Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 16 ноември 2023 година, 320-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 45 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 24 минута, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Живот како на филм : Омилените цитати на Лаушевиќ


На 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, почина познатиот Жарко Лаушевиќ, актерот кој навистина имаше живот како од филм.  За неговиот живот е снимен и филмот „Лауш“ (2014) по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ. Лаушевиќ ја објави својата книга „Годината минува, денот никогаш” (2011) пишувана во неговата затворска келија, која содржи […]

Сијарто во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре, 16 ноември, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во фокус на разговорите ќе бидат нашиот пристапен процес во ЕУ, билатералните односи во контекст на економската соработка и партнерството во рамки на меѓународните организации, како […]

Четири нови случаи на ХИВ во земјава за еден месец


Во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА, наведено е во билтенот за акутни заразни заболувања во Македонија за изминатиот месец. Во октомври регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА. Еден смртен случај на лице е пријавен во 2022 и еден смртен случај е од новорегистрираните лица во месец […]

Од ковид во октомври во земјава починале 11 лица, превентивните мерки да се почитуваат


Раст на бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Во октомври 2023 година починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, како и од август кога имало само еден починат. Ова се официјални податоци од Институтот за јавно здравје, за кои епидемиолозите велат дека треба […]

Претставата „Бесачи“ се презакажува за 1 декември


Изведбите на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, кои беа закажани за 29 и 30 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ), се презакажуваат за 1 декември поради одлуката на Владата за одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.  Како што информира МНТ, сите посетители кои билетите ги купиле преку онлајн-системот ќе бидат директно контактирани […]

На 63 години почина големиот актер Жарко Лаушевиќ


Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти во име на семејството неговата втора сопруга Анита Лаушевиќ. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана, пренесува белградска „Политика“. Пред да биде хоспитализиран летово заради проблеми со бели дробови, актерот не сакал да го пропушти продолжението на […]

Елизабет Дебицки како леди Дијана: „Радио Тајмс“ како „Вог“ од 1991


Елизабет Дебицки (33) ѝ оддава почит на принцезата Дијана со новата насловна страница. Ѕвездата на „Круната“ (Crown) ја „оживува“ легендарната насловна страница на Дијана за Вог од 1991 година за новото издание на Радио Тајмс пред претстојната шеста сезона – во која таа ја игра покојната принцеза – премиерно на Нетфликс на 16 ноември. На […]

“Поол”, “Франкенштајн” и “Роденден” денес на 48 МОТ


Денеска на програмата на Млад отворен театар (МОТ) публиката ќе проследи три домашни продукции. Во 18 часот актерите на Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе ја одиграат младинската претстава „Франкенштајн“. Претставата е во режија на Кокан Младеновиќ, а играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска. […]

Ким Кардашијан е магнат на годината – ја краси насловницата на „Џеј-кју“ за мажи


Ким Кардшијан ги крши границите лево и десно. Магнатот на SKIMS (43) беше прогласена за една  од насловните ѕвезди на GQ за „Мажи на годината“, заедно со Џејкоб Елорди. Кардашијан се приклучува на листата на моќни жени – вклучувајќи ги Ријана, Меган Ти Сталион, Џенифер Лопез, Џенифер Анистон и Скарлет Јохансон – кои претходно го […]

„ЗЏМ свири Леб и сол” – концерт со биг-бенд изведби на композициите на македонските музички великани


Во салата на Националната опера и балет, на 9 декември ќе биде одржан концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен како „ЗЏМ свири Леб и сол“. Како што најавуваат организаторите, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан […]

Нов тренд во светската мода: Сѐ повеќе (непознати) мажи на чело на луксузните брендови


За само три месеци тројца мажи со многу слични профили беа назначени на клучните позиции креативни директори на луксузни брендови. Иако овој факт поттикна многу страсти, мислењата како и секогаш се поделени… Сè започна откако Сабато де Сарно стана креативен директор на модната куќа Гучи во средината на август, а потоа следеа серија нови „прогласи“ […]

Во Германија досега се обучени околу 8.000 украински војници


Берлин – Германските вооружени сили досега обучиле околу осум илјади украински војници. „Очекувам дека до крајот на годината ќе обучиме околу десет илјади војници, во околу 200 модули за обука“, изјави генерал-полковник Андреас Марлоу, командант на мултинационалната единица за обука. Таа воена единица се наоѓа во Штраусберг во близина на Берлин и управува со мисијата […]

Најстудено во Берово, најтопло во Охрид


 Утрово најниска темепратура од 1 степен Целзиусов, е измерена во Берово, а најтопло е во Охрид со 10 степени. Како што соопшти УХМР, 2 степени се измерени во Скопје-Петровец, 3 Струмица, Крива Паланка 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Штип, Велес, Битола, 5 Тетово, Гевгелија, Кавадарци, 6 Попова Шапка, Лазарополе, 7 Виница, 8 Прилеп, Претор, […]

Ѓоковиќ по поразот од Синер: Јаник одигра фантастичен меч


Торино- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го пофали Италијанецот Јаник Синер од кого вчеравечер загуби со 2:1 во меч од зелената група на завршниот АТП турнир во Торино. – Мислам дека главната разлика е во тоа што во важните моменти беше похрабар. Јаник заслужи да победи бидејќи во клучните моменти не бев доволно агресивен, недоволно решителен. […]

За изборите предвидени една милијарда денари, почнатите капитални инвестиции ќе се реализираат и во изборна година


 За изборите догодина со Предлог-буџетот за 2024-та се предвидени една милијарда денари или за секој циклус по 500 милиони денари, рече вчера министерот за финансии Фатмир Бесими. Според него, планираните капитални инвестиции за време на изборите не смеат да се промовираат, но нивната реализација нема да се стопира. -Јасно е во Законот за спречување на […]

Премиера на концертот за деца „Оловното војниче“ во Филхармонија


Филхармонијата денеска напладне премиерно ќе го изведе концертот за деца насловен „Оловното војниче“ на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент е Борјан Цанев, а наратор актерот Мартин Јордановски. Концертот се темели на истоимената приказна од Ханс Кристијан Андерсен за љубовта помеѓу две играчки. -Премиерната изведба на ова музичко дело од Филип Иванов инспирирано од […]

Романската министерка за надворешни работи Одобеску во посета на Скопје


Шефицата на дипломатијата на Романија Луминица Одобеску денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности […]

Форум за опасноста по културното наследство при воени конфликти


 „Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ е насловен форумот кој денеска напладне ќе се одржи во киносалата на Музејот на Република Северна Македонија. Форумот го организираат Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите […]