„Сексот и градот : И просто, така оди тоа“ со трета сезона – што да очекуваме?


Њујорк– Втората сезона на…И просто, така оди тоа“, ново продолжение за рестартирање на култната серија „Сексот и градот“, завршува оваа недела. Втората сезона од единаесет епизоди го прикажуваше враќањето на Ејдан на Џон Корбет, а во финалето ќе биде вклучено и краткото камео на Ким Катрал како Саманта. Фановите веќе се прашуваат: Дали е ова …

„Сексот и градот : И просто, така оди тоа“ со трета сезона – што да очекуваме? Read More »

Кендал Џенер позира на коњ во кампањата на Стела Мекартни


Ако веќе не сте знаеле, Кендал Џенер е горда девојка со коњи. „Отсекогаш сум сакала животни. Јавав коњи 10 години, па мислев дека ќе бидам професионален јавач, а потоа ветеринар“, изјави таа за Harper’s Bazaar во 2016 година. Судбината, се разбира, имаше различни планови за втора најмлада членка на кланот Кар-Џенер, а заврши во модната …

Кендал Џенер позира на коњ во кампањата на Стела Мекартни Read More »

Поддршка од Македонската секција на ФИПРЕСЦИ за Манчевски


Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ денеска соопшти дека се придружува кон поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ. -Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој …

Поддршка од Македонската секција на ФИПРЕСЦИ за Манчевски Read More »

МиГ-29 или Ф-16: Кој борбен авион е подобар?


При свртување огромна гравитациска сила го прицврстува пилотот за седиштето. Губењето на свеста се спречува само со врвна кондиција и специјални хеланки кои ја туркаат крвта од нозете. Брзината на летот ретко е под 900 километри на час.   Линк до целиот текст тука

Митот за „Стокхолмскиот синдром“ опстојува половина век


Стокхолм- Киднаперот Јан-Ерик Олсон вооружен со автоматска пушка и под дејство на наркотици влегол во банка во центарот на Стокхолм во 1973 година на денешен ден, 23 август, со зборовите на англиски јазик „Сите долу, нека започне забавата“. Тогаш почнува заложничката криза која ќе трае шест дена. Така се роди концептот познат во светот „Стокхолмски …

Митот за „Стокхолмскиот синдром“ опстојува половина век Read More »

Индиското вселенско летало „Чандрајан-3“ денеска слетува на Месечината


Лос Анџелес – Индискиот вселенски брод „Чандрајан-3“ цели кон површината на Месечината пред нејзиниот историски обид за слетување, правејќи патем и слики од својата патеката.  Вселенското летало треба да го почне спуштањето Месечината денеска околу 14:15 часот по македонско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши тн. меко слетување на …

Индиското вселенско летало „Чандрајан-3“ денеска слетува на Месечината Read More »

САД лидери на СП во атлетика со шест злата


Будимпешта– Атлетичарите од Соединетите Американски Држави се први на табелата медалисти по четвртиот ден на Светско првенство во Будимпешта. Американците со шест златни медали и вкупно 12 се убедливи лидери. Табела: 1. САД – 6-4-2 (12) (злато-сребро-бронза, вкупно) 2. Шпанија – 2-0-0 (2) 3. Етиопија – 1-3-2 (6) 4-6. Велика Британија – 1-1-1 (3) 4-6. …

САД лидери на СП во атлетика со шест злата Read More »

Дрон удри во зграда во изградба во Москва, а други два беа соборени


Москва – Беспилотно летало удри во зграда во изградба во московскиот деловен кварт, а други две биле соборени од руската противвоздушна одбрана во близина на главниот град. Во нападот извршен ноќеска нема повредени лица, соопшти руското Министерство за одбрана. Се наведува дека беспилотните летала биле украински. Засега нема реакција од Украина. Во соопштението на руското МО …

Дрон удри во зграда во изградба во Москва, а други два беа соборени Read More »

Блокадата на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ


Блокадата на уставните измени и продолжувањето на европскиот пат од страна ДПМНЕ, не само што предизвикува изолација на државата и застој на евроинтергациите, туку значително неповолно ќе влијае на економските придобивки за економијата и граѓаните. Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ. Само во …

Блокадата на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ Read More »

Осум републиканци ќе учествуваат на првата предизборна дебата во САД


Вашингтон – Републиканскиот национален комитет соопшти дека вкупно осум кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија се квалификувале за првата предизборна дебата во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, сенаторот од …

Осум републиканци ќе учествуваат на првата предизборна дебата во САД Read More »

Започнува 20. Меѓународен стрип салон „Велес 2023“ и 5- тата Стрип колонија


Македонскиот стрип центар од Велес од  вечер до 27 август  ќе биде домаќин на 20 јубилеен Меѓународен стрип салон „Велес 2023 и 5- тата Стрип колонија.Свеченото отворање е вечер во 20 часот во Европската куќа на млади, поранешно Градско кино во центарот на Велес. Во рамки на 5 -тата стрип колонија што од 23 до …

Започнува 20. Меѓународен стрип салон „Велес 2023“ и 5- тата Стрип колонија Read More »

Османи – Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Шпанија, имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на …

Османи – Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата Read More »

Серијал есенски концерти во битолскиот Центар за култура


Националната установа Центар за култура-Битола ја утврди есенската програма за културни настани во која се содржани концерти, фестивали, изложби и други манифестации. Серијалот почнува со предпразничен концерт на битолчанецот Крсте Роџевски кој ќе се одржи на 7 септември, а најголемиот музички спектакл се очекува да го приреди словенечката авангардна група Лајбах која во Битола ќе …

Серијал есенски концерти во битолскиот Центар за култура Read More »

Њујорк тајмс: Украинските сили се погрешно распоредени


Вашингтон – Украинската војска се измачува да ја пробие руската одбрана во голем дел затоа што има премногу војници на погрешни места вклучително и некои од нејзините најдобри борбени единици, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници. Еден од нив наведува дека главната цел на контраофанзивата треба да биде прекинување на руските линии за снабдување …

Њујорк тајмс: Украинските сили се погрешно распоредени Read More »

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила Нна ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска …

Состојба на патиштата Read More »

Европските нафтени компании не прават ништо за енергетската транзиција


Амстердам– Еколошката организација „Гринпис“ ги обвини европските компании за гас и нафта дека „не прават ништо“ за енергетската транзиција и дека „апсолутно ги игнорираат нивните климатски обврски“. Организацијата упати апел до владите да ги принудат да го прекинат производството на фосилна енергија за да ја спасат климата. Во извештајот на германскиот политиколог и експерт за …

Европските нафтени компании не прават ништо за енергетската транзиција Read More »

Активни пожари во Горно Количани, Драчевица, Орланци и Мелница


Во државава се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информира изутринава Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени …

Активни пожари во Горно Количани, Драчевица, Орланци и Мелница Read More »

Кристофер Хил: Политиката на САД кон Косово и Србија е правилна без разлика дали е успешна


Белград – Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во интервју за Гласот на Америка изјави дека САД би сакале бриселскиот дијалог да продолжи многу побрзо и да види договор заснован на формирање на Заедницата на српски општини. Тој зборуваше и за санкциите против Александар Вулин и ја коментираше неодамнешната изјава на министерот Милош Вучевиќ упатена …

Кристофер Хил: Политиката на САД кон Косово и Србија е правилна без разлика дали е успешна Read More »

Пуштање во употреба на фотоволтаична централа во градинката „Пепелашка“ во Општина Центар


Фотоволтаична централа за потребите на градинката „Пепелашка“ во општина Центар, денеска ќе биде пуштена во употреба. Настанот ќе се одржи во кругот на градинката, а обраќање ќе имаат и главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Фотоволтаичната централа е донација на компанијата ОКТА АД Скопје.

Прогласување највело општина во Скопје


Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, денеска на прес-конференција ќе ја прогласат највело општината во Скопје и околината за 2023 година и ќе ги соопштат победничките општини во неколку категории.  Како што соопштија организаторите, во изминатиов период граѓаните имаа можност преку онлајн-гласање …

Прогласување највело општина во Скопје Read More »