Пропадна проектот на Москва да изгради село за американски доселеници


  Проектот за село за американски граѓани кои решиле да се преселат во Русија заради „традиционалните вредности“ престана да се развива поради недостаток на побарувачка и поддршка од властите, дознава медиумот „Вот Так“. Изградбата на населба за Американци кои избегале од „либералниот родов поредок“ започна во 2024 година во округот Истра во Московскиот регион. Иницијатор …

Пропадна проектот на Москва да изгради село за американски доселеници Read More »

Мицкоски го отфрли предлогот на Филипче за лидерска средба


  Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за да се детерминираат црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за европските интеграции. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба …

Мицкоски го отфрли предлогот на Филипче за лидерска средба Read More »

Лекарката од Битола побарала 100 евра од ресенчанец за операција на перде на очите


  ОЈО Битола со соопштение до јавноста потврдува дека очната лекарка од Битола со иницијали И.Д. (67) години зела мито од пациент за да изврши операција на перде на очите. Настанот се случи вчера пред крајот на работното време, кога лекарката била затекната со обележаните пари.   Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице …

Лекарката од Битола побарала 100 евра од ресенчанец за операција на перде на очите Read More »

Три партиски вработувања во М-НАВ, открива „Сдк“


  Загриженостите на синдикатот на Македонска навигација (М-НАВ), дека се подготвуваат партиски вработувања биле оправдани. Порталот „Сдк“ објавува сторија дека на спорниот оглас примени се: Ивана Југ – сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, Атанас Стамнов – сопругот на директорката на Централен регистар на …

Три партиски вработувања во М-НАВ, открива „Сдк“ Read More »

Сириските сили се повлекоа по деновите на судири со борците на Друзите


  Сириските владини сили се повлекоа од провинцијата Свеида, во која мнозинството се Друзи, со што завршија четиридневните судири меѓу армијата и локалните борци Друзи. Во говорот во четврток, сирискиот претседател рече дека групите Друзи ќе бидат оставени да управуваат со безбедносните работи во јужната покраина, што тој го опиша како избор за избегнување војна. …

Сириските сили се повлекоа по деновите на судири со борците на Друзите Read More »

Министерот Минчев во алтернативна реалност – зборува за реформи, а администрацијата се полни пред изборите


  Во сите извешати на ЕУ прашањето за јавната администрација е едно од најмногу споменуваните, а ситуацијата во неа меѓу најкритикуваните. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го знае тоа, но како претставник на владата нема концепт(или храброст) да предложи сериозно намалување на админстрацијата. Тој денеска зборуваше дека отчетноста на администрацијата е клучен предуслов за …

Министерот Минчев во алтернативна реалност – зборува за реформи, а администрацијата се полни пред изборите Read More »

Данела беше тепана, зградата продолжува да се гради, вели Апасиев


  Напаѓачот на скопската градоначалничка е во затворски притвор, за уште еден има мерки на претпазливост, МВР ѝ определи 24-часовно обезбедување на Данела Арсовска, а зградата којашто е дивоградба и каде што се случи инцидентот продолжува да се гради. Тоа го тврди лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Знаете што е најјако плукање у фаца на …

Данела беше тепана, зградата продолжува да се гради, вели Апасиев Read More »

Лани ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше законот за обложувалниците, сега како власт го предлага


  При крајот на мандатот на минатиот парламент измените на Законот за игри на среќа беа дочекани со силна реакција од тогашната опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Главниот приговор беше начинот на донесување – скратена постапка, европско знаменце и целосно изоставување на засегнатите страни од процесот. ВМРО-ДПМНЕ застана зад ставовите на Асоцијацијата на спротски обложувалници на …

Лани ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше законот за обложувалниците, сега како власт го предлага Read More »

Лекарка од битолската болница фатена како прима мито од пациент


  БИТОЛА – Лекарка од Очното оддeление во Клиничката болница во Битола била фатена како бара и зема мито од пациент. Лекарката побарала од пациент пари за одредена здравствена услуга, но засегнатиот пацiент случајот го пријавил кај истражните органи и кaко што дознаваме лекарката е фатена со обележани пари. Во случајот постапувале инспектори од СВР …

Лекарка од битолската болница фатена како прима мито од пациент Read More »

Проект „Вардарска утопија“


Министерството за транспорт и врски сака во долината на Вардар да гради двоколосечна брза пруга, каде веќе егзистира автопат, а тука треба да се гради и проектот Вардарска Долина со 12 хидроелектрани.  Ќе се осврнам на техничкиот и правниот дел од овие стратешки објекти за нашата држава. Исто така, во кратки црти ќе биде даден …

Проект „Вардарска утопија“ Read More »

Нов бисер на Тошковски – дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот


  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска додаде уште еден бисер во ѓерданот на неговите несоодветни изјави. Тој рече дека законот за уривање на дивоградбите ќе се почитувал само ако објектите се опасни по живот. Ако не се, тие ќе можат и натаму да си останат дивоградби, а со ваквиот став да се поттикне …

Нов бисер на Тошковски – дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот Read More »

Владата го враќа во игра законот на ДУИ за обложувалниците, АСОМ остро реагира


  Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара тој веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Од АСОМ велат дека донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на …

Владата го враќа во игра законот на ДУИ за обложувалниците, АСОМ остро реагира Read More »

16 јули во историјата – САД го спроведоа првиот успешен тест на нуклеарна бомба


  Откако го започнаа проектот Менхетен, Американците го видоа и првиот тест на нивната нуклеарна бомба. Тестот беше спроведен на овој ден во 1945 година во државата Ново Мексико, а истиот тип бомба беше фрлена врз Нагасаки помалку од еден месец подоцна. САД се првата нуклеарна сила во светот и останаа единствена до 1949 година, …

16 јули во историјата – САД го спроведоа првиот успешен тест на нуклеарна бомба Read More »

Арсовска му одговара на ВМРО-ДПМНЕ: Полицајци на Тошковски фатени како крадат вода


  Со секој ден ВМРО-ДПМНЕ влегува во нов судир со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска (нивен кандидат на последните локални избори) и наместо да го осуди нападот врз неа ја обвинува дека главниот град страда за вода. Арсовска одговори остро, велејќи дека „полицајци на Тошковски“ се меѓу тие што диво се приклучуваат на водоводната мрежа. …

Арсовска му одговара на ВМРО-ДПМНЕ: Полицајци на Тошковски фатени како крадат вода Read More »

Трамп ги повикуваше поддржувачите да гледаат заговори насекаде. Со Епштајн, тоа му се враќа нему


  ЊУЈОРК – Додека неговите поддржувачи еруптираат поради неуспехот на американското Министерство за правда да ги објави многу рекламираните записи во истрагата за трговија со луѓе на Џефри Епштајн, стратегијата на претседателот Доналд Трамп е да го намали значењето на проблемот. Неговиот проблем? Тој пристап „ништо да не се види тука“ не функционира за оние …

Трамп ги повикуваше поддржувачите да гледаат заговори насекаде. Со Епштајн, тоа му се враќа нему Read More »

Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем


  Владата на вчерашната седница го усвоила текстот на законот за средно образование на верските заедници. Тоа ќе овозможи богословското училиште „Свети Климент Охридски“ и исламската медреса „Иса Беј“ да влезат во државниот образовен систем. Двете најголеми верски заедници повеќе години бараат да се донесат законски промени со кои учениците кои таму матурираат да можат …

Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем Read More »

Стејт департментот масовно ги отпушта аналитичарите за Русија


  Меѓу околу 1.350 вработени отпуштени минатата недела во американскиот Стејт департмент, имало и виши аналитичари во Бирото за разузнавање и истражување (ИНР), вклучувајќи специјалисти за Русија и Украина, изјавија неколку сегашни и поранешни функционери за „Њујорк тајмс“. Меѓу отпуштените имало и лица кои истражуваат руски воени злосторства. Кратењата влијаеле на единицата на Стејт департментот …

Стејт департментот масовно ги отпушта аналитичарите за Русија Read More »

Мицкоски е само ученик на Груевски, а не на ЕУ, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во синоќешната емисија „Само интервју“ на Канал 5 ја оцени политиката на сегашната влада како продолжение на владеењето на Никола Груевски. Тој рече дека се воспоставува систем на ВМРО-ДПМНЕ каков што постоеше до 2016 година. „Граѓаните не гледаат дека се воспоставува каков било систем во владеењето. Тие само гледаат …

Мицкоски е само ученик на Груевски, а не на ЕУ, вели Филипче Read More »

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник на Скопје


Левица за локалните избори се откажа од проектот од минатите избор кога поддржаа независен кандидат за Скопје, а сега партијата ќе оди со свој партиски кандидат. Тоа го соопшти претседателот на партијата, Димитар Апасиев, во интервју за ТВ 24. Левица објави оглас за кандидати за градоначалници, на кој се пријавиле 20 лица. Од утре ќе …

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник на Скопје Read More »

Словачка го блокираше новиот пакет санкции на ЕУ против Русија


  Словачка го одложува усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија, потврди шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас На средбата со медиумите таа изјави: „Руската бомбардирачка кампања достигна рекордни нивоа и гледаме зголемена употреба на забрането хемиско оружје од страна на Русија во Украина. Сето ова покажува дека Русија не сака мир.“ Потоа …

Словачка го блокираше новиот пакет санкции на ЕУ против Русија Read More »