Приносите од американските обврзници навестуваат дека влегуваме во опасни времиња


Во четвртокот, приносот на десетгодишната обврзница во САД, што влијае на сите активности за позајмување (вклучително и хипотеки), се искачи на 1,6 отсто, негативно влијаејќи на ризичните инвестиции. Таквата вредност мнозинството ја очекуваше дури на крајот на годинава, а не на почетокот на 2021. До пред еден месец, профитабилноста беше нешто повеќе од еден процент. …

Приносите од американските обврзници навестуваат дека влегуваме во опасни времиња Read More »

На скопскиот аеродром приведени две лица од В. Британија со фалсификувани негативни ПЦР-тестови


На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 04.30 часот поради приложени фалсификувани негативни ПЦР тестови, од слобода биле лишени В.Б.(37) и Д.Х.(12), двајцата од Велика Британија. МВР денеска информира дека тие биле предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

Германија ќе затвори дел од границата со Франција, Париз преговара


Германија го стави францускиот пограничен департман Мозел во ризичната зона, а Париз се обидува да преговара со Берлин за да го избегне затворањето на границата од понеделник, јави дописникот на МИА од Париз. Во Мозел, јужноафриканската варијанта која се смета за позаразна и поотпорна на вакцините, е присутна кај 60 отсто од случаите. Париз се …

Германија ќе затвори дел од границата со Франција, Париз преговара Read More »

Хрватски фудбалер постигна победнички гол за Бирмингем и го посвети на Ѓорѓе Балашевиќ


Хрватскиот фудбалски репрезентативец Ален Халиловиќ го посвети победничкиот гол на Бирмингем викендов во англиската Чемпионшип лига на неодамна починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Халиловиќ влезе во игра во второто полувреме и во 85. минута беше стрелец на вториот гол во триумфот на неговата екипа над Квинс Парк Ренџерс од 2:1, во рамки на 33. коло во второто по …

Хрватски фудбалер постигна победнички гол за Бирмингем и го посвети на Ѓорѓе Балашевиќ Read More »

На болничко лекување 667 ковид-пациенти, од нив 256 се во Скопје


Вкупно 667 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ државата и има околу 384 празни болнички кревети. На  инфективните оддели во Скопје се хоспитализрани 256, а во ковид-центрите во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 411 пациенти,  соопшти Министерството за здравство.   Во болниците во Битола …

На болничко лекување 667 ковид-пациенти, од нив 256 се во Скопје Read More »

Една година Ковид-19 во Грција: 156 дена карантин, над 180.000 случаи и над 6.000 починати


На 26 февруари 2020 година, шефот на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас, на вонредна прес конференција, го соопшти првиот регистриран случај на Ковид-19 во земјата, а за една година, Грција стигна до нешто помалку од 190.000 заразени и над 6.000 починати, помина низ два карантина, од кои вториот сѐ …

Една година Ковид-19 во Грција: 156 дена карантин, над 180.000 случаи и над 6.000 починати Read More »

Амбасадорот на Холандија Јан Коп: Позицијата на Бугарија е пречка на патот кон ЕУ, но важно е да се продолжи натаму


Јас ја гледам позицијата на Бугарија како пречка на патот кон ЕУ. Но, важното е да не се разочарувате секој пат кога има пречка на патот, продолжете натаму, спроведете ги реформите и ќе ве поздравиме како членка, вели амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во неделното интервју на РСЕ. Прашан дали има ли надеж за Македонија по бугарското вето и …

Амбасадорот на Холандија Јан Коп: Позицијата на Бугарија е пречка на патот кон ЕУ, но важно е да се продолжи натаму Read More »

Бугарија ги врати „зелените коридори“ за масовна вакцинација


Претседателот на Штабот за вакцинација во Бугарија, Красимир Гигов издаде упатства до сите регионални здравствени власти во земјата на местата каде што нема апликанти од приоритетните групи според планот за вакцинација, повторно да бидат отворени т.н. „зелени коридори“ и вакцините да се пренасочат кон луѓето кои сакаат имунизација, објави Бугарската национална телевизија. Како што јави дописникот …

Бугарија ги врати „зелените коридори“ за масовна вакцинација Read More »

Регистрирани 576 лица со ретка болест и повеќе од 60 различни дијагнози


Преваленцата е 3,5 проценти до 5,9 проценти од светската популација, една од најретките е Прогерија, ретка генетска состојба што предизвикува децата брзо да стареат, со преваленца еден на 20 милиони. Во светот, денес има над 300 милиони луѓе кои што имаат некоја од над 6.000-те ретки болести. Во Северна Македонија има 60 дијагнози и регистрирани …

Регистрирани 576 лица со ретка болест и повеќе од 60 различни дијагнози Read More »

Кинескиот фудбалски шампион Џиангсу Сунинг згасна поради финансиски проблеми


Кинескиот фудбал е во шок, откако сопствениците на актуелниот првак Џиангсу Сунинг објавија денеска дека клубот престанува да постои поради финансиски проблеми. Во соопштението се наведува дека сите фудбалски екипи на кинеска територија во сопственост на групацијата „Сунинг“, трговска компанија со седиште во Нанџинг, во чија сопственост е и милански Интер, „од денеска ќе престанат со работа“. Компанијата посочи …

