Почна гласањето за вториот круг од локалните избори


– Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата.  Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје. …

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори Read More »

Претпладне магливо, попладне сончево


Времето денеска претпладне ќе биде магливо во некои котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне во делови од …

Претпладне магливо, попладне сончево Read More »

Капиталните инвестиции и годинава мали, догодина ќе бидат уште помали


  За десет месеци од годинава, капиталните расходи од Буџетот не се реализирани ниту половина од предвидените, односно заклучно со 30 октомври, за кога се последните податоци на интернет страницата на Министерството за финансии, потрошени се 21,5 милијарди денари (околу 350 милиони евра) или само 45,47 отсто од предвиденото за годинава. Со ребалансот на Буџетот, …

Капиталните инвестиции и годинава мали, догодина ќе бидат уште помали Read More »

„Лукоил“ има лиценца за уште три недели, што значи тоа за бизнисот и 550-те вработени во Македонија?


  За дваесетина дена ќе биде позната судбината на зделката која ја најави руската компанија „Лукоил“ со меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“ за продажба на странските средства со цел да ги избегне санкциите од САД воведени на 22 минатиот месец. Исходот оваа зделка која треба да добие зелено светло од Одделот за контрола на странки …

„Лукоил“ има лиценца за уште три недели, што значи тоа за бизнисот и 550-те вработени во Македонија? Read More »

Бугарија привремено го ограничува извозот на нафтени деривати


Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании. Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот …

Бугарија привремено го ограничува извозот на нафтени деривати Read More »

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“


Кина денеска го лансираше вселенското летало „Шенџоу-21“, кое треба да ги транспортира тројцата астронаути до кинеската вселенска станица „Тјангонг“. Леталото полета од Центарот за лансирање сателити Џијучен, северозападна Кина. Тоа е седма мисија на кинеската вселенска станица, откако е отворена во 2022 година. Со „Тјангонг“ управува Кинеската агенција за летови со човечки екипаж.

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп


Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен тројца неименувани американски и европски функционери. Трамп за време на последната средба со украинскиот претседател …

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп Read More »

„Жито Лукс“ со стабилни финансиски резултати во првите девет месеци од годинава


   Во периодот од 1 јануари до 30 септември 2025 година Жито Лукс оствари раст од 4% во обемот на продажба, како резултат на континуирано зголемената побарувачка за производите од своето бренд портфолио. Добивката пред оданочување изнесува 23 милиони денари, што претставува благо намалување во однос на истиот период лани, поради пораст на трошоците  за основни …

„Жито Лукс“ со стабилни финансиски резултати во првите девет месеци од годинава Read More »

OKTA: Финансиски резултати за третиот квартал и првите девет месеци од 2025


ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, зголемената продажба на електрична енергија и намалените оперативни трошоци. Приходите од продажба …

OKTA: Финансиски резултати за третиот квартал и првите девет месеци од 2025 Read More »

Царината заплени 130 килограми марихуана


Царинската управа заплени 130 килограми марихуана која на „црниот” пазар би чинела над 700 000 евра. Со ова, како што рече денеска директорот на Управата Бобан Николовски, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Според Николовски, се работи за квалитетна марихуана која, што е можно поскоро, ќе биде предадена во Агенцијата за …

Царината заплени 130 килограми марихуана Read More »

Шпанија со рекорден број туристи и над 105 милијарди евра заработка


Шпанија забележа рекордни 76,5 милиони странски туристи во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување од 3,5 насто во споредба со истиот период минатата година. Во истовреме, туристичката потрошувачка првпат надмина 100 милијарди евра, објави Националниот институт за статистика. Вкупниот приход од туризмот достигна 105,8 милијарди евра, што е зголемување од седум отсто …

Шпанија со рекорден број туристи и над 105 милијарди евра заработка Read More »

На експресниот пат Крива Паланка-Страцин ќе се градат нови клучки кај Десетак и Петралица


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) најавува изградба на две нови клучки на експресниот пат Крива Паланка–Страцин со цел подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Ќе се градат клучки кај местото „Десетак“, којашто треба да ја подобри поврзаноста со село Отошница и кај Петралица за полесен пристап до Технолошко индустриската зона Ранковце.  Како што објави …

