РКЕ и денеска ќе носи одлука за цените на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа. – Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде на сила од вечерва на полноќ, изјави портпаролката на РКЕ, Марина …

РКЕ и денеска ќе носи одлука за цените на горивата Read More »

Нафтата повторно поскапе


Цените на нафтата пораснаа по големиот пад во претходните денови, во време кога доминираат стравувањата за испораките од Русија и Либија. Во исто време, индустриските податоци покажаа дека залихите на сурова нафта паднале во САД минатата недела. Барел нафта од типот брент поскапе за 66 центи и чини 107,91 долар, а барел сурова нафта во …

Нафтата повторно поскапе Read More »

Еврозоната забележа трговски дефицит од 7,6 милијарди евра


Во февруари 2022 година, еврозоната забележа дефицит од 7,6 милијарди долари во трговската размена со остатокот од светот во споредба со суфицитот во истиот месец минатата година од 23,6 милијарди евра, според прелиминарната проценка на европската статистичка служба Евростат. Според податоците објавени на веб-страницата на Евростат, извозот на стоки од еврозоната на пазарите надвор од …

Еврозоната забележа трговски дефицит од 7,6 милијарди евра Read More »

Вкупните депозити во март се намалиле за 1,7 отсто, кредитите и натаму во пораст


Вкупните депозити во март, се намалени за 1,7 отсто на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења. На годишно ниво, вкупните депозити бележат раст за 3,5 отсто, којшто во услови на зголемување на депозитите кај двата …

Вкупните депозити во март се намалиле за 1,7 отсто, кредитите и натаму во пораст Read More »

Литар масло во Германија до пет евра


Цените на храната во Германија драстично „скокнаа“ од почетокот на руската инвазија врз Украина. Тоа се забележува особено, кај продажбата на масло во германските супермаркети, пишуваат локалните медиуми. На некои места цената за еден литар масло достигнува и до пет евра. Филијала на малопродажниот синџир Едека во Тренделбург, северен Хесен, повеќе не сака да продава …

Литар масло во Германија до пет евра Read More »

Патрик Мартенс: Фокусот е на пазарите за набавка на суровини кои се во близина


Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија во деншната Утринска телеграма порача дека пандемијата која ја предизвика корона вирусот доведе до прекин на многу синџири на снабдување, а со нападот на Русија врз Украина се случи следната меѓународна криза. Тој вели дека сега фокусот е ставен на пазарите за набавка на …

Патрик Мартенс: Фокусот е на пазарите за набавка на суровини кои се во близина Read More »

Уништени сите магацини за храна во Северодоњецк, информира гувернерот на регионот Луганск


Гувернерот на Луганската област Сергеј Гајдај изјавил дека сите магацини со храна во Северодоњецк се уништени и жителите можат да добијат храна само преку хуманитарна помош, објави Киев Индипендент. Весникот пренесува и дека Гајдај, исто така, рекол оти руските сили уништиле неколку станбени згради во Рубижне и Новодружск во Луганската област. 

Расте бројот на жртви во свлечиштата и поплавите на Филипините


На 224 се искачи бројот на жртви во свлечиштата и поплавите на Филипините, предизвикани од првата бура што ги погоди периодов. Како исчезнати се водат 147 лица, информираше денеска националната агенција за катастрофи, јави ДПА. Најмногу жртви, 202, се од провинцијата Лејте, на 599 километри југоисточно од Манила, каде масивни свлечишта ги опустошија заедниците во …

Расте бројот на жртви во свлечиштата и поплавите на Филипините Read More »

Гвардиола: Сити треба да ги победи сите преостанати натпревари за да ја освои титулата


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за трката за титулата откако синоќа го совлада Брајтон (3:0) во 30. коло од шампионатот на Англија. – Се чувствуваме како сега математички да сме во Лигата на шампионите. Можеби луѓето велат дека е во ред, но не е. Погледнете ги само неверојатните тимови кои се борат за …

Гвардиола: Сити треба да ги победи сите преостанати натпревари за да ја освои титулата Read More »

Промоција на книгата „Залутани записи“ од Иван Шопов во КИЦ на РСМ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечерва ќе биде промовирано бугарското издание на книгата „Залутани записи“ од македонскиот писател Иван Шопов.  Книгата е во издание на „Ерго“, а во превод на бугарски јазик од Тања Попова. За книгата ќе говорат Мартин Христов од „Ерго“, Тања Попова и бугарскиот писател и сценарист Михаил Вешим. Во …

Промоција на книгата „Залутани записи“ од Иван Шопов во КИЦ на РСМ во Софија Read More »

