Климатската криза нè чини 16 милиони долари на час, покажува новото истражување


Во последните 20 години штетата предизвикана од екстремните временски услови чинела 16 милиони долари на час, покажува ново истражување, а пренесува „Гардијан“. Бурите, поплавите, топлотните бранови и сушите имаат одземено многу животи и уништено голем број имоти во последните декади, додека глобалното затоплување само ги зачестува и засилува катастрофите, се вели во истражувањето. Оваа студија објавена […]

Петти јубилеј на Андерфест – обединување на авангардната култура


Популарниот музичкиот фестивал Андерфест кој ја обединува андерграунд културата во Македонија, ќе се одржи по петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар. На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музика од алтернативната, рок, панк-рок, метал и хардкор сцената. Најавените бендови се веќе добро познати за јавноста и се очекува голем интерес за истите.  Овогодишните изведувачи се […]

Дневно по една жена во земјава ја губи битката со ракот на дојка, расте и бројката на дијагностицирани


Најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2022 година е малигната неоплазма на дојка, се вели во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според презентираните податоци по години, забележливо е дека расте и бројот на новозаболени и бројот на смртни случаи, за разлика од минатите години. Па така, од […]

Благоја Јовановски годинашен добитник на наградата „Вавилон“ на ЕУ


Благоја Јовановски е годинашен добитник на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“, за неговиот превод од англиски на македонски јазик на извадок од делото „Магионичарот“ од Колм Тојбин. Наградата вчера по десети пат беше доделена од страна на Делегацијата на Европската Унија во земјава, во партнерство со Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ). Доделувањето на […]

Русија го потврди притворот на американскиот новинар Еван Гершкович


Москва- Московскиот суд во вторникот ја отфрли жалбата на американскиот новинар Еван Гершкович за неговото притворање поради обвинение за шпионирање и нареди да биде задржан до 30 ноември. Гершкович беше уапсен за време на известување на крајот на март во градот Екатеринбург на Урал, со што стана првиот западен репортер кој е затворен под обвинение […]

Копола го нарече Скорсезе „најголемиот жив филмски режисер на светот“


Според Френсис Форд Копола, Мартин Скорсезе е вистинскиот кум на модерното кино. Копола на Инстаграм го нарече својот „долгогодишен пријател“ Скорсезе „најголемиот жив филмаџија во светот“ додека го вклучи трејлерот за претстојниот еп на Скорсезе „Убијци на цветната месечина“. „Мојот долгогодишен пријател Мартин Скорсезе има нов филм кој излегува овој месец, „Убијци на цветната месечина“, […]

Вонредно изборно Собрание на ДПМ поради актуелната состојба


Претседателката на Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 25 ноември ќе свика вонредно изборно Собрание, поради актуелната состојба. -Врз основа на Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во својство на Претседателка на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, свикувам вонредно изборно Собрание за ден 25.11. […]

Пијанистот Дино Имери со низа концерти дома и во странство ќе ја заокружи годината


Македонскиот пијанист Дино Имери, кој не случајно критиката го нарекува „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година го очекуваат неколку значајни настани, што ќе придонесат кон збогатување не само на неговата лична биографија и пијанистичка кариера, туку и на културното милје во земјава. Имери ќе реализира концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, […]

Автобусите во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено


Во текот на утрешниот ден, кога во земјава се одбележува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот: таа на Транспортен Центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров. […]

Светски ден на ментално здравје: „Има денови кога најголем напор ми е да ја измијам косата“


Да се има анксиозност и депресија е како да се биде исплашен и изморен во исто време. Да ти е страв од неуспех, но да го немаш нагонот да бидеш продуктивен. Да сакаш пријатели, ама да не сакаш да се социјализираш. Да сакаш да си сам, а да не сакаш да си осамен. Да се […]

Режисерката Дина Дума гостува на фестивалот „Џифони Македонија“


Со проекција на босанскиот филм „Екскурзија“ во режија на Уна Гуњак за кадетите, и со проекција на македонскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума за сениорите, вечер ќе биде затворено 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Фестивалот ќе се затвори во киното „Милениум“ во Скопје, а учесниците низ танц, музика, филм, анимации, […]

