Атинската полиција употреби солзавец во обид да ги растера студентите кои протестираат во главниот град на Грција поради нацрт законот за образование, јави дописничката на МИА од Атина. За време на протестот, студентите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на парламентот на плоштадот Синтагма. Студентите фрлаа со Молотови коктели и камења, по …

(Видео) Полицијата во Атина со солзавец против студентите кои протестираат поради промени во високото образование Read More »

Никој во РЕК Битола нема да остане без работа поради енергетската транзиција, вели директорот Ќурчиевски


РЕК Битола нема намера да ја намали динамиката на работа и покрај предвидената енергетска транзиција на комбинатот и замената на јагленот како погонско гориво со обновливи извори на енергија, потврди денеска генералниот директор на комбинатот Златко Ќурчиевски. -Самата постапка на купување на механизација во овој обем каков што соопштивме денеска и предвиденото купување циклична механизација …

Никој во РЕК Битола нема да остане без работа поради енергетската транзиција, вели директорот Ќурчиевски Read More »

РЕК Битола склучи договор за набавка на 36 машини и камиони за ископ на јаглен


РЕК Битола денеска потпиша 16 договори со пет фирми за набавка на 36 машини и камиони,  сопствена опрема за потребите на рудниците за ископ на јаглен за непречено производство на електрична енергија. Вкупната вредност на инвестицијата е 1,080 милијарди денари или 17,55 милиони евра. Од објавените 47 парчиња механизација се набавуваат 36, а за останатите веднаш ќе се …

РЕК Битола склучи договор за набавка на 36 машини и камиони за ископ на јаглен Read More »

ЕК: Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација


Eвропската комисија соопшти дека руската вакцина Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација, ниту пак за нејзино вклучување во стратегијата на ЕУ се дискутира со нејзините производители. Се додава дека рускиот производител Спутник V е во контакт со Европската агенција за лекови во врска со проценката на оваа вакцина. – ЕУ …

ЕК: Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација Read More »

„Хајнекен“ ќе отпушти 8.000 вработени поради пад на профитот


Холандската компанија за производство на пиво „Хајнекен“ денеска соопшти дека планира да отпушти 8.000 вработени, што е речиси 10 проценти од нејзината глобална работна сила, поради падот на профитот и приходите во 2020 година под влијание на пандемијата на Ковид-19. Од Хајнекен посочуваат дека планираните отпуштања се дел од програмата за преструктуирање насочена кон намалување …

„Хајнекен“ ќе отпушти 8.000 вработени поради пад на профитот Read More »

МФ: Со измените за сметководствени услуги нема промени во постапката за признавање квалификација од странство


Предложените измени на Законот за вршење на сметководствени услуги не прават никакви промени на тековниот пазар на сметководствени услуги во земјава, туку само се допрецизира тековното решение во однос на професионалната квалификација стекната во странство, наведува Министерството за финансии во писмената реакција на денешната прес-конференција на Комората на сметководители. Во реакцијата се додава дека не се …

МФ: Со измените за сметководствени услуги нема промени во постапката за признавање квалификација од странство Read More »

Фирмите ќе може да бираат дали ќе бараат помош за плати или бескаматни кредити, вели Заев


Ние сме на крај на димензионирање на петтиот пакет мерки. Секако ги слушаме синдикатите, работниците, работодавачите, коморите, сите партиципиенти од овој процес и ќе носиме конечни одлуки. Конечноста на одлуката веројатно ќе биде сублимат  викендот на којшто ќе работи економскиот тим на Владата за да може да ги даде предлозите официјално и пред јавноста и пред  Владата …

Фирмите ќе може да бираат дали ќе бараат помош за плати или бескаматни кредити, вели Заев Read More »

Заев: Енергетската транзиција веќе се одвива, ќе има економски и еколошки бенефити  


Енергетската транзиција на земјава е процес кој се одвива, а со цел да се обезбеди стабилност на електроенергетскиот систем целиот процес оди постепено. Наша цел е да ја направиме државата една од оние европски земји кој од доминантно застапени фосилни енергенси се пренасочија кон енергетски капацитети кои ќе го користат Сонцето, ветерот, водата и природниот гас, …

Заев: Енергетската транзиција веќе се одвива, ќе има економски и еколошки бенефити   Read More »

Британскиот сој присутен во осум градови во земјава, откриен кај 56 случаи


Во текот на минатата недела до Институтот за јавно здравје се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на „британскиот” сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории, ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ. Како што соопшти Министерството за здравство, од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на SARS-CoV-2. Од овие резултати е забележано …

Британскиот сој присутен во осум градови во земјава, откриен кај 56 случаи Read More »

Заев: Нема предвремени избори


Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. -Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има …

Заев: Нема предвремени избори Read More »

Ердоган: Единствено решение за Кипар е формулата за две држави


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека единствено решение за повеќедеценискиот спор за Кипар е воспоставување на две држави на островот. Тој додаде дека федерализацијата за која се залага Атина нема да биде тема на престојните разговори со посредство на Обединети нации. Лидерите на Грција и на Кипар во понеделникот изјавија дека ќе …

Ердоган: Единствено решение за Кипар е формулата за две држави Read More »