Македонија2025 отвора врати кон светот: Два повика за идните лидери за стипендии за извршно образование во 2026 година


Македонија2025 денеска соопшти за два активни повика за апликации за стипендии за 2026 година, насочени кон менаџери, бизнис лидери и претприемачи од Македонија кои сакаат да го надградат своето знаење и лидерски капацитети преку врвни меѓународни извршни програми. Првиот повик се однесува на стипендии за Зафировски програмата за извршно образование на Келог Школата за менаџмент. …

Македонија2025 отвора врати кон светот: Два повика за идните лидери за стипендии за извршно образование во 2026 година Read More »

ТИТАН Усје: Иновации и примена на вештачка интелигенција за унапредување на развојот и поголема декарбонизација


Како дел од групацијата ТИТАН, цементарница Усје континуирано инвестира во развој на дигитални алатки и примена на вештачка интелигенција во работењето, со што се зголемува оптимизацијата и контролата на производните процеси. Најновите достигнувања на компанијата во оваа област беа претставени на интернационалниот Самит за вештачка интелигенција – AI Tech Summit, што се одржа во Скопје. …

ТИТАН Усје: Иновации и примена на вештачка интелигенција за унапредување на развојот и поголема декарбонизација Read More »

Ефектот „Тему“: Бројот на трансакциите во е-трговијата во Македонија расте побрзо од вредноста


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка, согласно кои може да се забележи дека во првата половина од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на …

Ефектот „Тему“: Бројот на трансакциите во е-трговијата во Македонија расте побрзо од вредноста Read More »

Душан Алимпијевиќ е новиот тренер на српските кошаркари


Светислав Пешиќ (76) повеќе не е селектор на српската кошаркарска репрезентација. Кошаркарската федерација на Србија се збогува со Пешиќ, кој како тренер ја предводеше Србија до сребро на СП 2023 и бронза на Олимписките игри во Токио, со емотивна и сеопфатна изјава. Недолго потоа, КСС ​​објави дека Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија. Станува …

Душан Алимпијевиќ е новиот тренер на српските кошаркари Read More »

Се заканува катастрофа: Нуклеарната централа Запорожје е без надворешно напојување седми ден


Најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, во Украина, е без надворешно напојување седми ден, а украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето вечерва изјави дека катастрофа од големи размери е неизбежна. Зеленски рече дека ова е „закана за апсолутно сите“. Тој ја нарече ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје „критична, вонредна“. „Нуклеарната централа Запорожје е во вонредна …

Се заканува катастрофа: Нуклеарната централа Запорожје е без надворешно напојување седми ден Read More »

Има жртви од земјотресот во Филипини


Засега непознат број луѓе загинаа во силниот земјотрес што денеска ја погоди централната област на Филипините во кој се урнаа стари згради и беше предизвикана паника, јавија локалните медиуми. Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината …

Има жртви од земјотресот во Филипини Read More »

Директорот на „Форд“ очекува продажбата на електрични возила да се преполови по завршувањето на даночните олеснувања


Извршниот директор на „Форд Мотор“, Џим Фарли, изјави дека очекува побарувачката за целосно електрични возила да се преполови следниот месец по завршувањето на федералните даночни олеснувања во среда. Фарли во вторник изјави дека „нема да биде изненаден“ ако продажбата на електрични возила падне од пазарен удел од околу 10% на 12% овој месец – што …

Директорот на „Форд“ очекува продажбата на електрични возила да се преполови по завршувањето на даночните олеснувања Read More »

Криза во високото образование во САД: Дали ќе има масовно затворање?


Лидерите на американските колеџи и универзитети се соочуваат со алармантни знаци оваа есен дека долготрајната финансиска криза во високото образование достигнува пресвртна точка. Со падот на уписите, делумно поради неодамнешните промени во политиките за студентски визи, многу институции се на работ на одржливост. За финансиски ранливите колеџи, секој пад на уписите носи сериозни последици, пишува …

Криза во високото образование во САД: Дали ќе има масовно затворање? Read More »

Македонец тешко повреден во туристички објект во Истра


Педесет и седум годишен државјанин на Северна Македонија е тешко повреден во Рабац во Хрватска ноќта од недела кон понеделник, 29 септември, околу 1:30 часот по полноќ. Инцидентот се случил во туристички објект, соопшти Полициската управа на Истра. На повредениот му е укажана медицинска помош во Општата болница во Пула, каде му се констатирани тешки …

Македонец тешко повреден во туристички објект во Истра Read More »

Пилотите на „Луфтханза“ ќе штрајкуваат, се очекуваат големи нарушувања на авиосообраќајот


Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска гласаа за штрајк, што се очекува да предизвика големи нарушувања за патниците. Според официјалните податоци, во анкетата учестувале 90 проценти од пилотите на „Луфтханза“ и 95 проценти од пилотите на товарниот превоз на оваа авиокомпанија, а меѓу нив 88 проценти од пилотите во комерцијалниот дел и и 96 проценти …

Пилотите на „Луфтханза“ ќе штрајкуваат, се очекуваат големи нарушувања на авиосообраќајот Read More »

Во пукотница во белградска населба убиена жена, неколку други лица се повредени


Жена загина и неколку други лица се ранети по пукање во бар во белградската населба Вишњичка Бања. Белградски медиуми јавија дека пукањето се случило денеска околу 14.30 часот откако непознати напаѓачи упаднале во барот и отвориле оган. Според медиумите, ранети се најмалку пет луѓе. Полицијата во моментот врши истрага.

Пешиќ заминува од селекторската функција на Србија


Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) официјално преку соопштение му се заблагодари на селекторот Светислав Пешиќ за соработката откако денеска му е последниот ден од договорот. Денеска завршува едно големо поглавје во српската кошарка. Договорот на КСС со нашиот трофеен тренер Светислав Пешиќ истече денеска, со што заврши неговата мисија на клупата на репрезентацијата и се …

Пешиќ заминува од селекторската функција на Србија Read More »

Растат економските загуби поради климатските промени: Загрижувачки извештај од ЕУ за Македонија


Северна Македонија се соочува со растечки економски загуби поради климатските промени и природните опасности, особено поплавите и шумските пожари, предупредува Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА) во најновиот извештај, во кој има и дел за нашата земја. Во извештајот на ЕЕА се посочува дека помеѓу 1990 и 2023 година, поплавите беа најчестите и …

Растат економските загуби поради климатските промени: Загрижувачки извештај од ЕУ за Македонија Read More »

Македонското овошје, зеленчук и преработки со голем извозен потенцијал преку „Лидл“


Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и компанијата „Лидл“, денеска се одржа работен состанок со македонски производители на земјоделски производи. На настанот присуствуваа кооперанти и претставници на МАЗЗ – Македонската асоцијација на земјоделски задруги, МЗЗ – Мрежа на земјоделски задруги – и МАП – Македонска асоцијација на преработувачи. Фокусот на состанокот …

Македонското овошје, зеленчук и преработки со голем извозен потенцијал преку „Лидл“ Read More »

ЕК не го коментира спорот помеѓу Хрватска и Унгарија за енергенсите


 Портпаролката на Европска комисија, Ана-Каиса Итконен денеска изјави дека ЕК го набљудува тестирањето на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) и не сака да го коментира заемното обвинување помеѓу Хрватска и Унгарија. Според најновите информации што ми се достапни, тестовите сè уште се во тек. Во контакт сме со земјите-членки, но немам коментар за коментарите на која било …

ЕК не го коментира спорот помеѓу Хрватска и Унгарија за енергенсите Read More »

Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас


Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на …

Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас Read More »

Хамас го разгледува мировниот предлог на Трамп за Газа и подготвува свој одговор


Предлогот за прекин на огнот во Газа, што вчера го изнесоа САД, зависи од одговорот на Хамас на планот од 20 точки за кој претседателот Доналд Трамп рече дека е „повеќе од блиску“ до прекин на двегодишниот конфликт во енклавата. Медијаторите Катар и Египет го споделија документот со Хамас доцна синоќа откако израелскиот премиер Бенјамин …

Хамас го разгледува мировниот предлог на Трамп за Газа и подготвува свој одговор Read More »

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, но корупцијата е постојан предизвик


Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера во согласност со меѓународните стандарди, иако корупцијата е постојан предизвик. Големите странски компании што работат во Технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ) генерално пријавуваат позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владини претставници, се наведува во извештајот на американскиот Стејт …

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, но корупцијата е постојан предизвик Read More »

Индустриското производство во август помало за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани, голем пад кај Енергијата


Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2,2 отсто во однос на периодот јануари – август 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Во август годинава, пак, споредено со истиот месец лани, е намалено за 3,5 отсто. Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос …

Индустриското производство во август помало за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани, голем пад кај Енергијата Read More »

Данска прогласи вонредна мобилизација


Владата на Данска иницира во вонредна мобилизација на резервниот состав поради растечката безбедносна опасност. Одлуката е донесена по нарушувањето на данскиот воздушен простор од неидентификувани беспилотни летала. Данскиот воздушен простор две вечери (петокот и саботата ноќта) по ред беше нарушен од неидентификувани дронови. Претходно, на 22 септември неидентификувани беспилотни летала беа забележани над цивилни аеродроми …

Данска прогласи вонредна мобилизација Read More »