Ѓоковиќ го брка рекордот на Федерер на Вимблдон


Лондон – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека сака да го повтори рекордот на Роџер Федерер по бројот на освоени титули на Вимблдон. Вчеравечер Ѓоковиќ го победи Италијанецот Лоренцо Музети (6:4, 7:6 (7:2), 6:4) и се пласираше во финалето на Вимблдон 2024 година, во кое ќе се сретне со Шпанецот Карлос Алкараз. -Да, знам дека Федерер […]

Концерт на аматерскиот женски хор „ФРИДА“ на „Скопско лето“


Ве информираме дека во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва, 13.07.2024г. (сабота), ќе се одржи концерт на аматерскиот женски хор „ФРИДА“, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба.   Диригент и уметнички раководител: Сузана Турунџиева   На програмата на концертот ќе бидат изведени светски хитови („Light of Life“, „Dance Me to the End […]

Пријавени вкупно 35 дела на конкурсот за годишни награди на ДПМ


На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела. Како што информираат од ДПМ, за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела: „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“; „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, […]

Уметноста е близначка на духовната слобода – Сиљановска-Давкова го отвори „Охридско лето“


Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија синоќа на преполниот Антички театар приредија магична вечер за публиката на „Охридско лето“ отворајќи го 64. фестивалско издание. Програмата со Менделсон и Чајковски беше полн погодок во необичаената топла ноќ за Охрид, каде се споија класичната музика на сцена, гламурот и кичот во публиката, и […]

Десетто Вимблдон финале за Ѓоковиќ


Лондон – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако вечерва во Лондон во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 7:6(2), 6:4. Вториот тенисер во светот до победата над 25. на АТП листата дојде по два часа и 51 минута игра. За Ѓоковиќ ова е десетто финале на Вимблдон во […]

Оро, музика и среќни лица – Синедејс го почна филмското патешествие низ Скопје


Со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и со концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”, синоќа беше отворено  23. издание на фестивалот СИНЕДЕЈС. Паркот пред МКЦ беше преполн, премиерата распродадена за фестивалот на европски филм кој секоја година се чека со нетрпение.  Музичкиот […]

Медведев-Алкараз и Ѓоковиќ-Музети денес на Вимблдон


Лондон– Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес на Централниот терен против Италијанецот Лоренцо Музети во полуфиналето на Вимблдон ќе го одигра вториот последователен меч, соопштија денеска организаторите на натпреварувањето. Програмата на Централниот терен започнува во 14 часот и 30 минути, кога во првото полуфинале ќе се сретнат бранителот на титулата Карлос Алкараз од Шпанија и […]

Новите лапсуси на Бајден: Зеленски го нарече Путин, Камала Харис Трамп


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нови лапсуси во јавните говори – тој го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“, а неговиот потпретседател Камала Харис го нарече „Трамп“. Бајден ја направи грешката за време навчерашниот  финален самит на НАТО во Вашингтон, само еден час пред прес-конференцијата на неговата кампања „да се биде […]

Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија


Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. -Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење […]

Отворен повик до сите дизајнери и визуелни уметници


Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ објавуваат отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи, како и визуелни уметници кои живеат или работат во Скопје или како инспирација и тематика во својата работа го имаат градот Скопје. Од 23 јули до 1 август ова лето, во индустриската хала на центарот „Лабораториум“ ќе се одржи привремената […]

Орбан се сретна со Трамп во рамки на самопрогласената „мировна мисија“


Вашингтон – Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се бори за реизбор. Тие разговарале за „можностите за мир“ во Украина, изјави портпаролот на Орбан. Средбата се одржа во имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида. Според неговиот портпарол, тоа била следната станица на „мировната мисија“ на Орбан. По средбата […]

Филмот „Бизнисот на задоволството“ пред уругвајската публика


Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 17. издание на фестивалот „Сине дел Мар“ во Пунта дел Есте, Уругвај. Филмот ќе биде прикажан пред уругвајската публика вечер во 20 часот.   По Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Филмот […]

Франција, Германија, Италија и Полска ќе развиваат оружје со долг дострел


Вашингтон – Министрите за одбрана на Франција, Германија, Италија и Полска на Самитот на НАТО во Вашингтон најавија развивање и производство на оружје со долг дострел. Во соопштението од француското Министерство за одбрана се наведува дека со потпишување на писмо со намери се отвора патот за соработка насочена кон зајакнување на воените капацитети, како и […]

Амбасадорот Гир во Претор ќе го отвори „Форумот за развој на Преспа“, поддршка за развој на Преспанскиот регион преку програмата „ЕУ4Преспа“


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија, и Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, денеска во Ресен ќе ги промовираат можностите финансирани од ЕУ понудени на Преспанскиот регион за обновување на природните ресурси, за одржливо земјоделство и туризам и подобрување на инфраструктурата. На промотивните настани, чиј домаќин ќе […]

Проекција на краткиот филм „Мавера“ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одржи проекција на независниот македонски краток филм „Мавера“.   Овој краток филм, како што соопшти режисерот и продуцент Батухан Ибрахиме, е независен, снимен без никаква надворешна или државна финансиска поддршка, а е во копродукција со Факултетот за драмски уметности во Скопје и Апофенија Пост. – Мавера е независен […]

Без вода дел од корисниците во Лисиче


ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека утрово од 7 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Кун“ и дел од улиците „Сотир Томовски“, „Благоја Мучето“, „Митре Влаот“, „Ернест Телман“ во Лисиче.  Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект од ф 80мм на ул. „Гаврил Константиновиќ“ и ќе трае до неговото […]

Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел


Анкара – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да биде можно НАТО да го продолжи партнерството со израелските власти, пренесоа британските медиуми. -Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО нема да бидат одобрени од Турција, рече Ердоган за време на прес-конференцијата […]

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, со прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од Карпош и Ѓорче Петров.  Во период од 9.40 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Атинска“, „Борка Талевски“ и „Рузвелтова, спроти „Треска“, во Општина Карпош. Од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето […]

Состојба на патиштата


ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 09.07.2024 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје – Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе […]

Во Собранието одбележување на 11 Јули – Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница


Во Собранието денеска ќе биде Одбележан 11 Јули – Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Воведно обраќање ќе има претседателот на Собранието Африм Гаши, а ќе зборуваат и проф. д-р Џемил Бектовиќ, преставничката на Здружението Диванхана, Мерсиха Смаиловиќ, пратеникот Амар Мециновиќ, проф. д-р Сеад Џигал и Сафет Бишевац. Пратениците и гостите ќе дебатираат […]