Полицијата и нуркачи и натаму го бараат момчето кое вчера исчезна во Вардар кај неготинско Пепелиште


Полицијата и припадници на специјална нуркачка единица на МВР и понатаму го бараат момчето кое вчера исчезнало во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, потврди утрово за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Дека по момчето се трага  во и околу Вардар кај неготинско Пепелиште, вчера попладне потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино. …

Полицијата и нуркачи и натаму го бараат момчето кое вчера исчезна во Вардар кај неготинско Пепелиште Read More »

Мбапе одби да потпише шестгодишен договор со ПСЖ


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, многу веројатно ќе го напушти францускиот клуб, пишува „Марка“. Според шпанскиот весник, 22-годишниот Французин нема намера да потпише нов шестгодишен договор со тимот и се надева дека ќе се пресели во Реал ова лето. Актуелниот договор на играчот истекува следната година. Минатата сезона Мбапе учествуваше на 47 натпревари на …

Мбапе одби да потпише шестгодишен договор со ПСЖ Read More »

НУК бара укинување на одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти


Независната угосстителска комора (НУК) бара од Владата целосно и безусловно да ја укине одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочувајќи дека таа е условена и неспроведлива и дека е неприфатлива и за многу граѓани кои вчера излегле на протест. – По синоќешниот врисок на граѓаните искажан преку паралелни протести низ цела Македонија, …

НУК бара укинување на одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти Read More »

Трудо најави предвремени избори во Канада наесен


Канадскиот премиер Џастин Трудо најави предвремени општи избори во период кога земјата влегува во четвртиот бран на пандемијата на коронавирус. Според испитувањата на јавното мислење, либералнана малцинска влада предводена од Трудо има шанси да добие мнозинство гласови во овој момент. 49-годишниот либерален лидер рече: „Канаѓаните мора да изберат како да ја добијат борбата против Ковид-19“. …

Трудо најави предвремени избори во Канада наесен Read More »

Медведев го освои Мастерсот во Торонто


Рускиот тенисер Даниел Медведев синоќа го победи  Американецот Рејли Опелка со 6:4, 6:3 во финалето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 1 час и 27 минути. Русинот направи четири аса и четири двојни грешки, а исто така конвертира три брејк топки од седум можности. Опелка исто така сервираше четири аса, имаше три грешки на вториот …

Медведев го освои Мастерсот во Торонто Read More »

Вардар го освои 49. Струшки ракометен турнир


Македонскиот шампион Вардар, го освои 49. Струшки ракометен турнир, откако синоќа во драматичен дуел и реприза од ланското финале му се реваншираше на Еурофарм Пелистер, совладувајќи го дури по продолженијата со 33:32 и по 13-ти пат го освои овој турнир. Во регуларниот дел натпреварот заврши 28:28. Натпреварот го реши Тимур Дибиров од пенал во последната …

Вардар го освои 49. Струшки ракометен турнир Read More »

Американската војска отвори предупредувачки оган на аеродромот во Кабул


Американската војска отвори предупредувачки оган во воздух откако на аеродромот во Кабул се појавила група луѓе на пистата за полетување, кои се обидуваат да побегнат од Авганистан. Претходно, телевизијата Ал Џезира објави дека аеродромот во Кабул е во хаос поради интензивните летови со хеликоптери кои ги пренесуваат припадниците на дипломатските мисии во Авганистан. Телевизијата информира …

Американската војска отвори предупредувачки оган на аеродромот во Кабул Read More »

Во кафеана само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19, ќе дадат ли мерките резултат


Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан Ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено. Угостителските …

Во кафеана само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19, ќе дадат ли мерките резултат Read More »

Земјотресот на Хаити усмрти најмалку 1.297 лица, повредени над 5.700


Најмалку 1.297 луѓе загинаа по силниот земјотрес што го погоди Хаити во текот на викендот, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на таа земја. „Бројот на загинати од земјотресот се зголеми на 1.297 на 15 август“, се вели во извештајот за ситуацијата, ажурирајќи го бројот на повредени во земјотресот во саботата од најмалку 2.800 на повеќе …

Земјотресот на Хаити усмрти најмалку 1.297 лица, повредени над 5.700 Read More »

Од денеска до 30 август – независни листи ќе собираат потписи за локалните избори


Постапката за собирање потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори почнува денеска согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Повеќе групи на граѓани најавија собирање потписи за учество со свои листи на локалните избори и тие веќе и се познати на јавноста. На прес-конференција вчера беше најавена граѓанската …

Од денеска до 30 август – независни листи ќе собираат потписи за локалните избори Read More »

