Поради снежната бура стотици летови откажани на аеродромот во Франкфурт


Франкфурт – Стотици летови на аеродромот во Франкфурт во Германија се откажани денеска, еден ден откако поради зимска бура накратко беа прекинати полетувањата и слетувањата. Повеќе од 300 од околу 1.000 планирани летови за денеска на аеродромот во Франкфурт се откажани, изјави портпаролката на аеродромскиот оператор Фрапорт. Авиони полетуваат и слетуваат на аеродромот, но воздушниот […]

Политико: ЕУ не се засити од вакцината против Ковид, смислуваат нов план за нарачка


Брисел – И покрај сите контроверзи, на Европската унија не се засити од вакцини против Ковид, пишува Политико. ЕУ подготвува тендер за речиси 150 милиони дози mRNA вакцини против Ковид, а голема е веројатноста дека новиот договор ќе биде доделен на Модерна. Времето на објавување на тендерот според многумина не е соодветно. Бидејќи заканата од […]

Наскоро тендер за новата клиничка болница во Штип, кривична пријава за грчката фирма што досега го градеше објектот


Нова тендерска постапка за доизградба на Клиничката болница во Штип ќе биде објавена наскоро, а средствата за негово комплетирање ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Веќе е покрената кривична постапка против грчката фирма „Интеркат“ која пред осум години почна да го гради објектот, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. -Постапката ќе биде објавена многу […]

Џеф Бриџес лауреат на наградата „Чаплин“ за 2024


Џеф Бриџес е именуван за добитник на  наградата Чаплин во 2024 година што ја доделува Линколн Центарот. Досегашни добитници на престижната награда се и Алфред Хичкок, Сидни Поатје, Барбара Стрејсенд, Мартин Скорсезе, Мерил Стрип, Спајк Ли, Кејт Бланшет и Виола Дејвис, која ја доби наградата Чаплин во 2023 година.  Оскаровецот, ѕвезда на „Crazy Heart “ […]

САД: Камион на заледен автопат усмрти пет лица кои оделе пеш откако доживеале судар


Вашингтон – Пет лица загинаа кога камион ги покоси среде заледен автопат во североисточна Пенсилванија, додека се движеле пеш откако ги оставиле своите возила поради судир, соопшти денеска американската полиција. Загинатите се лица кои се превезувале со комбе кое поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и од автомобилот кој удрил во него. […]

Помошникот тренер на Голден Стејт, Милојевиќ, доживеа срцев удар


Њујорк – Српскиот кошаркарски стратег Дејан Милојевиќ доживеа срцев удар и е опериран во болница во САД, јавија денеска американските медиуми. Милојевиќ, кој е дел од стручниот штаб на НБА лигашот Голден Стејт, му се слоши изминатата вечер во ресторан во Солт Лејк Сити, каде неговата екипа вечерва игра против Јута. Поранешниот кошаркар на Партизан […]

Драма во Мелбурн: Ѓоковиќ преку Попирин до третото коло


Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во третото коло на Австралија опен. Ѓоковиќ се мачеше на стартот на Австралија опен против хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ, се мачеше и во второто коло против домашниот тенисер Алексеј Попирин, но повторно победи 6:3, 4:6, 7:6 (7:4 ), 6:3. Повторно имаше драма, неизвесност и спасување на сет топки во […]

Седницата на Надзорниот одбор на М-НАВ за смена на раководството продолжува утре


Седницата на Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ за смена на раководството продолжува и утре, се до комплетирање на целокупната документација, информираат од М-НАВ. Надзорниот одбор во М-НАВ денеска попладне ја почна седницата за промените во раководството, согласно насоките што ги доби од Владата на 9 јануари, а по упадот во институцијата […]

Утре без струја дел од Карпош, а без вода дел од Центар


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, во одреден период од денот без струја ќе биде дел од Општина Карпош, а без вода, поради изведување водоводен приклучок, ќе биде дел од Општина Центар. Од 11.30 до 15.00 часот струја нема да имаат дел од […]