Кино „Манаки“ во Битола со филмски блокбастери


Градот на првите сниматели на Балканот, го одбележува Денот на ослободувањето. 79 години слободна Битола, продолжува да ја негува историјата, сочувана низ објективот на Браќата Манаки, истовремено следејќи ги новите филмски трендови и низ најновите технолошки достигнувања, доближувајќи ги до своите граѓани најактуелните холивудски хитови. 102 години после првата филмска проекција во Кино бавчата на […]

Белата куќа и Емпаер стејт билдинг осветлени со боите на Израел во знак на подршка на САД по нападите на Хамас


Вашингтон – Белата куќа од синоќа е осветлена во сино и бело во знак на американската подршка за Израел, а по повик на републиканскиот сенаторо од Јужна Каролина Линдзи Грем, откако во терористичите напади на Хамас во Израел загинаа повеќе од 800 луѓе.  Ова ја „симболизира железната подршка и солидарност на американскиот народ со народот на […]

Синдикалната минимална кошничка за месец септември изнесува 48.379 денари


 Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство за месец септември изнесува 48.379 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со претходниот месец, минимална синдикална кошница е намалена за 966 денари, што, според ССМ, е резултат на загарантираните цени на прехранбените производи. – Со зголемувањето на ДДВ на истите тие производи, […]

По нападот на Хамас, нагол скок на цената на нафтата


Тел Авив– Неочекуваниот и силен напад на милитантната организација Хамас врз Израел доведе до силен скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Главната референтна цена на Брент порасна за приближно 3,5 долари за барел сурова нафта и се приближува до нивото од 89 долари за барел. Цената се стабилизираше на повисоко ниво, а […]

„Наоми“: Револуционерната мода на супермоделот во фокусот на изложбата во Лондон


Лондон- Револуционерната кариера на 53-годишниот супермодел ќе биде истражена преку нова изложба во музејот Викторија и Алберт во Лондон. Насловена како Наоми, изложбата е „прва од ваков вид“ презентација која ги истакнува „креативните соработки, активизмот и далекусежното културно влијание“ на Кембел преку облеката, според веб-страницата на музејот. Изложбата ќе вклучува парчиња од плакарот на Кембел, […]

„Есенски базар“ во Скопје Сити мол од 19 до 22 октомври


Од 19 до 22 октомври, во организација на Скопје Сити Мол ќе биде реализиран „Есенски базар“ на кој ќе земат учество 24 индивидуалци „artisans“ – уметници. Деликатно направен избор на современи креативци се со цел да се поддржи рачната изработка на уникатни производи. На претстојниот базар ќе земат учество модерни брендови, кои нудат широка палета производи, […]

„Марија“: Први фотографии од Анџелина Џоли како оперската дива Калас


Пабло Ларин (Џеки) откри две први фотографии на Анџелина Џоли како Марија Калас во неговиот нов филм кој ќе го истражува животот на легендарната оперска дива, честопати опишана како оригинална дива. Врз основа на вистинити приказни, „Марија“ ќе ја раскаже бурната, убава и трагична приказна за животот на најголемата светска оперска пејачка, оживеана и замислена […]

„Кој си игра со вашиот мозок“ – предавање на Метаморфозис пред стотици средношколци од различни држави


Пред стотици средношколци од повеќе различни држави, Фондација Метаморфозис вчера преку предавања за лажни вести и дезинформации зеде учество на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Заменик-уредничката на Мета.мк, Мери Јордановска и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист во Фондацијата Метаморфозис на младите вчера им презентираа голем број примери за начините на кои се шират лажните […]

За една недела 140 позитивни случаи на ковид, 13 лица се хоспитализирани на Инфективна


Во период од една недела, од вкупно направени 635 тестови, 140 се позитивни на ковид-19, информира за Мета.мк директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети. Тој информира дека во моментов заклучно со денешниот датум, 9 октомври, 13 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои четворица се на кислородна поддршка, а еден […]