Пламенот во Нов Истевник згасна, но тагата и очајот останаа да тлеат


Пламенот згасна, но тагата и очајот кај жителите на село Нов Истевник останаа да тлеат. Велат имало пожари и порано, ама овој ќе остане запаметен. Тие за МИА признаа колку е тешко да се поверува во моќта на огнот, кој само за миг го однел она што е со години градено. – Ситуацијата беше многу …

Пламенот во Нов Истевник згасна, но тагата и очајот останаа да тлеат Read More »

Летна школа и Меѓународна научна конференција на Семинарот за македонски јазик, литература и култура на УКИМ


Во Конгресниот центар во Охрид од денеска до 5 септември ќе се одржуваат 54. Летна школа и 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По пауза од една година поради епидемијата на коронавирусот, во Охрид оваа година повторно се враќаат традиционалните …

Летна школа и Меѓународна научна конференција на Семинарот за македонски јазик, литература и култура на УКИМ Read More »

Талибанците влегоа во претседателската палата – по 20 години Авганистан повторно под нивна власт


Централната Влада во Кабул вчера мирно им ја предаде власта на претставниците на талибанците, со што заврши дваесетгодишното владеење на авганистанската влада поддржана од САД. Талибанците влегоа во претседателската палата во главнот град. Една група од нив објави на социјални мрежи фотографии од внатрешноста на палатата и наведоа дека имаат контрола врз 11 од 15 …

Талибанците влегоа во претседателската палата – по 20 години Авганистан повторно под нивна власт Read More »

Целосно нормализиран патниот правец по обиколница Велес – Скопје кај Хиподром


Патниот правец по обиколница Велес – Скопје кај Хиподром е целосно нормализиран, соопшти Автомотосојузот. Вчера беше блокиран поради сообраќајка на патничко возило „хонда“ кое излета од патот на клучката Хиподром кон Обиколницата и беа повредени три лица. АМСМ известува дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози и дека на граничните …

Целосно нормализиран патниот правец по обиколница Велес – Скопје кај Хиподром Read More »

Како изгледа картата за ризик од пожари: Целиот Медитеран е во екстремна опасност, жешки точки и во Македонија


На мапата можат да се видат областите во кои ризикот од пожари е исклучително висок, како и активните пожари За да им помогне на спасувачките служби, програмата Коперник на ЕУ (Copernicus Emergency Management Service (EMS) објавува мапа на најранливите области секој ден. На мапата може да се видат областите во кои ризикот од појава на …

Како изгледа картата за ризик од пожари: Целиот Медитеран е во екстремна опасност, жешки точки и во Македонија Read More »

Создавање Исламски Емират на Авганистан најавија талибанците


Претставник на талибанците денеска нагласи дека наскоро од претседателската палата во Кабул ќе објават создавање Исламски Емират на Авганистан, јавија американски медиуми. Тоа беше името на државата под талибанска власт од 1996 до 2001 година. 

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата. Според официјален претставник од МВР на Авганистан Гани заминал кон Таџикистан. Естонија и Норвешка денска побараа итна седница на 15-члениот Совет за безбедност на ОН на која ќе се расправа за ситуацијата во Авганистан.  Претходно, телевизијата Ал Арабија јави дека поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Али Ахмад …

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата Read More »

Што е следно за Авганистан под талибанците


Преземањето на Авганистан од страна на талибанците се случува со вртоглава брзина. За само неколку недели, милитантната група преминуваше од провинција во провинција се додека денеска не стигна во предградието на главниот град Кабул. Наместо воен притисок, засега се чини дека талибанците дозволуваат владата да падне сама. Сите знаци се дека претседателот Ашраф Гани ќе …

Што е следно за Авганистан под талибанците Read More »

Температурите на површината на морињата во Грција достигнаа 29-30 степени


Долгиот период со високи температури и отсуството на силен ветер, резултираше со високи температури на површината на морето во повеќе делови на Грција, според податоците објавени од порталот „Метео“ на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Во северниот дел на Егејското море во текот на вчерашниот ден биле измерени 29 и 30 степени, …

Температурите на површината на морињата во Грција достигнаа 29-30 степени Read More »

Скапо возење „од нигде до никаде“ – „Њујорк тајмс“ за црногорскиот автопат со кинески кредит


Црногорскиот лидер вели дека речиси 1 милијарда американски долари за автопат изграден од Кина, одобрен од неговиот претходник, ги влоши финансиите на земјата, пишува угледниот весник   Еден од најскапите патишта во светот, по планините и клисурите низ кои минува, завршува во калливо поле во село со дваесетина куќи, од кои многу се празни. Вака, …

Скапо возење „од нигде до никаде“ – „Њујорк тајмс“ за црногорскиот автопат со кинески кредит Read More »