ВМРО-ДПМНЕ да не бара изговори, да ги исполни обврските за техничка влада, вели Ковачевски


Она што е важно за да го продолжиме европскиот пат е завршувањето на процесот на уставните измени. Тие се дел од Преговарачката рамка со ЕУ, тоа е единствениот предуслов за државата да продолжи напред. Секое одложување е погубно за државата, значи неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство. И затоа е ова најважното прашање …

ВМРО-ДПМНЕ да не бара изговори, да ги исполни обврските за техничка влада, вели Ковачевски Read More »

Акцелераторот во Битола наскоро во употреба


ЈЗУ Клиничка болница – Битола повика претставници на фирма производител на акцелераторот со цел да биде поправен и ставен во функција. Во изјава за медиумите, директорката Елизабета Ивановска, потврди дека акцелераторот 10 години не работи, но со поддршка на Министерството за здравство се очекува проблемот да биде надминат. – Во Битола акцелераторот е донесен пред …

Акцелераторот во Битола наскоро во употреба Read More »

Ловџија од непристапен терен евакуиран со хеликоптерот за итна медицинска помош


Ловџија со скршеница на десната нога е евакуиран со хеликоптерот за итна медицинска помош.  Информацијата ја сподели министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го промовираа хеликоптерот во Битола. Од Центарот за управување со кризи информираа дека ловџијата Г.Ј. кој бил на лов во реонот на село …

Ловџија од непристапен терен евакуиран со хеликоптерот за итна медицинска помош Read More »

Chapter03 – нова дестинација за префинет италијански накит во Ист гејт мол


Македонската стилска приказна која веќе шеста година се раскажува низ модниот симболизам на италијанскиот бренд Rebecca, доби ново поглавје. Италијанското бренд-портфолио е збогатено со уште три познати брендови за накит: Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni. Префинетиот накит вчера,  спои убави луѓе на убаво место, со вкус и стил кои знаат да распознаат италијански …

Chapter03 – нова дестинација за префинет италијански накит во Ист гејт мол Read More »

Температурата во одделни делови на Кина достигнаа рекордно ниско ниво


Пекинг – Температурите во некои делови на Кина, вклучително и провинциите Шанси, Хебеј и Лиаонинг, достигнаа најниско ниво од почетокот на водењето на евиденцијата, јави денеска кинеската државна телевизија. Според прогнозите, градот Јичун, во покраината Хеилонгџанг, може да забележи рекордно ниска температура од минус 47,9 степени Целзиусови, пренесуваат британските медиуми. Кинескиот претседател Си Џинпинг пред два …

Температурата во одделни делови на Кина достигнаа рекордно ниско ниво Read More »

Западниот Балкан повторно тропа на европската врата


  Лидерите на ЕУ и Западен Балкан се сретнаа во Брисел на 13 декември, една година после самитот во Тирана во 2022 година. Целта на самитот беше се го приближи Западниот Балкан до ЕУ со политичка интеграција, поставување на идната економска основа и ублажување на влијанието на руската агресија во Украина. Претседателката на Европскиот Парламент …

Западниот Балкан повторно тропа на европската врата Read More »

Од денеска бесплатен медицински транспорт за најитните случаи со хеликоптер


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за здравство Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска во Битола промовираа хеликоптер со нова опрема за итна медицинска помош. Новиот ресурс е обезбеден преку соработката со словенечката полиција која донираше опрема за обновување на еден хеликоптер, којашто може да се приспособува за повеќе хеликоптери. За …

Од денеска бесплатен медицински транспорт за најитните случаи со хеликоптер Read More »

Погребан кувајтскиот емир Шеик Наваф Ал Ахмад Ал Џабер Ал Сабах


Кувајт Сити – Кувајтскиот емир шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах, кој почина вчера, денеска е погребан по молитвата во џамија во Кувајт, јавија британските медиуми. Досегашниот престолонаследник и од вчера новиот емир на Кувајт, 83-годишниот шеик Мешаал ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах, беше виден како лее солзи за време на молитвата, на која присуствуваа членови …

