Дела од колекцијата на МСУ во Националната галерија во Прага


Дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”, првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена. Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од […]

САД почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Хаити со хеликоптер


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент соопшти дека во врска со ескалацијата на насилството на Хаити, американските хеликоптери вчера започнале со чартер летови за евакуација на американските граѓани од главниот град Порт-о-Пренс, при што првиот лет превезувал повеќе од 15 луѓе во Доминиканската Република, објавија британските медиуми. Според портпаролот на Стејт департментот, хеликоптерите ќе овозможат евакуација […]

Васил Хаџиманов Бенд ќе го претстават новиот студиски албум „Кејф“ во МНТ


Во фоајето на Македонски народен театар денеска од 12 часот ќе се одржи прес-конференција на Васил Хаџиманов Бенд за новиот студиски албум со наслов „Кејф“. Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records.  Содржи девет песни продуцирани од Васил […]

ОБСЕ /ОДИХР ќе ги претстави активностите за изборите во државава


Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) денеска  ќе ги претстави планираните активности за претстојните претседателски и парламентарни избори во државава. Улогата на набљудувачката мисија на ОДИХР на изборите и нејзините планирани активности на прес-конференција ќе ги презентира Џилијан Штирк, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР. 

Дводневен Самит на ЕУ – главни теми Украина, Блискиот Исток, проширувањето и безбедноста


Брисел – Поддршката за Украина во справување со руската воена агресија, ситуацијата на Блискиот Исток, проширувањето на Унијата, безбедност, одбрана и надворешните односи на ЕУ, прашањата поврзани со миграцијата и земјоделството, како и рамката за социо-економските политики на блокот за 2024 година, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Европската Унија што ќе се […]

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ


Во Скопје, Струга и Струмица, со повеќе настани денеска се одбележува Светскиот ден на поезијата. Во рамки на настаните ќе бидат одбележани и 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија. Од денеска […]

Без струја делови од Чучер Сандево, Петровец и Аеродром


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат повеќе места во Општина Чучер Сандево, Петровец и Аеродром. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, без електрична енергија во Чучер Сандево од 9 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, […]

Ќе се избира член на Советот на јавни обвинители


Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, со изборно место број 5.  Како што информираат од Советот, гласачкото место се затвора во 16 часот. – Комисијата која ги спроведува изборите во ЈОРСМ […]

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени Целзиусови. И во Скопје наутро […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 21 март 2024 година, 81-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 285 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минути. Денов трае 12 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

ИЈЗ: 12 деца се затруле во градинка во Берово


Вработени во подрачната единица на Центарот за јавно здравје Берово минатиот месец пријавиле епидемија кај заболени деца кои престојуваат во детска градинка. Регистрирани биле 12 деца, лабораториски потврдени на салмонелоза, пишува во новиот билтен на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во државата во месец февруари. Откако надлежните направиле епидемиолошко истражување, дале […]

Најбројниот факултет утре на протест пред Владата: Бараат „подобри услови за студирање“


Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна […]

Истрага во Лондонската клиника – персоналот се обидел да дојде до медицинското досие на принцезата Кејт


Во Лондонската клиника, наводно е покрената истрага поради тврдења дека персоналот се обидел да пристапи до приватните медицински досиеја на принцезата од Велс додека таа се лекувала таму. Најмалку еден член на персоналот се обидел да пристапи до белешките на Кејт Мидлтон додека таа била пациент во приватната болница во центарот на Лондон во јануари, […]

„Посакувам ова семејство да се шири и да расте“: Првата дама со поддршка на мисијата на СОС Детско Село


Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „Едно семејство“ што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село. Со овој настан СОС Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација. Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека резултатите коишто СОС Детско […]

Меланија Трамп се врати на политичката сцена со стил, еве што облече


Палм Бич – Меланија Трамп се врати во центарот на вниманието во вторникот додека го придружуваше својот сопруг, републиканскиот претседателски кандидат за 2024 година, Доналд Трамп, да гласа на претседателските избори во Палм Бич, Флорида. Поранешната прва дама го направи тоа во модерни салонки и брендиран бел фустан со црн цветен принт на Александер Меквин.  […]

„Стоби“ со над 180 илјади евра неповратни средства од ЕУ, стана поатрактивен за посетителите


               Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посетија Археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина […]

Алвеш излегува од притвор со кауција од еден милион евра


Барселона – Шпанскиот суд одлучи дека поранешниот дефанзивец на Барселона и репрезентацијата на Бразил, Дани Алвеш, може да биде ослободен од притвор со кауција додека се разгледува жалбата на пресудата за случајот за сексуален напад, соопшти Високиот суд на Каталонија. Се истакнува дека сумата за кауција е еден милион евра. Во исто време, Алвеш мора да […]

Никол Кидман се соблече за „Ел“, го покажа мускулестото тело


Никол  Кидман станува искрена за тоа како всушност се чувствува по црвените килими. Во интервјуто за изданието Impact на Elle од април 2024 година, актерката (56) сподели дека подготовката за присуство на настани од А-листата може да биде „преголема“ и „понекогаш малку нереална“. „Сакам да заминам, да го соблечам фустанот и да ги облечам пижамите“, […]

Мирко Попов се бори за живот на една од скопските клиники


  Мирко Попов (51), еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, бил хоспитализиран на една од скопските клиники. Како што објави „Музика 24“, наводно, тој доживеал тежок облик на мозочен удар. Според музичкиот портал, Попов вчеравечер бил примен во болница во тешка здравствена состојба и бил ставен на машина за дишење, а медицинскиот […]

Промоција на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ , А. Чехов во МНТ


Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана книгата  „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е […]