Двојно помалку патници со автобус во четвртиот квартал лани


Во патничкиот патен превоз во последниот квартал лани имало 10.005.000 патници, што е намалување за 51,9 проценти и во однос на истиот период од претходната година. Според видот на превозот, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот превоз  во последниот квартал лани изнесува 22.781.000 и е намален за 53,4 …

Двојно помалку патници со автобус во четвртиот квартал лани Read More »

Одлуката на ЛДП е легитимна, но моментот е несоодветен, вели Заев


Премиерот Зоран Заев чекорот на ЛДП нејзините пратеници да излезат од пратеничката група на СДСМ и делуваат самостојно во Собранието го оцени како легитимен, но, моментот за таквата објава, според него, не е соодветен, пред се поради тврдењата на опозицијата дека власта нема стабилно парламентарно мнозинство. Одлуката за ваков чекор, вели, е донесена уште во …

Одлуката на ЛДП е легитимна, но моментот е несоодветен, вели Заев Read More »

По несреќата во Колорадо, приземјени 128 авиони Боинг 777


Приземјени се околу 128 авиони Боинг 777, кои го користат моторот „Прет енд Витни“ (Pratt & Whitney), истиот како на авионот што не успеа да полета од Денвер, изјави денеска портпаролот на гигантскиот американски производител на авиони. Компанијата вчера препорача сите авиони што користат такви мотори да бидат приземјени додека американските регулатори го испитаат авионот на …

По несреќата во Колорадо, приземјени 128 авиони Боинг 777 Read More »

Здружение на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка: Уставните судии да одлучуваат само по Уставот и законите 


Во пресрет на седницата на Уставниот суд на која како прва точка од дневниот ред e ставена нивната иницијатива за оценка за уставноста и законитоста на член од Законот за банки, Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ ги повикува уставните судии при одлучувањето да се концентрираат само на Уставот …

Здружение на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка: Уставните судии да одлучуваат само по Уставот и законите  Read More »

Минатата година 6.500 албански граѓани побарале азил во земјите на ЕУ


Независно од ограничувањата и тешката година поради пандемијата со Ковид-19, албанските граѓани не се откажале од желбата да ја напуштат земјата и да побараат азил во некоја од земјите членки на ЕУ, иако поради затворањето на границите тој број е помал споредено со претходната. Податоците на Европската канцеларија за азил покажуваат дека минатата година за …

Минатата година 6.500 албански граѓани побарале азил во земјите на ЕУ Read More »

„Тесла“ оствари профит од една милијарда долари од вложувања во биткоин


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ оствари речиси една милијарда долари од вложувања во биткоини, изјави аналитичарот Даниел Ив. Според него, „компанијата би можела од вложувањата во биткоини да заработи повеќе отколку од продажбата на своите електрични возила во цела 2020 година“. На почетокот на овој месец „Тесла“ во поднесокот доставен до Комисијата за хартии …

„Тесла“ оствари профит од една милијарда долари од вложувања во биткоин Read More »

Македонската туристичка берза за дојдовен туризам годинава на интернет платформа


Петтата по ред македонската берза за дојдовен туризам годинава поради здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 ќе се оддржи на интернет платформата mtb.org.mk, на 25-ти и 26 февруари, информираат од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија, кои се воедно и организатори на берзата. На виртуелниот настан може да учествуваат сите тур-оператори/туристички агенции кои работат во доменот …

Македонската туристичка берза за дојдовен туризам годинава на интернет платформа Read More »

Почина Златан Сарачевиќ, легенда на југословенскиот и хрватскиот ракомет


Вчеравечер на 60-годишна возраст во Копривница почина Златан Сарачевиќ. Сарачевиќ е носител на златен медал со Хрватска од Олимиските игри во Атланта 1996 година, а беше дел и од репрезентацијата на поранешна Југославија која го освои третото место на ЛОИ во Сеул 1988 година. Смртта на Сарачевиќ најверојатно е предизвикана од срцев удар. Тој по …

Почина Златан Сарачевиќ, легенда на југословенскиот и хрватскиот ракомет Read More »

Заев во Пробиштип: „Булмак 2016“ е успешна економска приказна


Премиерот Заев ја поздрави работата и заложбите на менаџментот и на сопствениците во компанијата „Булмак 2016“ кои, како што кажа имаа верба и јасна бизнис стратегија – од рудникот „Злетово“ во Пробиштип и од фирма во стечај, за кус временски период да развијат вистинска економска приказна. „Рудникот ‘Злетово’ кој е од суштинско значење за градот …

Заев во Пробиштип: „Булмак 2016“ е успешна економска приказна Read More »

Фаучи: Американците можеби ќе носат маски и во 2022 година


Американскиот имунолог Ентони Фаучи изјави денеска дека е можно Американците да носат заштитни маски и во текот на 2022 година. Тој во интервју за Си Ен Ен истакна дека мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе бидат во голема мерка релаксирани со бројот на вакцинираните лица.