„Миг за славење“: Џесика Симпсон ослабе 45 килограми


Откако загуби 45 килограми, американската пејачка и глумица Џесика Симпсон гостуваше во шоуто „Рил“ (The Real) и ја откри тајната на успехот во слабеењето… Трите бремености оставија белег на линијата на Симпсон. Пејачката која денес е на почеток од петтото десетлетие од својот живот, по третата бременост стигнала до 110 килограми. Иако не се срамела …

„Миг за славење“: Џесика Симпсон ослабе 45 килограми Read More »

Дончиќ сака да игра на третиот натпревар против Јута


Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ објави дека е има желба да игра на третиот натпревар од плејофот од првото коло на НБА против Јута. – Не знам дали ќе бидам 100 отсто подготвен, но сакам да бидам на теренот доколку не постои ризик од влошување на повредата, изјави Дончиќ за „ESPN“. Да потсетиме дека …

Дончиќ сака да игра на третиот натпревар против Јута Read More »

Германскиот министер за финансии позитивен на Ковид во САД


Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер излезе позитивен на коронавирус за време на пролетната конференција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, јави ДПА. Линднер (43) ја потврди веста на Твитер. Тој е позитивен на вирусот „по две години без Ковид-19 инфекција“. Министерот додаде дека „благодарение на трите вакцини“, сега се соочувал „само со благи …

Германскиот министер за финансии позитивен на Ковид во САД Read More »

Мбапе се изедначи со Ибрахимовиќ по голови за ПСЖ во Лига 1


 Пари Сен-Жермен го совлада Анже (3:0) во 33. коло од францускиот шампионат. Стрелец на првиот гол беше Килијан Мбапе. Така, 23-годишниот Французин стигна до бројката од 113 постигнати голови во Лига 1. Во овој показател се израмни со екс напаѓачот на парижаните Златан Ибрахимовиќ. На првото место е Единсон Кавани со 138 погодоци. Мбапе оваа …

Мбапе се изедначи со Ибрахимовиќ по голови за ПСЖ во Лига 1 Read More »

„Волшебната хорна“ – нов концерт со оркестарот на Филхармонија


„Волшебната хорна“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија, на кој вечерва како солист на хорна ќе настапи Марк Грубер од Германија. Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за хорна и оркестар бр.1 од Рихард Штраус и Симфонијата бр.5 од Антонин Дворжак. Роден на 24 мај, 1993 година, Марк …

„Волшебната хорна“ – нов концерт со оркестарот на Филхармонија Read More »

Уапсен голем колумбиски наркобос во Мексико


Во Мексико уапсен е колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо, еден од најголемите светски дилери на дрога, информираше доцна синоќа полицискиот директор Хорхе Луис Варгас, јави ДПА. „Заедно со мексиканските, британските и со американските власти, колумбиската полиција го лоцираше колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо – „Боликесо (Boliqueso)““, објави тој на Твитер. Жиралдо е однесен во Колумбија и информиран …

Уапсен голем колумбиски наркобос во Мексико Read More »

Адријана Лима бремена се врати на модната писта


Адријана Лима се врати на модната писта два месеци откако објави дека го чека своето трето дете. Таа, имено, беше дел од модната ревија на Александер Ванг под наслов „Градот на среќата“ (Fortune City) во Лос Анџелес. Носеше исечен фустан и чизми до над колена, залижана коса, а изгледот го надополни со темен кармин и златни обетки. Во …

Адријана Лима бремена се врати на модната писта Read More »

Симболиката на црвеното велигденско јајце


Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. – Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици …

Симболиката на црвеното велигденско јајце Read More »

Опаѓа бројот на активни, новозаразени и починати од Ковид-19


Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава продолжува да опаѓа и во моментов изнесува 802. Се намалува и бројот на новозаболени и на починати, а низок е и дневниот процент на заразени. Над половина од активните (431) се Скопје, а повеќе од 100 има уште само во Битола каде што се евидентирани 126. Болни од ковид нема во …

Опаѓа бројот на активни, новозаразени и починати од Ковид-19 Read More »

Пентагон: Украина доби 20 ловци откако беше снабдена со резервни делови од сојузниците


Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, синоќа ја повлече претходно дадената изјава дека Украина бил снабдена со воени авиони од неименуван сојузник. Додека летала со фиксирани крила биле понудени од неименувана земја за засилување на одбраната на Киев, „тие не добија цел авион од друга земја“, изјави Кирби на брифингот синоќа. -Погрешив. Тие немаат примено цел …

Пентагон: Украина доби 20 ловци откако беше снабдена со резервни делови од сојузниците Read More »