Мијата – чудо од глас и добро расположение


Наташа Крстевска- Мијата , омилениот лик од добрите корпоративни забави ширум Македонија, гордата контролорка на летање на скопскиот аеродром, која се уште добро балансира меѓу двете професии, е мајсторка за уникатни настапи и перформанси, режирани како еден вид претстави. Така, синоќа, во малата сала на Филхармонија, нас, избраната публика, не прими како дома, и не […]

Наоми во Кан го донесе гламурот на Шанел од 1996 година


Кан– Наоми Кембел докажа дека добриот дизајн е безвременски кога во средата, на Канскиот филмски фестивал воскресна во децениски стар фустан на Шанел. Кембел (53) присуствуваше на премиерата на Furiosa: A Mad Max Saga на 77-от годишен настан со црниот сјаен долг фустан што првпат го носеше на пистата во 1996 година. Тоалетата на Карл […]

Владата го награди парично Бејби Лазања за второто место на Евросонг во Малме


Загреб- На денешниот состанок на техничката влада, Андреј Пленковиќ најави дека финансиски ќе го награди Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, за неговиот неверојатен успех и освоеното второ место на годинешниот Евросонг во Малме, Шведска. Решиле да му доделат награда од 50.000 евра. “Честитки до Марко Пуришиќ за неговиот фасцинантен успех. Тој беше на второто […]

„Искра“ – концерт на Филхармонијата со црногорскиот виолинист Роман Симовиќ


Во Филхармонијата вечер во 20 часот ќе се одржи концертот „Искра“, на кој како солист ќе настапи црногорскиот виолинист Роман Симовиќ. Симовиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр.1 од рускиот симфоничар Димитриј Шостакович, дело кое се смета за едно од неговите најдобри, што му го посветил на Давид Ојстрах. Како што најавија […]

Во Србија уапсен човек поради закани кон Вучиќ


Белград – Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава.  Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д.М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е […]

Изложбата на Мирослав Масин – уметност која руши стереотипи (галерија)


Во дворот насликан раритетен автомобил. Не е важно дали вози. Внатре насликани пијана. Не е важно дали се свири на нив. Поентата на уметникот Мирослав Масин (1963, Скопје) е доловена. Уметност која руши стереотипи, која не следи трендови туку воспоставува трендови, која не е здодевна, туку авангардна, која ги слави човекот, природата и животот. Уште […]

Облачно со повремен дожд и ретки грмежи


Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час). Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 13, а максималните ќе достигнат од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 16  мај 2024 година, 137-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 229 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 12 минути, а ќе зајде во 19 часот и 49 минути. Денов трае 14 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата


Рим-  Новак Ѓоковиќ беше на лекарски прегледи во Белград по ударот во глава на турнирот во Рим. Според изворот на „Република“, нема опасност по здравјето на 36-годишниот Србин. Прегледот не покажал никакви последици откако шишето удрило во главата на Ѓоковиќ. Инцидентот се случи на 10 мај кога Ѓоковиќ даваше автограми откако го победи Французинот Корентин […]

Промовирана првата група слушатели по македонски јазик во Тирана


Во просториите на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, на пригодна свеченост беа доделени сертификати на првата група студенти кои го завршија првиот циклус по македонски јазик, информираат од македонската Амбасада во Република Албанија. На настанот се обратија лекторот Славица Свидерска, а за значењето на лекторатот говореа амбасадорот Данчо Марковски и деканката на […]

Втор концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Филхармонија


На 1 и 2 јуни македонската публика ќе има ексклузивна шанса по навистина долго време, во интимна атмосфера како онаа во Македонската филхармонија, да ужива во изведбата на албумот „Трета мајка“, „Крушево“ и сето друго што го имаат подготвено големите мајстори на гитарата, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. Воедно, ексклузивно во Македонската филхармонија на 1 […]

Розалија стана глобален амбасадор на Диор


Париз – Пејачката и текстописец, добитничка на Греми, Розалија штотуку беше прогласена за нов глобален амбасадор на Диор, дебитирајќи во кампањата со чантата Лејди Диор. Симбол на извонредност, чантата е онаа која Марија Грација Кјури и се навраќа  одново и одново, продолжувајќи да го зацементира наследството и идентитетот на Куќата. Прославувајќи ја објавата, Розалија е […]

Како функционира Кан, од овации до жирито 


Кан – Канскиот филмски фестивал е свето место во киното, но разбирањето на неговиот уникатен пејзаж може да биде збунувачки. Фестивалот на Азурниот брег, кој започна во вторник, е 10-дневен спој од спектакл и филм каде што дури и фотографите носат смокинг, стоечките овации се темпирани со стоперки, а филмовите обично се нарекуваат со имињата […]

Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Како што најавуваат од Управата за хидометеоролошки работи, во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на […]

Поповиќ: Високото место во ЕФА е доказ за успесите на „Охридско лето“, остануваме посветени на тој пат


Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија. Во рамките на Самитот се одржа и 71. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Поповиќ кажа дека Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на […]

Цел Холивуд на Кроазета (фото)


Кан– Низ годините, Канскиот филмскиот фестивал, кој важи за најгламурозен од сите фестивали, како европски центар на филмот, беше доживување и достигнување за секој холивудски актер. Така низ Кроазета прошетаа најславните ѕвезди кои ја обележаа филмската индустрија и останаа недостижни со својата слава и гламур.  (Холивуд Репортер)

Осудениот ирански режисер Расулоф пребегна во Европа пред премиерата во Кан


Кан– Иранскиот режисер Мохамед Расулоф, кој во својата земја беше осуден на осум години затвор, изјави дека пребегнал во Европа во пресрет на премиерата на неговиот нов филм на Канскиот фестивал. „Пристигнав во Европа пред неколку дена по долго и комплицирано патување“, кажа Расулоф. Минатата недела, неговиот адвокат Бабак Пакнија изјави дека режисерот е осуден […]

Џорџ Клуни дебитира на Бродвеј во сценска верзија на филмот „Добра ноќ и добра среќа“


Њујорк – Џорџ Клуни ќе го има своето актерско деби на Бродвеј следната година во познатиот проект за холивудската ѕвезда: „Добра ноќ и среќа“. Клуни ќе го игра легендарниот ТВ-новинар Едвард Р. Мароу во сценската адаптација на филмот од 2005 година што му донесе режија и пишување номинации за Оскар и беше меѓу најдобрите кандидати […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево


 Најниска температура од 5 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе со 6 степени, 7 во Крушево, 8 Маврови Анови, 9 Берово, Претор, 10 Крива Паланка, Охрид, 11 Прилеп, Виница, Битола, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид Кавадарци, Штип, Струмица, Куманово, Велес, Дојран, 13 Скопје-Петровец и 14 степени во Демир Капија и Гевгелија. Најмногу наврнат […]

Кан како модна писта – нема филм без црвен килим (фото)


Кан – Повторно е тоа време од годината: Канскиот филмски фестивал е во тек во Франција. Тоа е можност филмовите да се прикажуваат пред филмското семејство и саканите познати личности, млади актери, модели и други ѕвезди да ја покажат својата прекрасна мода на црвените килими на настанот. И досега луѓето како Мерил Стрип и Грета […]