Македонските кошаркари ја совладаа Италија и ги задржаа шансите за пласман на ЕП


Македонската кошаркарска репрезентација попладнево ја победи Италија со 87:78 и ги зачува шансите за пласман на Европското првенство 2022. До првата победа во квалификациите, Македонците дојдоа со извонредна игра во второто полувреме дозволувајќи му на фаворитот да постигне само 26 поени, наспроти уфрлените 46 во кошот на Италијанците. По овој триумф, за да избори учество …

Македонските кошаркари ја совладаа Италија и ги задржаа шансите за пласман на ЕП Read More »

„Таб Мак“ планира годинава да произведе 3 милиони акумулатори, двојно повеќе од лани


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска ја посетија словенечката фабрика „Таб Мак“ за оловно-киселински акумулатори во Пробиштип. Заев истакна дека оваа компанија дури 97 проценти од …

„Таб Мак“ планира годинава да произведе 3 милиони акумулатори, двојно повеќе од лани Read More »

Ќе се набават 100.000 вакцини „Спутник“, најави Заев


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека согласно планот за вакцинација и склучените договори, имаме капацитет за да се набават дополнителни 100.000 вакцини, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација. Потврди дека следните дополнителни вакцини ќе бидат од вакцината „Спутник“. -Во координација со министерот за здравство синоќа добив информација дека имаме капацитет, согласно планот …

Ќе се набават 100.000 вакцини „Спутник“, најави Заев Read More »

Постапката за избор на кандидати за градоначалници во СДСМ почнува во јуни или јули


Поддршката за втор мандат на неколкумина градоначалници е лична, но СДСМ има тела и јасна процедура за избор на кандидите за градоначалници за Локалните избори, кои треба да се одржат наесен, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање  кои други градоначалници ќе се поддржат или нема да се поддржат. Најави …

Постапката за избор на кандидати за градоначалници во СДСМ почнува во јуни или јули Read More »

Швајцарија може да го преиспита договорот со „АстраЗенека“


Швајцарија би можела да се откаже од нарачаната вакцина на АстраЗенека против Ковид-19, но раскинувањето на договорот со таа британско-шведска компанија во моментов не е опција, иако може да се разгледа, објави денеска весникот НЗЗ ам Зонтаг. Швајцарија побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот претходно овој месец пред да ја одобри вакцината, која доби …

Швајцарија може да го преиспита договорот со „АстраЗенека“ Read More »

Вучиќ: Ако Косово мисли дека нема потреба од дијалог, немам проблем со тоа


Србија знае кои се нејзините национални и државни интереси и ќе продолжи да се бори за својот народ, и неговите права, без оглед на тоа што ситуацијата е скоро безнадежна, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето да прокоментира дали Србија има одговор на новите притисоци од Приштина и Вашингтон и најавите за …

Вучиќ: Ако Косово мисли дека нема потреба од дијалог, немам проблем со тоа Read More »

Заев очекува деновиве да се решат административните пречки за исплата на субвенциите


Владата прави напори секогаш да излезе во пресрет на барањата на земјоделци, како што е случајот со оризопроизводителите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се исполнат барањата на кочанските оризопроизводители, кои најавија протести и блокада на патот Штип-Кочани за во вторник, 23 февруари. -Запознаен сум со незадоволството на оризопроизводители. Знам дека …

Заев очекува деновиве да се решат административните пречки за исплата на субвенциите Read More »

НС ГРИТГ и МАКАМТРАНС бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж


Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ и Независниот синдикат на камионски транспортери МАКАМТРАНС бараат  да се обнови постојната листа за работни места за кои се врши пресметка на  работниот стаж со дополнителен стаж на единица  време (година). -Независните синдикати направија список на градежни работници во кои спаѓаат ѕидаротесари, …

НС ГРИТГ и МАКАМТРАНС бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж Read More »

Во поголемите градови во Бугарија ќе има деноноќни пунктови за вакцинација


Од понеделник во Бугарија ќе бидат отворени 24 часа пунктови за вакцинација. Тоа го најави денеска министерот за здравство на Бугарија Костадин Ангелов. – Се зависи од вас. Благодарение на оние кои веруваат во науката има долги редици луѓе. Ќе отвориме деноноќни пунктови за вакцинација во градови во државата, изјави тој. Вакцинацијата во Бугарија се …

Во поголемите градови во Бугарија ќе има деноноќни пунктови за вакцинација Read More »

Дебата: Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик за смртен исход од КОВИД-19


„Eдна третина од пациентите со Ковид 19 имаат нарушена црнодробна функција, а оние кои имаат цироза на црниот дроб за 32 отсто имаат поголеми шанси за смртен исход од вирусот“, истакна д-р Бети Тодоровска од Клиниката за гастроентерохепатологија на редовните онлајн едукации кои секој недела ги организира Лекарската комора на РСМ со цел да се …

Дебата: Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик за смртен исход од КОВИД-19 Read More »