Бојмацалиев: МВР е целосно спремно за изборниот процес


Во интервјуто за ТВ Тера и прашање дали полицијата се подготвува за изборите со нивното наближување и зголемување на политичките тензии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев потврди дека министерството за внатрешни работи е во интензивни подготовки и спремно да го гарантира мирното одржување на изборниот процес. „Од вчера од страна на директорот […]

Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“


Како континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција.     Меѓу учесниците на овој значаен настан […]

Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2


Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година.  По избувнувањето на […]

Со соодветна монетарна политика, инфлацијата се сведе на 3%, но потребна е внимателност


Преземените монетарни мерки, заедно со намалувањето на цените на храната и на енергентите на светските берзи, се факторите коишто влијаеа инфлацијата во нашата земја да се сведе на 3%, што е под просекот на земјите во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Сепак, иако ценовните притисоци се намалуваат и инфлацијата е во постојан пад, имајќи предвид дека и […]

Ќе се заштитуваат ендемски растенија и ќе се наплатува влез – националните паркови со проекти за буџетски пари


Сите четири национални паркови во земјава „Пелистер“, „Маврово“, „Галичица“ и „Шар Планина“, поднеле проекти до Министерството за животна средина кои треба да се финансираат од државниот буџет. Министерството годинава одлучи за првпат да додели државна помош на овие институции и со тоа директно да учествува во заштитата на природата. Предвидени се 20 милиони денари, а […]

ЕУ донесе нова регулатива за отпад од пакување, што ја чека Македонија?


Овој месец е постигната согласност во ЕУ за ревизија на не толку одамна ревидираната Директива за пакување на отпадот (во 2018 година). Зошто беше потребна оваа ревизија? Европската комисија признава дека Директивата која е дел од пакетот за циркуларна економија не успеала да ги постигне основните цели – да се намали влијанието на овој отпад […]

Во Тетово утре изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО


СВР Тетово најави дека во недела од 9 до 17 часот во градот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија. На градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран настан во организација на Министерството за одбрана. -По повод 17 март Денот на НАТО […]

Швионтек и Сакари во финалето на Индијан Велс


Индијан Велс – Во финалето на турнирот во Индијан Велс во женска конкуренција ќе играат Ига Швионтек (Полска) и Марија Сакари (Грција). Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето со убедливи 6:2, 6:1 ја совлада Украинката Марта Костјук, 32. на ВТА листата. Ига беше немилосрдна, па Марта немаше шанси да му се спротивстави на максимално мотивираниот и поквалитетен […]

Бинош од 1 мај претседателка на Европската филмска академија (ЕФА)


Француската актерка Жилиет Бинош ќе ја наследи полската режисерка Агњешка Холанд на функцијата претседателка на Европската филмска академија (ЕФА), соопшти Академијата. Новата претседателка беше избрана откако Холанд одлучи да се повлече од функцијата во текот на годинава.   Почесната улога на претседател на Европската филмска академија има силно симболична моќ и го отелотворува она за […]

Нов земјотрес во Црна Гора, епицентарот во близина на границата со БиХ


Подгорица– Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора. Епицентарот бил на четири километри југозападно од Чараѓе, во општина Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина. Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија во Погорица сопшти дека земјотресот е регистриран во 6 часот и 11 минути, во епицентралното подрачја на […]

Операта „Боеми“ на Пучини вечер во НОБ


Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини, приказна за  животот на љубовниците Родолфо и Мими, чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите”од Хенри Мургер. -Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај […]

Предизборни ограничувања за функционерите, јавните претрпијатија и буџетските трошења


Во пресрет на претседателските избори на 24 април, парламентарните на 8 мај и стартот на предизборната капања, Изборниот законик предивидува предизборни ограничувања за функционерите, јавните претпријатија и буџетските трошоци. Во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборната кампања се до завршување на изборот на претседател и пратеници во Собранието и изборот на Владата, не […]

Уште три дена за увид во избирачки список, апел од ДИК граѓаните да се проверат


Граѓаните имаат уште три дена да извршат увид во избирачкиот список. Од Државната изборна комисија апелираат граѓаните да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок. Сите кои се запишани во избирачкиот […]

Градежните материјали нема да поевтинат, домашните производители „втори“ снабдувачи


Нарушените транспортни врски со Истокот поради блокадите во Црвеното Море значително ја поскапеа испораката на репроматеријали и опрема и е нов предизвик за индустријата на градежни материјали, каде на цените влијае и таксата за количината на емисијата на јаглероден диоскид, откако Европската Унија ја воведе на производите и услугите. Инфлацијата, достапноста на енергенсите и суровините, […]

Балканот и ЕУ – веридба која долго трае


Речиси сигурното отворање на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ) предизвика бран на ентузијазам во Босна и Херцеговина, но веќе 30 години ЕУ на Балканот дувала со топол, но и со студен ветер, што доведе до замор и го охрабри влијанието во тоа подрачје, оцени денеска агенцијата Франс прес. „Ја отворивме главната врата за ЕУ […]

„Џез лектира” – концерт на Националниот џез оркестар за „кралот на свингот” Каунт Бејси


Националниот џез оркестар вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе  одржи концерт „Џез лектира,” кој се осврнува на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот, особено на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка Дајан Шур,  добитничка на две награди Греми за најдобра џез вокалистка во 1986 и 1987 година. Последниот […]

Без струја дел од корисниците на ул. „Даме Груев“ во Центар


Корисниците на дел од ул. „Даме Груев“ во општина Центар (спроти Собрание кон Зелен пазар) и „Силк роуд банка“ на ул. „Даме Груев“ кај Собранието  ќе немаат електрична енергија.  Според известување од „ЕВН Македонија“ АД, прекинот во снабдувањето со струја ќе биде од 9 до 13 часот. 

Променливо облачно со локален слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е сабота, 16 март 2024 година, 76-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 290 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 17 часот и 42 минути. Денов трае 11 часа и 58 минути. Месечината ќе зајде 19 минути по полноќ.

Зошто ја сакаме италијанската мода: 28. Моден викенд диктира трендови (галерија)


Италијанската мода и дизајн, повторно тропнаа на гала-портата на Скопје.  Прво неделава со низа настани кои го слават дизајнот во Чифте амам и во Сули ан, а синоќа во Ист гејт мол, со модна ревија од омилените италијански етикети на облека, накит, модни додатоци и шминка , како официјален старт на 28. Моден викенд во […]