На експресниот пат Крива Паланка-Страцин ќе се градат нови клучки кај Десетак и Петралица Read More »

Шведско-македонската стопанска комора официјално започна со работа


Шведско-македонската стопанска комора официјално започна со работа, соопштија од оваа асоцијација, додавајќи дека целта на Комората е да го зајакне економското и деловното поврзување меѓу Шведска и Македонија, како и да создаде нови можности за соработка меѓу двете земји. Како што посочува Бјанка Илиевска, менаџер за застапување, економските и политичките врски помеѓу Република Македонија и …

Шведско-македонската стопанска комора официјално започна со работа Read More »

Совет на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне


Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од 2006 година. Ликвидноста на банкарскиот систем се задржа на задоволително ниво, а ликвидните средства покриваат значителен дел од краткорочните обврски и од …

Совет на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне Read More »

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30 отсто од своите гласови


Во гостувањето во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истакна дека резултатите од последните избори јасно покажуваат дека владејачкото мнозинство ја губи поддршката на граѓаните. „Во само 15 месеци власта изгубила околу 30% од своите гласачи, нешто што не се случило во поновата историја на државата да валдејачкото мнозинство ги стопи …

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30 отсто од своите гласови Read More »

„Алкалоид“ со рекордни консолидирани продажби од 246,6 милиони евра, извоз од 160,4 милиони и со инвестиции од 15 милиони евра во периодот јануари – септември 2025 г.


Нашата најголема фармацевтска компанија, „Алкалоид“, ги објави деловните резултати во првите девет месеци од годинава, со рекордни консолидирани продажби од 246,6 милиони евра, извоз од 160,4 милион евра и инвестиции од 15 милиони евра. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за …

„Алкалоид“ со рекордни консолидирани продажби од 246,6 милиони евра, извоз од 160,4 милиони и со инвестиции од 15 милиони евра во периодот јануари – септември 2025 г. Read More »

Хрватска ќе купи оружје за речиси 2 милијарди евра: На пописот тенкови „Леопард“, хаубици „Цезар“…


Саборскиот Одбор за одбрана на затворена седница ги одобри барањата за набавка во областа на опремување и модернизација за потребите на Вооружените сили на Хрватска, јави ХРТ.. Станува збор за четири големи набавки – систем за противдронска заштита, 420 теренски камиони, 18 самоодни хаубици и 44 тенкови „Леопард“. Вкупната вредност на набавките, што ќе бидат …

Хрватска ќе купи оружје за речиси 2 милијарди евра: На пописот тенкови „Леопард“, хаубици „Цезар“… Read More »

Победа за нашите ракометари во првиот дуел со Јапонија


 Македонската ракометна репрезентација оствари победа во првиот контролен дуел со Јапонија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа триумф со 29:27 на дуелот што се одигра во салата во Автокоманда и беше од затворен тип, па двајцата селектори Лазаров и Тони Херона имаа можност да комбинираат. Вториот пријателски дуел двете репрезентации ќе го одиграат на 1.ноември …

Победа за нашите ракометари во првиот дуел со Јапонија Read More »

„Декларација Скопје“: Порака дека регионот сака да биде двигател кон енергетска транзиција


Со потпишувањето на „Декларацијата Скопје“ испраќаме силна порака дека регионот не е само следбеник на глобалната транзиција, туку нејзин активен двигател. Оваа Декларација е патоказ на нашата посветеност, за побрза зелена транзиција, за регионална поврзаност, за инвестиции во иновации и човечки потенцијал, истакна вечерва министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска. „Декларацијата Скопје“ …

„Декларација Скопје“: Порака дека регионот сака да биде двигател кон енергетска транзиција Read More »

Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место


Инклузивната и праведна зелена енергетска транзиција е невозможна без еднакво учество на жените, порачаа учесниците на сесијата „Жени во енергетиката“, одржана во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска ја отвори сесијата потенцирајќи дека без родова еднаквост, нема вистински напредок …

Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место Read More »