Голем пожар во атарот на с. Дебрешта, ќе интервенираат трите Ер Трактори на ДЗС


Центарот за управување на кризи информира дека избил голем пожар во атарот на селото Дебрешта која се наоѓа во општината Долнени и дека упатени се трите Ер Трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за интервенција. – Во атарот на с. Дебрешта, општина Долнени, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума. За да се превенира […]

Војници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Межица, Словенија


Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои учествуваат во хуманитарните операции во Словенија за санирање на штетите од катастрофалните поплави, заедно со припадниците на Словенечката војска изградија привремен мост во општината Межица во северниот дел на земјата, кој денеска беше пуштен во употреба. На отворањето на мостот во оваа општина во корушкиот регион, присустуваше […]

Германија произведува најмногу сладолед во ЕУ, а Франција е најголем извозник


Луксембург – Во Европска Унија во 2022 година се произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за пет отсто повеќе од претходната година. Најголем производител беше Германија, а најголем извозник на сладолед од ЕУ беше Франција, објави Евростат. Германија произведе 620 милиони литри сладолед, Франција 591 милион литри и Италија 571 милион. Покрај тоа што Германија […]

Театарот„ Војдан Чернодрински“ од Прилеп со „Декамерон“ на вечерва на „Охридско лето“


Драмската програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со изведбата на поставката на претставата „Декамерон“ на Џовани Бокачо, во изведба на актерската екипа на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека […]

Двајца браќа брутално претепале возач заради недоразбирање во сообраќајот


Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик. Како што информираат во Обвинителството, на 12 август, двајцата осомничени со умисла нанеле тешки телесни повреди врз […]

Благој Нацоски е нашиот амбасадор на културата : 30 години од дипломатските односи помеѓу Македонија и Италија


Во саботата, на 12 август, нашиот реномиран тенор кој живее и работи во Италија, Благој Нацоски одржа концерт, втор годинава во Италија од ваков тип, со атрактивна македонска програма. Се одржа во Сан Квирино ди Порденоне, по негова иницијатива, а во чест на 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Италија. Публиката имаше можност […]

Ал Хилал ќе плати за Нејмар 150 милиони евра годишно за ПСЖ 100 милиони за трансферот


Париз – Нејмар ќе добие шест пати поголема плата во Ал Хилал отколку во Пари Сен-Жермен. Претходно се дозна дека Бразилецот го комплетира трансферот во саудискиот клуб. Според „Sky Sports“, ПСЖ за трансферот ќе добие 100 милиони евра. Самиот Бразилец ќе добива 150 милиони евра годишно – шест пати повеќе отколку во ПСЖ. Новинарот Кавех […]

Словенечката Влада го прогласи денешниот ден за Ден на солидарност за помош на поплавените


Љубљана – Словенечката Влада денеска одлучи да го прогласи 14 август за Ден на солидарноста, кога граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат на погодените од поплавите. Објавувајќи ја одлуката, премиерот Роберт Голоб рече дека земјата сака да го заврши тешкиот период во духот на солидарноста, јави СТА. Тој додаде дека луѓето ќе добијат […]

Опасен курс на Балканот, а Берлин молчи


Берлин – За Балканот пишуваат три германски медиуми: „Франкфуртер алгемајне“ за „најдобрите пријатели на Путин“, „Тагесцајтунг“ за „пропаднатата стратегија“ на САД и ЕУ и „Берлинер цајтунг“ за „доминацијата на Србија“ што „мора да се скрши“. Русија во Европа може да се потпре на тројца сојузници, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“: „Во земјата-членка на ЕУ, Унгарија, земјата кандидат […]

Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е да бил каснат од крлеж


Пациентот од Велес, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести како трет случај со потврдена конго-кримска хеморагична треска, рибарел покрај Вардар, па можно е болеста да ја добил од каснување на крлеж или друг инсект. Ова во изјава денеска го кажа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката. Таа информира дека во саботата вечер, пациентот […]

Филмот не е уметност ако вештачката интелигенција ги пишува сценаријата


Сараево- Режисерот и сценарист Чарли Кауфман смета дека филмот не може да биде уметност ако се занимава со продажба на производи, дека употребата на вештачка интелигенција не може да му даде хуманост и дека вистинските творци мора да избегаат од системот на филмското студио. Оскаровецот Кафуман, кој денеска учествува во програмата „Мастерклас“ на Сараевскиот филмски […]

Американец стана милионер преку ноќ: Под своето поле со пченка нашол 800 златници


Човек од американската сојузна држава Кентаки стана милионер преку ноќ, откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети од времето на американската Граѓанска војна (1861 – 65), за коишто се проценува дека вредат милиони долари. Тој ископал повеќе од 800 кованици што датираат од 1840 до 1863 година. Видеоснимка од откритието објави „Говминт“ […]

СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина 77 годишен пензионер од Неготино


Пензионерот што загина одејќи на протест имал 77 години, СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката.   – Денеска околу 09.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, кај зимски пункт Македонија, патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) […]

Од Џеф Безос до Опра: Жителите милијардери на уништениот Мауи


Додека шумските пожари продолжуваат да прават хаос на Мауи, животите и имотите на овие жители од висок профил се ставени во центарот на вниманието. Додека нивните луксузни домови и живописните погледи се олицетворение на американскиот сон, огнената криза не потсетува дека гневот на природата може да допре секого. Од медиумски магнати до технолошки титани, еве […]

УХМР: Утре локална нестабилност со пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде локално нестабилно, проследено со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во следните денови, како што информира УХМР, времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Трет случај на конго-кримска хемогарична треска


  Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго-кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје  и е во стабилна општа состојба.  Од ИКЈ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично […]

Линда Евангелиста вели дека Салма Хаек е супермаќеа на нејзиниот син Август


Њујорк- Линда Евангелиста е толку среќна нејзиниот син Август „Оги“ Џејмс има одлична маќеа во Салма Хаек. Во нејзината заедничка насловна страница на Vogue со колешките супермодели Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Наоми Кембел, 58-годишната модна икона се отвори за нејзината семејна динамика со Хаек. Актерката е во брак со поранешниот партнер на Евангелиста, милијардерот […]

Линда, Синди, Кристи и Наоми: „Вог“ ги собра супермоделите по 33 години


Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Линда Еванџелиста, Татјана Патиц и Синди Крафорд кои заедно ги фотографираше Питер Линдберг за насловната страница на „Vogue“ од јануари 1990 година, ги одбележаа 90-те години. Сега, 33 години подоцна, слична фотографија била креирана за септемвриското издание на магазинот, најважното издание во годината во модниот свет, а верзијата на насловната страница […]

Странски македонисти и слависти од 18 земји на Школата за македонски јазик


Околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави ќе учествуваат на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), која ќе се одржува во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид  од 17 до 31 август. Пријавени се семинаристи од Кина, САД, […]

Македoнија меѓу земјите со најниска стапка на вонбрачни деца во Европа


Во Северна Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници […]