Астрономски календар


Денеска е понеделник, 18 март 2024 година, 78-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 288 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 40 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Денов трае 12 часа и 4 минути. Месечината ќе зајде во 2 часот и 23 минути 

Швионтек ја освои титулата во Индијан Велс


Индијан Велс – Полската тенисерка Ига Швионтек ја освои титулата на турнирот во Индијан Велс, откако во финалето ја совлада Гркинката Марија Сакари со 6:4, 6:0. Во репризата на финалето од 2002 година, светската „број 1“ повторно беше подобра и стигна до 19. трофеј во кариерата, вкупно осми на турнири од серијата 1.000. Натпреварот траеше […]

Италијански накит достоен за ѕвезди на писта во Скопје: Chapter 3 испиша нова дизајнерска страница


Ексклузивен италијански моден накит од асортиманот на Chapter 3, годинава е дел од модните презентации во рамки на традиционалното издание на Деновите на италијански дизајн. Врвни парчиња накит креирани со изострена стилска прецизност и беспрекорен дизајн, од брендовите: Rebecca, Rue des Mille, Valentina Ferragni i Rosato, од новата пролетна колекција на Chapter 3, го нагласија […]

Романија повторно подобра од македонските ракометари


Букурешт – Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз од Романија, која денеска беше подобра со 28:24 (15:10).  И вчера двете репрезентации играа пријателски меч, а тогаш Романците победија со 32:27. „Жолто-црвените“ имаа проблем со реализацијата и немаа ниту едно водство во текот на натпреварот, па заслужено доживеаја пораз. Мартин Серафимов со пет голови беше […]

Џеф Безос ја награди Ева Лонгорија со 50 милиони долари


Актерката Ева Лонгорија, ѕвездата на „Очајни домаќинки“ е почестена од основачот на Амазон Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез за нејзината филантропија. Двојката објави дека Лонгорија (49) е една од добитниците на Bezos Courage & Civility Award за 2024, се вели во соопштението за печатот. Востановена во 2001 година, Bezos Courage & Civility Award […]

Тинејџер во САД осуден на 40 години затвор поради подметнување смртоносен пожар


Вашингтон – Еден од тројцата тинејџери обвинети за смртоносен пожар во куќа во Денвер, кој го подметнал како одмазда за украден мобилен телефон, е осуден на 40 години затвор, објавија денеска американските медиуми. Во пожарот загинаа пет мажи од Сенегал, Џибрил Диол (29), Аја Диол (23), Кадија Диол (1), Хасан Диол (25) и шестмесечната Хава […]

Италија се сеќава на киднапирањето и убиството на Алдо Морo


Рим – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска на одбележувањето на 46-годишнината од кога екстремната левичарска организација „Црвена бригада“ го киднапираше лидерот на демохристијаните и поранешен италијански премиер Алдо Моро и уби пет полицајци кои биле во неговата придружба, изјави дека Италија мора да се сеќава и да ги почитува жртвите за тие злосторства никогаш да […]

Осум планинари почнаа обука за добивање лиценци за водичи во планина во зимски услови


 Осум планинари од целата држава викендов на Шар Планина ја почнаа првата фаза од обуката со цел да се стекнат со лиценци за планинарски водичи во зимски услови. Обуката ја спроведува Комисијата за планинарски водичи при Федерацијата за планинарство во планинарскиот дом и на падините на врвот Љуботен на Шар Планина. -Станува збор за осум […]

Ќерката на Моника Белучи е новиот меѓународен амбасадор на Диор, еве за што


Дева Касел е новиот меѓународен амбасадор на Диор за мода и шминка. „Отсекогаш сум имала огромна почит кон куќата на Диор, а женствениот и префинет имиџ што тие го пренесуваа отсекогаш ме тераше да сонувам“, изјави манекенката и актерка, која е ќерка на актерите Моника Белучи и Винсент Касел. Родена во Рим во 2004 година, […]

МВР работи на случајот со хакерскиот напад врз МЕПСО


Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за време на денешната посета на СВР Струмица одговорајќи на новинарско прашање, изјави дека се работи на случајот на хакерскиот напад врз МЕПСО и кога ќе имаат информации, ќе ги споделат со јавноста. Истрагата, како што рече, треба да покаже кој стои зад нападот. Прашан да ја […]

