Регистрирани 29 прекршувања на забраната за движење, 544 санкции за неносење маска


Дваесет и девет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во периодот од 22:00 до 05:00 часот, а 18 од нив биле на територијата на Скопје, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци. …

Регистрирани 29 прекршувања на забраната за движење, 544 санкции за неносење маска Read More »

(Видео) Изјава на министерката за одбрана Шекеринска


Проследете ја изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја посети касарната „Илинден“, каде изврши обиколка на целосно реновираниот објект на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и гарнизонот Скопје. Припадниците на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и на гарнизонот Скопје се сместуваат во комплетно реновиран објект …

(Видео) Изјава на министерката за одбрана Шекеринска Read More »

Во Битола почина Коста Хаџиантоновски творецот на Мал Битолски Монмартр


Утрово во Битола, во 86 година од животот почина Коста Хаџиантоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ и творец на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Богата е професионалната биографија на Хаџиантоновски како познат ликовен педагог, ментор, раководител и организатор на бројни културни манифестации препознатливи во градот, државата и светот. Хаџиантоновски ќе …

Во Битола почина Коста Хаџиантоновски творецот на Мал Битолски Монмартр Read More »

На располагање нови средства за сточарите кои набавиле пчелини матици и чистокрвни свињи во тек на минатата година


Сите сточари кои во период од 1 октоври до 31 декември 2020 година, набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пчелини матици од одобрени одгледувалишта, ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во …

На располагање нови средства за сточарите кои набавиле пчелини матици и чистокрвни свињи во тек на минатата година Read More »

Завршницата на Премиер лигата со публика на стадионите


Последните две кола во англискиот шампионат ќе се играат во присуство на публика, со ограничен капацитет на исполнетост на стадионите до максимум 10.000, најави денеска раководството на Премиер лигата. Доколку нема продолжување на рестрикциите поврзани со коронавирусот, кои се во сила во Велика Британија, клубовите ќе можат да ги отворат стадионите за навивачи од 17 …

Завршницата на Премиер лигата со публика на стадионите Read More »

Стевановиќ: Кога би се однесувале соодветно од продавница до попис нема да имаме никакви проблеми


Почитувањето на мерките е стожерот во спречувањето на ширењето на коронавирусот, вели директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ, која во интервју за МИА, посочи дека сепак зголемениот број на случаи изминатиот период се должи и на британскиот сој, кој полесно се пренесува. Според неа, одговорноста за зголемување на …

Стевановиќ: Кога би се однесувале соодветно од продавница до попис нема да имаме никакви проблеми Read More »

Регистрирани серија земјотреси во Мавровско, тлото не мирува и во Грција, Хрватска…


Ноќеска и утринава беа регистрирани уште неколку земјотреси во регионот на Маврово со јачина од над два до 3,1 степени, откако синоќа нешто по 22 часот се почувствуваа двата најсилни од 4,7 односно 4,2 степени по Рихтер. Како што покажуваaт податоците на специјализираните апликации за земјотреси, тлото во Мавровско се тресеше и во 23:25 часот, …

Регистрирани серија земјотреси во Мавровско, тлото не мирува и во Грција, Хрватска… Read More »

Во британските затвори за една година починале 118 затвореници од Ковид-19


Во британските затвори во текот на изминатата година од последица на коронавирусот починале 118 затвореници, соопшти Министерството за правда. Во соопштението се наведува дека станува збор за периодот од 16 март минатата година до 28 февруари оваа година, а затворениците починале во 54 затвори во Англија и Велс, објави Би Би Си. Од почетокот на …

Во британските затвори за една година починале 118 затвореници од Ковид-19 Read More »

Вардарскиот плански регион се спојува со Југоисточниот во заеднички систем за управување со отпад


Вардарскиот плански регион ќе биде вклучен во Југоисточниот плански регион за заеднички регионален систем за управување со отпад, исклучок се општините Велес,Чашка, Лозово и Свети Николе кои ќе бидат приклучени кон Североисточниот и Источниот плански регион. Владата заедно со Министерството за животна средина работи на подготовките за реализација на еден од најзначајните регонални проекти за …

Вардарскиот плански регион се спојува со Југоисточниот во заеднички систем за управување со отпад Read More »

Прилеп: Архивски досега неоткриени приказни


Како да влегувате во друг свет. Околу вас безброј документи, тапии, фотографии, потврди, преписки. Животот на едно време, историјата на еден народ. Такво е чувството секогаш кога ќе се влезе во Архивот. Прилепскиот, еден од најстарите во земјава, кој лани одбележа 65 години постоење, постојано ја обновува, ја преведува, ја архивира документацијата за животот во овој …