Гинисовата книга на рекорди отвори истрага за „најстарото куче на светот“


Титулата „најстаро куче на светот“ која минатата година ја доби португалското куче по име Боби, сега е доведена во прашање, откако некои ветеринари се посомневаа во доказите за неговата возраст, пренесува Би-би-си. Боби се најде на насловните страници минатата година кога од Гинисовата книга на рекорди беше крунисано за најстаро куче на светот досега, соборувајќи го […]

Италијанска антикорупциска обука за македонски владини функционери


Правниот факултет при италијанскиот универзитет „Луис Гуидо Карли“ оствари иновативна обука за борба против корупцијата преку транспарентност, наменета за избрани владини функционери од Република Северна Македонија, соопшти Италијанската амбасада. Од таму посочуваат дека програмата „Спротивставување на корупцијата во јавната администрација преку транспарентност“ е наменета за 20 преставници на македонската влада. Самата програма ја финансира италијанското […]

Две жени се затруле од плин, транспортирани на скопските клиники


Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри. -Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница […]

Хрватска најави воведување куса основна воена обука


Загреб – Хрватското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека работи на концепт за куса основна воена обука, а државниот секретар Здравко Јакоб во Парламентот изјави дека моделот ќе биде познат во најбрз можен рок. Јакоб во хрватскиот Сабор, по седницата на Комисијата за одбрана, изјави дека обуката отсекогаш била тема во Министерството и вооружените сили […]

Кејт Мидлтон оперирана, сите јавни обврски одложени до Велигден


  Принцезата од Велс имала планирана операција на абдоменот во приватна болница во Лондон, соопштија од Кенсингтонската палата. „Операцијата беше успешна и се очекува таа да остане во болница десет до четиринаесет дена, пред да се врати дома за да продолжи со закрепнувањето“, се вели во соопштението. „Врз основа на тековниот медицински совет, таа веројатно […]

ЕУ бара итно и безусловно ослободување на Навални и на сите политички затвореници во Русија


Брисел – Денеска се навршуваат три години откако рускиот опозициски политичар Алексеј Навални од Германија, каде што беше на лекување по обидот за атентат врз него, се врати во Русија, каде беше уапсен, гонет и осуден, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со […]

Почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство


Берлин – Со натпреварите од Групата-2 денес почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство кое што се одржува во Германија. Од првата групна фаза по два бода пренесоа Данска, Шведска  и Словенија, додека Холандија, Норвешка и Португалија, Главната рунда ќе ја почнат без бодови. Двојки за денес: Норвешка – Португалија (почеток 15:30 часот) Данска – Холандија […]

Двојните избори ќе не чинат најмалку 12 милиони евра


Двојните претседателски и парламентарни избори ќе не чинат околу 12 милиони евра со тендеција оваа сума да се зголеми најмалку до 15 милиони евра, бидејќи може да се појават некои непредвидени работи. Сооглед дека се двојни избори не се многу средства, имајќи предвид и дека гласа и во странство и треба повеќе ангажман, вели во […]

Русија набави делови од Запад во вредност од 2,9 милијарди долари и покрај санкциите


Киев –  Западни компании и дадле на Русија во првите 10 месеци од 2023 година делови што можат да се користат за воено производство во вредност од 2,9 милијарди американски долари и покрај санкциите, објави денеска кабинетот на украинскиот претседател. Киев врши притисок врз своите сојузници да ги заострат санкциите кон Русија и да спречат заобиколување, […]

Средношколците ќе учат до 10-ти, основците до 17 јуни


Со нова одлука на Министерството за образование и наука, која следува по барање на Сојузот на средношколци, учебната 2023/2024 година за средношколците ќе заврши на 10 јуни наместо на 17 јуни како што беше претходно предвидено со календарот за организација на наставата. За основците останува одредбата да учат до 17 јуни, а и едните и […]

Се заштитува оставината на доајенот Личеноски – од Спомен-куќата до вредни ликовни дела


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, денеска го посетија Националниот конзерваторски центар каде што се одвива процесот на конзервација и реставрација на ликовните дела од еден од основоположниците на македонската современа уметност, Лазар Личеноски. Делата се дел од легатот на семејството Личеноски на Националната […]