Каква зима нѐ очекува?
Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, …