„Адинг“ ќе работи на струја од сопствено производство


Во духот на своите заложби за зачувување на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток и одржлив развој, компанијата АДИНГ наскоро самата ќе си обезбедува електрична енергија преку фотоволтаичните панели кои се инсталираат на нејзин објект во Скопје, а вишокот на енергија ќе се продава, соопшти компанијата. На овој начин, компанијата ќе спречи годишна емисија на …

„Адинг“ ќе работи на струја од сопствено производство Read More »

„Пари“: Фирмите сега им должат на банките 3 милијарди евра, како било пред 10 години


Околу 300 милиони евра е зголемен долгот што го има  нефинансискиот сектор (главно фирми) кон банките во текот на минатата година, покажуваат податоците на Народната банка. Имено, долгот на 31.12.2021 година бил околу 3 милијарди евра, а на крајот од 2020 година кредитите на нефинасиските друштва биле околу 2,7 миијарди евра. Далечната 2012 година завршила …

„Пари“: Фирмите сега им должат на банките 3 милијарди евра, како било пред 10 години Read More »

Автомобил удри во капијата на Руската амбасада во Романија, возачот загина


Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата. Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место . На улицата …

Автомобил удри во капијата на Руската амбасада во Романија, возачот загина Read More »

Затворена најголемата руска платформа за продажба на даркнет


Најголемата руска платформа за продажба на даркнет, Hydra Market, која е на руски јазик од 2015 година, е затворена и се запленети биткоини во вредност од 23 милиони евра, соопшти синоќа германското правосудство. – Запленети се серверите на најголемиот светски „darknet“ пазар и 543 биткоини во вкупна вредност од околу 23 милиони евра, се вели во …

Затворена најголемата руска платформа за продажба на даркнет Read More »

Кина со најголем дневен број на новозаразени со Ковид-19


Кинеските власти вчера пријавија над 20.000 случаи на Ковид-19, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата До март, Кина ги одржуваше дневните случаи на ниско ниво со предвремени локални заклучувања, масовни тестирања и строги ограничувања за меѓународни патувања. Но, бројот на случаи погоди илјадници луѓе дневно во последниве недели, при што официјалните лица …

Кина со најголем дневен број на новозаразени со Ковид-19 Read More »

Турција ќе се обиде со брод да ги преземе жртвите од Мариупол


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател. „Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол …

Турција ќе се обиде со брод да ги преземе жртвите од Мариупол Read More »

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, учество на владина делегација од Северна Македонија


По пауза од две години поради пандемијата, Делфи економски форум, се враќа во градот Делфи, каде што по седми пат ќе се одржи годишната конференција, на која ќе учествува и владина делегација предводена од претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина. Форумот започнува денеска и ќе трае до …

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, учество на владина делегација од Северна Македонија Read More »

Бројот на украински бегалци во Хрватска надмина 12.000


Бројот на украинските бегалци во Хрватска достигна 12.403, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут.  Директорот на хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт соопшти дека се собрани три милиони куни (околу 400.000 евра) и разновидна стока за поддршка на бегалците, пренесе Хина. Тие го посетија прифатниот центар за бегалци од Украина во Госпиќ. Хрватска има …

Бројот на украински бегалци во Хрватска надмина 12.000 Read More »

Твитер ги ограничи руските владини профили


Твитер најави нови мерки против профилите на руската Влада за да се намали ширењето на руската официјална пропаганда на социјалните мрежи. Официјалните профили повеќе нема да им се „препорачуваат“ на корисниците на Твитер во која било категорија на страницата или апликацијата, вклучително и пребарувањето, соопштија од компанијата. Твитер веќе ги блокира профилите на руските медиуми РТ и Спутник во ЕУ. Москва одговори …

Твитер ги ограничи руските владини профили Read More »

Патот Струга – Дебар кај Глобочица и Луково затворен за сообраќај, поради санација на свлечишта


Поради градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните шест месеци. Градежните активности кои се започнати од вчера ги …

Патот Струга – Дебар кај Глобочица и Луково затворен за сообраќај, поради санација на свлечишта Read More »

Американската амбасадорка во ОН вели дека не е можно Русија да се исфрли од СБ на ОН


Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН, но оти западните земји ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја изолираат Москва. – Советот за безбедност е создаден како производ на создавањето на ОН по Втората светска …

Американската амбасадорка во ОН вели дека не е можно Русија да се исфрли од СБ на ОН Read More »

Чешка испрати тенкови во Украина


Чешка испрати неколку тенкови во Украина, изјави денеска извор од одбраната, потврдувајќи ја информацијата што претходно ја објави чешката јавна телевизија. Чешката телевизија објави дека во Украина биле испратени тенкови Т-72 и борбени возила БВП-1. Извор од чешкиот одбранбен систем потврди дека тенковите се испратени, но одби да даде повеќе детали. Извештаите доаѓаат додека сојузниците на НАТО се подготвуваат да разговараат …

Чешка испрати тенкови во Украина Read More »

Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков


Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе  биде доделена книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година за најдобар необјавен роман и ќе биде промовиран победникот на конкурсот – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата  ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски,   Фросина Пармаковска и …

Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков Read More »

МОН ќе презентира нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта


Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени. Новата дигитална услига ќе …

МОН ќе презентира нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта Read More »

Договорен увоз на пченица и од Бугарија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски доцна синоќа на својот фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија. -Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република …

Договорен увоз на пченица и од Бугарија Read More »

Премиерот Ковачевски во посета на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети локацијата на која се гради фотонапонска електрана „Осломеј 1-10MW“. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. Со посетата ќе се одбележи завршувањето на градбата на електраната со тест период на целосно монтирана опрема.

Попис 2021: Анализа по статистички региони, бројот на жители се намалува, а расте бројот на станови


Скопскиот регион е единствен од сите осум статистички региони во државата каде во последните 20 години има раст на бројот на жители, домаќинства и станови. Во него живеат 33,04 проценти од вкупното резидентно население во земјава и е најгусто населен со 334,99 жители на километар квадратен. Вардарскиот регион е единствен каде што има намалување и …

Попис 2021: Анализа по статистички региони, бројот на жители се намалува, а расте бројот на станови Read More »

Во земјава има 1.550 активни ковид случаи, на болничко лекување се 71 лице


Намалување од 5,4 отсто на дијагностицирани и од 45,5 отсто на починати од КОВИД-19 имало од 28 март до 3 април споредено со претходната седмица. За 13,4 проценти се помалку и хоспитализираните – на болничко лекување во моментов има 71 пациент. Според најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, од 14.873 направени тестови, регистрирани …

Во земјава има 1.550 активни ковид случаи, на болничко лекување се 71 лице Read More »

Сончево со мала до умерена облачност и потопло


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до …

Сончево со мала до умерена облачност и потопло Read More »

Ѓилас: Опозицијата освои 70.000 гласови повеќе во Белград, имаме шанса за промени


Во просториите на Партијата за слобода и правда (ССП) денеска се одржа состанок на сите опозициски изборни листи кои го поминаа цензусот на изборите во Белград или се уште имаат шанса да го поминат: Обединети за победа на Белград, коалицијата НАДА, коалицијата Мораме, Заветници, Двери / ПОКС и листата „Ајде луѓе“, јави дописникот на МИА …

Ѓилас: Опозицијата освои 70.000 гласови повеќе во Белград, имаме шанса за промени Read More »