Ѓоковиќ објасни зошто го пропушта Мајами: Морам да најдам баланс во животот


Мајами – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пред неколку дена изјави дека најверојатно нема да игра на претстојниот „Мастерс“ во Мајами, а сега објасни и зошто. Тој на социјалните мрежи напиша дека во овој дел од кариерата мора да најде баланс во животот и дека во иднина се радува на натпреварите на турнирот во Флорида. – […]

Министерството за одбрана е подготвено да излезе во пресрет за лекување на украински војници


Како министерство за одбрана сме апсолутно подготвени да излеземе во пресрет за лекување на украинските војници, но треба да се има во предвид дека лекувањето е во надлежност на министерството за здравство, истакна денеска министерката за одрбрана, Славјанка Петровска која во Штип одоговараше на прашањето дали македонската Армија е подготвена да го прифати лекувањето на […]

Индија се подготвува за најмасовните избори во светот, ќе гласаат речиси милијарда луѓе


Њу Делхи– Во Индија во вторник ќе почнат најмасовните избори во светот, кои ќе траат речиси седум недели и на кои ќе можат да гласаат речиси милијарда луѓе, што е над 10 отсто од светската популација. Изборите за Долниот дом на Парламентот со 543 места, ќе траат до 1 јуни и ќе учествуваат кандидати од […]

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, планира да гради одморалишта во Албанија


Тирана – Американскиот бизнисмен и инвеститор, Џеред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој беше и негов советник додека тој беше во Белата куќа, најави дека планира да инвестира во Албанија во туристичкиот сектор. Во интервју за Блумберг изјавил дека неговите инвестициски планови вклучуваат туристички одморалишта во Сазан и Зврнец. За реализација на овие […]

За прв пат исплатени повеќе пари за домашните отколку за странските инвеститори


 Во 2023 година од државниот Буџет се исплатени повеќе средства за домашните отколку за странските инвеститори во С. Македонија. Соодносот е некаде 55:45 во полза на македонските компании, со што за прв пат во историјата домашните инвеститори ја добиваат вистинската и, секако, реално заслужената предност, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ на гостувањето […]

Украдени 43.000 ордени од СФР Југославија, меѓу кои има ретки и скапоцени примероци


Белград – Српската полиција трага по Слободан Хомен, поранешен државен секретар во Министерството за правда, поради сомнение дека организирал кражба на 43.000 скапи државни одликувања, поголемиот дел од поранешна СФР Југославија, што се случило во 2011 година, јави дописникот на МИА од Белград. Уапсени се осум лица, од кои две жени, а се трага по уште […]

Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател


Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател, на денешната конвенција која се одржува во Скопје, одржувајќи и годишна седница на централниот одбор.  Претседателот на партијата Илија Николовски, порача дека досега Пендаровски многу успешно ја извршувал должноста претседател на државата и врховен командант на вооружените сили и нагласи дека во поновата […]

Ден на жалост во Одеса, бројот на загинати во вчерашниот руски напад достигна 21


Одеса – Бројот на загинатите во Одеса во вчерашниот руски ракетен напад се зголеми на 21 лице, објави на Телеграм претседателот на Регионалната воена управа, Олег Кипер, пренесува БТА. Во болниците се хоспитализирани 40 повредени, од кои девет се во тешка состојба. – Ова е најмасовниот руски терористички акт во Одеса според бројот на жртви, […]

„Стрежево-1“ нова фотоволтаичната централа на ЈП „Стрежево“-Битола


ЈП „Стрежево“ – Битола со сопствени средства во висина од 30 милиони денари инсталира и стави во функција фотоволтаична централа со моќност од 500 киловати. Увид на новата инвестиција извршија министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и генералниот директор на ЈП „Стрежево“, Методија Граматковски. -Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија […]

Од Мршиќ до Тошева: Поп-ап локација во Ист гејт мол посветена на „бавната мода“


На големото отворање со италијански брендови, синоќа, на 28. Моден викенд- Скопје, под мотото  “Нашата заедничка порака за позитивна модна индустрија” , претходеше и официјалниот старт на поп-ап локацијата Ready, Steady, Shop! посветена на “бавната мода”  во Ист гејт мол, како простор за  излагање на македонските модни брендови и можности за нивно вмрежување. Па така, […]