ЕУ: Да продолжиме да го инспирираме вклучувањето на жените во политиката


Брисел – Во оваа година на избори во многу земји во светот, ги охрабруваме сите жени, особено младите, каде и да се, да го искористат своето право на глас, да го бараат своето место во општеството и да се чувствуваат повикани да учествуваат во политичкиот живот, се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и високиот […]

Собранието на пленарна седница ќе расправа за улогата на жените во 10. состав на Парламентот


Годинава по повод Меѓународниот ден на жените – 8 Март, Собранието ја продолжува праксата на одржување пригодна пленарна седница исклучиво посветена на родовата еднаквост и на унапредувањето на женските права. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески за денеска со почеток во 11 часот во салата „Македонија“ ја закажа 146. седница, втора по […]

ЈСП: Зголемен број автобуси од и кон гробишта Бутел за „Задушница“


Поради верскиот празник „Задушница“, денеска и утре на редовните линии 59 – Карпош 3 – Кучевишка бара – гробишта Бутел, 59А – Ново Лисиче – гробишта Бутел и 59Б – Кисела Вода – гробишта Бутел, ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. 

Променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 8 март 2024 година, 68-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 298 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 57 минути, а ќе зајде во 17 часот и 33 минути. Денов трае 11 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Меѓународен ден на жената – помалку жени на раководни функции од мажи, различно вреднување на трудот


Со низа настани посветени на економската, политичката и општествената борба за рамноправност на жените, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Иако има напредок, сепак жените се уште не се рамноправни со мажите за што говорат податоците дека е помал процентот на жени на раководни функции, а различно се вреднува и трудот […]

H&M ги отвори вратите на својата трета продавница во Скопје, во Скопје сити мол


Во четврток, 7-ми март, шведската модна компанија H&M го прослави отворањето на третата продавница во Скопје, во Skopje City Mall. Во 10 часот, Томас Естрани, менаџер за продажба, Јован Збилјиќ, регионален менаџер и Катерина Маринчевска, менаџер на новоотворената продавница, свечено ја пресекоа црвената лента и ги поздравија среќните први клиенти во новата продавница од 1.477 […]

ЕУ номираше седум жени од Македонија за наградата „Европска жена на годината“, еве кои се


Тим Европа и ОН во Северна Македонија ќе ја доделат наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година на Меѓународниот ден на жената. Доделувањето на наградата на 8 март 2024 година (петок) ќе се случи во 10 часот во фоајето на Националната опера и балет. „Европска жена на годината“ е награда востановена во 2022 година […]

Читаме џез со Емин Џијан утре во чест на Денот на жените


Овој петок 08.03 од 21 часот, во Cafè Literatura (Дајмонд мол), ќе ги прославиме достигнувањата на жените низ историјата со посебна програма подготвена од нашиот селектор Џијан Емин. На репертоарот се најзначајните и најпопуларните џез стандарди од историјата на џезот, нотирани и забележани во книгата која што е тестамент на оваа значајна ера од музичката […]

Јавна соба: Чалгија саунд систем следни на „Светско, а наше“


  Нова сабота – нов концерт на светска музика: на 9. март во Јавна Соба настапува бендот Чалгија Саунд Систем. Саботните вечери посветени на жанрот светска музика во Јавна соба полека стануваат дел од  регуларната скопска сцена и публиката се навикнува на оваа квалитетна музичка програма. Чалгија саунд систем е бенд кој уште од почетокот […]

Подгответе се! Доаѓаат голем број неработни денови и споени викенди во 2024-та


Оваа година покрај стандардните неработни денови кои беа објавени кон крајот на минатата година, ќе има два дополнителни неработни дена. И двата неработни дена ќе бидат во среда, поради оддржувањето на двата изборни процеси.   Па така за оддржувањето на првиот круг Претседателски избори неработен ден ќе биде 24 април 2024 – среда. Потоа за […]

96. Оскари в недела ексклузивно на МРТ со Миланка Рашиќ


В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија  ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната филмска награда на Академијата за филмски уметности и науки. Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел. Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска […]

Рикен Јамамото, кој внесува достоинство во секојдневието, е добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2024


78-годишниот Рикен Јамамото е годинешниот добитник на Прицкеровата награда за архитектура. Најпознат по своите иновативни проекти за домување и за образовни институции, тој во архитектонските кругови сепак е неочекуван избор. Но во соопштение за јавноста, претседателот на жирито и поранешен добитник Алехандро Аравена го опиша како „архитект кој внесува достоинство во секојдневниот живот, при што […]

Колку чини Оскаровската ноќ ?


Лос Анџелес – 2023 година беше голема година за филмот. Имаше рекордни успеси на благајните „Барби“ и „Опенхајмер“, 118-дневен штрајк на писателите и актерите и озлогласениот момент на кадата на Џејкоб Елорди. Во недела, на 10 март, ѕвездите ќе се соберат да го прослават сето тоа на 96-тото доделување на Оскарите во театарот Долби во […]

Државата ќе им даде субвенции на весниците за печатење и дистрибуција


Владата на завчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми и го испрати на усвојување до Собранието. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршката на националните весници. Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените […]

Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин е осудена за убиство од небрежност


Лос Анџелес – Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „’Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението – манипулација со докази. Oсудената може да добие и до три години затвор. Гутјерез-Рид […]

Синдикатот на МКЦ со барање до надлежните институции за решение за повеќегодишните хонорарци


Во текот на вчерашниот ден, 7 март се одржа состанок на Синдикалната организација на МКЦ со цел изнаоѓање на решение во врска со последните случувања во институцијата за непродолжувањето на договорите на 30-тина повеќегодишни хонорарно ангажирани лица.  На состанокот, вработените во ЈУ Младински културен центар како синдикална организација по консултација со правни лица, доставија барање […]

Осум славни жени добија кукли “Барби“


Актерката Хелен Мирен изјави дека е „воодушевена“ од новата Барбика создадена според неа. Гламурозната кукла, комплетирана со сопствена награда Оскар, е една од серијата од осум што ја лансираше производителот на играчки Mattel за да го одбележи Меѓународниот ден на жената во петок. И покрај тоа што го има Оскарот – кој Мирен го доби […]

Пратениците ќе расправаат за можноста на изборите да гласаат и граѓаните чии документи истекле во последните девет месеци


Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат по предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои, освен имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врши и допрецизирање на одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, така што ќе се овозможи избирачите да […]

НАТО почна голема воена вежба, ќе се подготвува за одбрана од евентуален напад


Берлин – Околу 20.000 војници од 13 земји, од денеска на полноќ започнаа голема вежба на крајниот север на Европа за да се одбранат од хипотетички напад на територијата на НАТО, јави ДПА. Околу 1.500 мажи и жени од германските вооружени сили учествуваат во маневрите Нордиски одговор 2024, вклучително и 700 членови на планинските сили, […]