Објавена монографија „Монетоковањето на градовите во античка Македонија“ од Доне Таневски
Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави монографијата „Монетоковањето на градовите во античка Македонија“ од Доне Таневски. Над 500-те објавени страници се посветени на фактографско претставување на градските заедници (полиси), нивната кратка историја, основните економско-политички процеси, а најмногу нивната монетарна дејност. Книгата ја опфаќа територијата и областите што некогаш ѝ припаѓале на античка Македонија, односно на нејзините …