Прилеп: Архивски досега неоткриени приказни Read More »

Вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 надмина 111 илјади, зголемена бројката на приеми во ковид-центрите


Во очекување на стартот на масовната вакцинација на населението во земјава, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, во ковид-центрите на територијата на целата држава се лекувале 937 пациенти со Ковид-19, при што имало околу 260 празни болнички кревети. Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот биле регистрирани 868 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната …

Вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 надмина 111 илјади, зголемена бројката на приеми во ковид-центрите Read More »

Еврокомисијата појасни зошто Северна Македонија не доби пари од Солидарниот фонд, државата не направила доволно расходи


Откако завчера беше објавено дека земјава нема да добие средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ, вчера од Европската комисија за МИА појаснија зошто Северна Македонија е единствена земја што не доби парче од колачот на Солидарниот фонд за пандемијата. Од портпаролската служба …

Еврокомисијата појасни зошто Северна Македонија не доби пари од Солидарниот фонд, државата не направила доволно расходи Read More »

Во Мексико голем број туристи и покрај пандемијата, плажите полни со капачи


За туризмот 2020 беше катастрофална година. Но, една земја успеа да се искачи на скалата на популарност кога станува збор за туристички посети: Мексико го достигна глобалното трето место според бројот на туристи среде пандемија. Авиони од целиот свет на секои пет минути слетуваат и полетуваат од меѓународниот аеродром во Канкун. И така е од средината на декември. …

Во Мексико голем број туристи и покрај пандемијата, плажите полни со капачи Read More »

Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа со слаб дожд, на планините снег


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.  Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а дневната од 10 до 18 …

Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа со слаб дожд, на планините снег Read More »

Во јуни ќе се проценува дали гласањето за локалните избори ќе се спроведе со отпечаток од прст


Мислам дека треба да го тераме овој процес за гласање со отпечаток од прст и да направиме некаде во јуни месец некоја проценка дали реално ќе стасаме, а во секој случај да го реализираме овој дел на законски измени, делот на набавка на софтвери и на опрема, делот на подготовка на системот, но мислам дека …

Во јуни ќе се проценува дали гласањето за локалните избори ќе се спроведе со отпечаток од прст Read More »

Македонците без Стоилов, Данците без Милер


Актуелниот светски првак Данска ќе биде без услугите на левиот бек на Фленсбург; Ласе Милер, за реванш натпреварот против македонската ракометна репрезентација в недела во Алборг, во рамки на четвртото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Како што соопшти вечерва Данската ракометна федерација, 24-годишниот Милер ќе го пропушти мечот поради повреда на коленото. …

Македонците без Стоилов, Данците без Милер Read More »

Има ли нафта под морето во Црна Гора? Ќе се дупчи на длабочина од 6.525 метри


Дали има нафта под морето кај Црна Гора ќе покаже првото дупчење кое ќе почне на 25 март, а ќе го спроведе италијанско-рускиот конзорциум Ени-Новатек, објавија на прес-конференција Младен Бојаниќ, министер за капитални инвестиции и Марко Перуновиќ, државен секретар за капитални инвестиции во Црна Гора, пренесе Банкар.ме. Како што беше објасснето, платформата за дупчење „Топаз …

Има ли нафта под морето во Црна Гора? Ќе се дупчи на длабочина од 6.525 метри Read More »

Народна банка вели го штити јавниот интерес, откако акционери на Комерцијална банка ја оспорија одлуката за дивидендите пред Уставен суд


Народната банка вели дека со одлуката која ја донесе Советот на НБ за времена забрана за исплата на дивидендите од страна на банкиите и која што важи до крајот на оваа година се штити јавниот интерес, како и дека е донесена во согласност со Законот за Народна банка. Одоворот од Народната банка доаѓа откако денес  …

Народна банка вели го штити јавниот интерес, откако акционери на Комерцијална банка ја оспорија одлуката за дивидендите пред Уставен суд Read More »

Состојбата во градинките е стабилна и тие остануваат отворени, вели Шахпаска


Министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска вели дека состојбата поврзана со ковид-пандемијата во детските градинки е стабилна. Тие остануваат и натаму отворени, но се следи ситуацијата и дополнителни мерки ќе бидат преземени согласно тоа како таа ќе се развива. -Во градинките согласно последниот неделен извештај има нови 14 позитивни дечиња, и 34 вработени. …

Состојбата во градинките е стабилна и тие остануваат отворени, вели Шахпаска Read More »

Земјотрес почувствуван во јужниот дел од државата, епицентарот во Грција


Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 13:57 часот во јужните делови од државата. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 230 километри јужно од Скопје, во соседна Грција со рихтерова магнитуда од 5,6 степени.