Сообраќајот по претежно влажни коловози, проодни сите патни правци


Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.  АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека …

Сообраќајот по претежно влажни коловози, проодни сите патни правци Read More »

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината


  Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од …

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината Read More »

„Повратник со две лица“ – нова книга на Ивица Челиковиќ


Пред крајот на 2025 година, Ивица Челиковиќ го објави својот нов роман со наслов „Повратник со две лица“, во издание на издавачката куќа „Паблишер“. Ивица Челиковиќ е препознатлив по своето богато творештво – автор е на петнаесетина авторски дела, поетски збирки и романи. Како докажан автор, има добиено повеќе значајни награди и признанија, како „Млада …

„Повратник со две лица“ – нова книга на Ивица Челиковиќ Read More »

Кинотека со богата програма во јануари во годината кога одбележува 50 години од формирањето


Кинотека на Македонија најави богата програма за јануари, во годината кога одбележува 50 години од формирањето. -Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава, наведуваат од Кинотека. Јануарската …

Кинотека со богата програма во јануари во годината кога одбележува 50 години од формирањето Read More »

Вечерва почнува „Вевчански карневал 2026“ со концерти на популарна музика


Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата. Утревечер од …

Вечерва почнува „Вевчански карневал 2026“ со концерти на популарна музика Read More »

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце


 Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи осумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот …

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце Read More »

Без струја улица „Ловќенска“ во општина Карпош


Без електрична енергија денеска од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ловќенска“ во општина Карпош. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки рабoти. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од …

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер Read More »

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026


Милано – Италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели ќе настапи на отворањето на Олимписките игри во 2026 година, кои ќе се одржат во Италија од 6 до 22 февруари.  – Неговото присуство претставува природен мост помеѓу музиката и спортот. Ова не е само негово враќање во олимпискиот контекст по учеството на церемонијата на затворање на Зимските олимписки …

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026 Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 12 јануари 2026 година, 12-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  353 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минутa, а ќе зајде во 16 часот и 24 минути. Денов трае 9 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Николоски објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево каде 40 километри се ставени во функција


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција. -Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. Четириесет километри се веќе во функција.Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по …

Николоски објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево каде 40 километри се ставени во функција Read More »

И покрај бојкотот, Израел е на врвот на обложувалниците за Евросонг (и сè уште нема песна)


Иако до Евросонг има повеќе од четири месеци, а неколку земји најавија бојкот, Израел се појави како водечки обложувалници за Евровизија како главен фаворит за победа во 2026 година. Израел, како и повеќето други земји, сè уште не го избрал својот претставник или песната за натпреварот, кој ќе се одржи во Виена во мај. Коефициенти …

И покрај бојкотот, Израел е на врвот на обложувалниците за Евросонг (и сè уште нема песна) Read More »

Унгарскиот режисер Бела Тар, познат по мрачните филмови, почина на 70 години


Будимпешта — Бела Тар, унгарскиот култен режисер и еден од највлијателните европски филмски режисери од неговата генерација, пофален за неговите темни, филозофски дела како што се „Проклетството“ и „Сатантанго“, почина. Имаше 70 години. Веста за неговата смрт ја потврди Европската филмска академија, чиј долгогодишен член беше Тар, објавува „Варајети“. Академијата во вторник објави дека починал …

Унгарскиот режисер Бела Тар, познат по мрачните филмови, почина на 70 години Read More »

Бадниковата поворка кај претседателката Сиљановска Давкова


Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнична посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова. -Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина. Најискрените гласници на верата и мирот – децата, пеејќи за вечниот Бог и Божјата љубов, го најавија Христовото раѓање, објави претседателката на Фејсбук. Таа додаде …

Бадниковата поворка кај претседателката Сиљановска Давкова Read More »

Европа под лед : Возовите запрени, аеродромите во проблеми, луѓе загинати


Ледени временски услови денес погодија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија и петмина загинати на француските патишта. Домашните железнички услуги во Холандија беа целосно запрени утрово откако прекинот на ИТ-системот ги влоши прекините во железничката мрежа во земјата. Возовите продолжија во делови од земјата неколку часа подоцна, …

Европа под лед : Возовите запрени, аеродромите во проблеми, луѓе загинати Read More »

Борел: САД повеќе не се главен сојузник на Европа


Соединетите Американски Држави повеќе не се главен сојузник на Европската Унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, предупредувајќи дека Европа е во „ново поглавје од реалноста“ и мора самостојно да обезбеди своја одбрана. „Живееме во ново поглавје од реалноста. Мораме сами да обезбедиме своја одбрана“, рече Борел во …

Борел: САД повеќе не се главен сојузник на Европа Read More »

Папата Лав Четиринаесетти ја затвори светата врата на базиликата „Свети Петар“


 Папата Лав Четиринаесетти денеска ја затвори светата врата на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, со што официјално заврши Светата година. Следниот јубилеј не се очекува пред 2033 година, кога Црквата може да организира посебен јубилеј со кој ќе одбележи 2.000 години од смртта на Исус. Папата ги повика христијаните ширум светот да им помогнат на …

Папата Лав Четиринаесетти ја затвори светата врата на базиликата „Свети Петар“ Read More »

Кушнер го „замрзна“ договорот за изградба на туристички центар на албанскиот остров Сазан


Тирана – Компанијата „Atlantic Incubation Partners LCC“, сопственост на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, откако официјално објави повлекување од договорот со Владата на Србија за изградба на луксузен хотел во Белград, сега го „замрзна“ договорот со албанската влада за изградба на туристички центар на островот Сазан. -На истиот датум, 15 декември 2025 година, …

Кушнер го „замрзна“ договорот за изградба на туристички центар на албанскиот остров Сазан Read More »

Политико: Америка би можела да го окупира Гренланд до лето


Вашингтон би можел да ја преземе контролата врз Гренланд во наредните месеци, објави Политико, повикувајќи се на експерти и службеници. Според извештаите, ова би можело да се случи пред ноемвриските избори во Америка или до 4 јули, кога земјата слави 250 години независност. Ризикот од таков развој на настаните е препознаен како „реален и сериозен“. …

Политико: Америка би можела да го окупира Гренланд до лето Read More »

Зелен чај или кафе: Кој е подобар за енергија и здравје на срцето?


Зелениот чај и кафето се два од најпопуларните пијалоци во светот, познати по зголемувањето на нивото на енергија и нудењето мноштво здравствени придобивки, особено за срцето. Но, вечната дилема останува – што е подобро за зголемување на будноста и заштита на кардиоваскуларниот систем? Одговорот, велат експертите, зависи од вашите лични цели и потреби, пишува Health.com. …

Зелен чај или кафе: Кој е подобар за енергија и здравје на срцето? Read More »