Од Ацо Шопов до Крсте Мисирков – богата програма на Летната школа по македонски јазик во Охрид


Седумдесеттина македонсти и слависти од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република ќе учествуваат на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  (МСМЈЛК при УКИМ) што […]

Откриен купувачот на летниот имот на Џеки Кенеди во Хемптон- Том Форд искешира 52 милиони долари


Пред едвај осум месеци, Том Форд му плати на гуруто на приватниот капитал Роб Хејверт неверојатни 51 милион долари за елегантно дизајнирана современа палата во Палм Бич. Но, пред само неколку недели – како дел од договор надвор од пазарот кој се очекува да надмине 100 милиони долари, по The Real Deal – модниот магнат […]

Летонија ја зајакна безбедноста на границата со Белорусија по 96 обиди за илегални преминувања


Рига – Граничната служба на Летонија денеска побарала помош од армијата и полицијата за да ја чуваат границата со Белорусија по 96 обиди за илегално преминување во рок од 24 часа, соопшти граничната служба. На припадниците на Граничната служба им е скратен одморот за да можат да се вратат да патролираат по границата, се додава […]

Сондата „Паркер“ очекува шесто прелетување над Венера


Хјустон – Сончевата сонда „Паркер“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, како што се предвидува, oвој месец ќе го направи своето шесто прелетување над Венера. Леталото ја користи гравитацијата на планетата за самото да се доближи до Сонцето. Лабораторијата за применета физика „Џон Хопкинс“ во Лорел, Мериленд, САД, и тимот на мисијата испратиja серија […]

Пожарот кај село Соколарци сѐ уште активен, го гасат три ер-трактори и хеликоптер


Пожарот кај селото Соколарци е сѐ уште активен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека сувата трева гори многу бргу, а ветрот што почнува да дува, го носи огнот на разни страни. – Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од […]

ОН: Во Украина досега убиени речиси 10.000 цивили


Њујорк – Високиот комесаријат за човекови права при ОН (ОХЦХР) денеска соопшти дека речиси 10.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина. Новиот извештај објавен денеска потврди дека 9.444 цивили се убиени, а 16.940 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Во извештајот се наведува и дека досега […]

Донирани 160 таблети на институции и даватели на социјални услуги


Владата на денешната 178 седница донесе одлука за давање на трајно користење на 160 таблет компјутери на институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво низ целата држава.  Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за донација на таблет компјутери, кои се донираат на над дваесет институции и даватели на социјални […]

До 2027 година глобалното богатство ќе се зголеми за 38 отсто


Њујорк– Глобалното богатство, мерено во лични средства, од недвижен имот до акции, ќе порасне за 38 отсто до 2027 година, главно поттикнато од пазарите во развој, покажува студијата објавена денеска од Credit Suisse и UBS. Годишниот извештај за глобалното богатство, кој го проценува богатството на 5,4 милијарди возрасни лица на 200 пазари, вели дека глобалното […]

Низ Варшава помина најголемата воена парада во изминатите децении


Варшава – По тригодишна пауза денеска низ Варшава помина воена парада на Денот на полската армија, најголема во изминатите неколку децении. Со парада, Полска традиционално ја одбележува годишнината од битката кај Варшава, наречена „Чудото над Висла“, кога Полјаците успеаја да го поразат СССР во таканаречената Полско-советска војна од 1919 и 1920 година пред 103 години. […]

Милевски ќе продолжи да ја предводи репрезентацијата


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница дискутираше во однос на работата и постигнатите резултати на македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 и одлучи селекторот Благоја Милевски да остане на функцијата. – Управниот одбор на ФФМ го почитува начелото „на стара слава не се живее“. Незадоволство од постигнатите резултати е впечатокот кои […]

Заедничка вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август до 1 септември


Владата на денешната седница донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на заедничка обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“, соопшти владината прес-служба. Заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ е дел од Планот за билатерална соработка за 2023 […]

Асаф Абдурамани нов в.д. директор на ФЗОМ


Владата, на денешната седница, ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Во порака на фејсбук до сопартијците од ДУИ, Ахмети рече дека продолжува со нови задачи во […]

Објавена е Шангајската листа, и годинава без македонски универзитет на неа


Објавено е Академското рангирање на светските универзитети за 2023 година од страна на организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“. Листата и годинава, за нејзината 20-годишнина, не носи големи изненадувања. Меѓу најдобрите илјада универзитети во светот и оваа година нема ниту една македонска високообразовна установа. По 21-ви пат, на врвот на меѓународната листа се наоѓа Универзитетот Харвард. На второ […]

Тужба против Град Скопје оти не обезбеди бесплатен превоз за студентите од приватните универзитети, најавува КСЗД


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес (Actio popularis) за остварување на правото на бесплатен јавен превоз за сите студенти од приватните универзитети, објави Радио МОФ. Од КСЗД за Мета.мк потврдија дека размислуваат за два типа на пријави, од кои едната е прекршочна и ќе се […]

Jавно обвинителство: Лани имало посложени облици на организиран криминал


Двојно поголем е бројот на лица кои се опфатени со посебни истражни мерки во однос на претходната година, покажува Извештајот за примена на посебните истражни мерки во текот на 2022 година што го објави Јавното обвинителство и го достави до Собранието на Република Северна Македонија. Истовремено, бројот на случаи во кои се применети вакви мерки е намален, […]

Како „Голконда“ на Магрит стана инспирација за насловницата на GQ со Фарел Вилијамс


Париз- Возбуден сум што можам да објавам дека Фарел Вилијамс го предводи новото глобално издание на GQ од септември 2023 година. Последен пат Фарел Вилијамс беше на насловната страница на американскиот GQ беше ноември 2019 година, кога се појави на специјалното издание наречено „Новото прашање на машкоста“. Тој беше облечен во неверојатно надуен балски фустан […]

Истрага и апсења поради модна фотосесија во џамија во Анкара


Анкара – Турските власти покренаа истрага за модна фотосесија во џамијата Коџаитепе во Анкара, јави турската приватна телевизија НТВ. Генералното обвинителство на Анкара соопшти дека во рамките на истрагата се приведени две лица, директорот Б.К. и моделот Е.Ј. Владата на Анкара, исто така, започна административна проверка и истрага. Фотографиите се направени и внатре и надвор од […]

Грчкото МНР за изјавата на Милановиќ: Во Грција функционира владеењето на правото


Атина – Грција ги почитува основите права на притворените и го гарантира интегритетот на оние кои се наоѓаат во затворите, а во земјата функционира владеењето на правото, порача портпаролот на грчкото МНР Стратос Ефтимиу во врска со изјавите на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, кој рече дека хрватските навивачи се „воени заробеници“, јави дописничката на МИА […]

Исланд, Данска и Ирска се најбезбедните земји во светот, Македонија на 38. место


Копенхаген– На врвот на листата на најбезбедни земји во светот е Исланд, а зад него се Данска и Ирска, покажува најновата листа на Глобалниот индекс на мирот направена од Институтот за економија и мир. Исланд се смета за најбезбедна земја за туристи кои летуваат, бидејќи е оценет како политички стабилен и има ниска стапка на […]

Тројца Бугари приведени во Велика Британија, осомничени за шпионажа во корист на Русија


Лондон – Тројца бугарски државјани осомничени за шпионирање во корист на Русија се приведени во Велика Британија во рамки на широка безбедносна истрага, јави денеска Би-Би-Си. Тројцата осомничени беа уапсени во февруари и оттогаш се во притвор. Се вели дека работеле за руските безбедносни служби. Тие беа обвинети дека поседувале лични документи кои имале намера […]