Кинескиот фудбалски шампион Џиангсу Сунинг згасна поради финансиски проблеми Read More »

Во текстилниот сектор лани без работа останале 6.783 лица


Пандемијата скрати 6.783 работни места во текстилниот сектор, покажа анализата на истражувачкиот тим на Здружението за истражување и анализа (ЗМАИ)-Скопје. Податоците покажуваат дека  дека вкупниот број нови невработени лица во 2020 година во однос на 2019 година се зголемил за 128 отсто. -Конкретно, во 2020 година има 6.783 нови невработени лица. За споредба, во 2019 …

Во текстилниот сектор лани без работа останале 6.783 лица Read More »

Љубе Трпески за забраната за делење дивиденди: Раководствата на банките се меѓу „чеканот и наковалната“


Според мене, не е патот да се оди на Уставен суд. На тој начин, само се губи довербата од депозитарите, а за успешно работење на банките, најважна е нивната доверба, затоа треба да се најде заеднички јазик, вели поранешниот гувернер на НБМ, Љубе Трпески. Тој нагласува дека мерката на НБ ги штити оние кои имаат …

Љубе Трпески за забраната за делење дивиденди: Раководствата на банките се меѓу „чеканот и наковалната“ Read More »

Роденденска победа на Дончиќ со Далас


Кошаркарите на Далас ставија крај на победничката серија од осум натпревари на Бруклин, триумфирајќи на гостувањето кај „Нетси“ со 115:98. Најефикасен во победничкиот тим беше Словенецот Лука Дончиќ, кој на својот 22 роденден, постигна 27 поени, додавајќи шест скокови и седум асистенции. – Вечерва игравме тимски. Сите бевме инволвирани и сите  придонесувавме во одбраната и …

Роденденска победа на Дончиќ со Далас Read More »

Британија ќе дели брзи тестови за семејствата со деца кои посетуваат училиште


Министерството за здравство на Велика Британија денеска соопшти дека сите домаќинства со деца кои посетуваат основно или средно училиште еднаш неделно ќе имаат можност да добијат два брзи теста против Ковид-19, со цел да се направат напори учениците можно е поскоро да се вратат на училиште. Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела објави дека е …

Британија ќе дели брзи тестови за семејствата со деца кои посетуваат училиште Read More »

„Туарег“ излета од пат кај Пониква, смртно настрада девојче


Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста Аеродром на Пониква. Патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку …

„Туарег“ излета од пат кај Пониква, смртно настрада девојче Read More »

Папата Францискo ќе го посети Ирак во март, како што е планирано


Посетата на папата Францискo на Ирак нема да биде одложена, иако амбасадорот на Ватикан во Ирак, кој требаше да игра важна улога при неговото доаѓање во земјата најавено за следната недела, е позитивен на коронавирусот. Амбасадорот, надбискупот Митја Лесковар, кој требаше да биде клучна личност за време на посетата на Папата од 5 до 8 …

Папата Францискo ќе го посети Ирак во март, како што е планирано Read More »

Поради случаи на Ковид-19, Бугарија нема да учествува на НАТО-маневрите во Црното Море


Бугарското Министерство за одбрана пред седум дена ги извести НАТО и Генералштабот на Романија дека Бугарија нема да може да учествува во маневрите „Посејдон 21“ поради случаи на коронавирус, објави Бугарската национална телевизија (БНТ). Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија нема да учествува во НАТО-маневрите „Посејдон 21“, кои започнаа во Црното Море, …

Поради случаи на Ковид-19, Бугарија нема да учествува на НАТО-маневрите во Црното Море Read More »

До изборите со Загреб ќе управува заменик-градоначалничката Павичиќ Вукичевиќ


До локалните избори во мај годинава, со Градот Загреб ќе управува Јелена Павичиќ Вукичевиќ (46), заменичка на градоначалникот Милан Бандиќ, кој почина рано утрово од срцев удар. Партијата на трудот и солидарноста на Бандиќ потврди дека Павичиќ Вукичевиќ, долгогодишен соработник на Бандиќ, една од двете заменички на градоначалникот, ќе го преземе управувањето со Градот Загреб …

До изборите со Загреб ќе управува заменик-градоначалничката Павичиќ Вукичевиќ Read More »

 Бајден го поздрави одобрението за вакцината на Џонсон и Џонсон


Американскиот претседател Џо Бајден изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) за вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19. – Гледаме светло на крајот од тунелот, но не смееме да го спуштаме гардот или да претпоставиме дека победата над вирусот е сигурна, порача Бајден. Тој ги повикува …

 Бајден го поздрави одобрението за вакцината на Џонсон и Џонсон Read More »

Романија ја испрати првата донација вакцини на Молдавија


Романија ја испрати својата прва донација вакцини против Ковид-19 од „АстраЗенека“ на соседна Молдавија за да ги заштити лекарите кои работат со заразените, најави премиерот Флорин Кицу. – Романија ги исполнува своите ветувања … Денеска ги испорачуваме првите дози, 21.600 вакцини на „АстраЗенека“. Ова е прва серија од вкупно 200.000 што ги нудиме како хуманитарна …

Романија ја испрати првата донација вакцини на Молдавија Read More »