Погребан кувајтскиот емир Шеик Наваф Ал Ахмад Ал Џабер Ал Сабах Read More »

Во Србија до 10 часот гласале 9,94 запишани гласачи, според РИК гласањето се одвива без проблеми


Белград – Граѓаните на Србија денеска гласаат на паламентарни, покраинаски избори, за советници на Собранието на Град Белград и 64 други локални собранија. На конференцијата на Републичката изборна комисија беше соопштено дека излезноста до 10 часот е 9,94 отсто, и дека гласањето се одвива непречено, јави допсиникот на МИА од Белград. -На републичко ниво до …

Во Србија до 10 часот гласале 9,94 запишани гласачи, според РИК гласањето се одвива без проблеми Read More »

Мис Франција вели дека нејзината кратка коса е победа на „различноста“


Париз – Убавицата избрана за Мис на Франција за 2024 година ја оквалификува својата победа како победа за „различноста“, привлекувајќи пофалби за нејзината кратка коса, како и предвидливи критики од гледачите на натпреварот за убавина кој се соочи со обвинувања за сексизам. „Никој не треба да ви диктира кој сте“, изјави 20-годишната Ев Жил, која …

Мис Франција вели дека нејзината кратка коса е победа на „различноста“ Read More »

Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника


Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа денеска дечињата од Детската клиника во Скопје во рамки на традиционалниот настан „Да подариме насмевки“.  Пепелашка, Медо, Спајдермен, Бетмен, беа дел од јунаците што се дружеа со децата. Директорката на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ информираше дека во моментот на Клиниката се наоѓаат околу 80 дечиња. …

Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника Read More »

Почина новинарот Предраг Димитровски


По кратко боледување денеска почина новинарот Предраг Димитровски (1959-2023), информираа од „Пресинг ТВ“ каде последно работеше. Димитровски беше новинар со над 30 годино искуство. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005-2006 година а потоа работеше и во „Дневник“. Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“. – Ќе ја паметиме …

Почина новинарот Предраг Димитровски Read More »

Почина француски дипломат кој во средата беше повреден во бомбашки напад во Газа


Париз – Француски дипломатски функционер почина од повредите здобиени неделава за време на израелски бомбашки напад во Појасот Газа, соопшти француското Министерство за надворешни работи, пренесе ДПА. Службеникот се засолнил во куќата на еден од неговите колеги од францускиот конзулат во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на границата со Египет, со уште …

Почина француски дипломат кој во средата беше повреден во бомбашки напад во Газа Read More »

Тројца загинати во нелегална трка на автомобили на автопат во Косово


Приштина – Три лица загинаа доцна синоќа кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката, јави дописникот на МИА  од Приштина. Покрај тројцата загинати, во несреќата на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен повредени се уште тројца од гледачите на трката меѓу две возила …

Тројца загинати во нелегална трка на автомобили на автопат во Косово Read More »

Адел потпишала предбрачен договор пред тајната венчавка со Рич Пол


Изгледа дека Адел се погрижила за својата финансиска сигурност потпишувајќи предбрачен договор со Рич Пол, со кого неодамна се омажи во тајност. Имено, веста за венчавката на британската ѕвезда и американскиот спортски агент протече во ноември, по неколкумесечни шпекулации за тоа како се венчале. Таа ја откри добро чуваната тајна на настапот на нејзиниот пријател …

Адел потпишала предбрачен договор пред тајната венчавка со Рич Пол Read More »

Укината забраната за камиони на патот кон Маврови Анови, останува забраната на патот Берово-Струмица


Од 08:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица која важи од вечар поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ во текот на …

Укината забраната за камиони на патот кон Маврови Анови, останува забраната на патот Берово-Струмица Read More »

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“


Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија. Поделени се и над 7.500 информативни материјали. Како што информираа денеска од Министерството за здравство, во рамки …

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“ Read More »

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија


Професорката Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија.  Дескоска е избрана на 137-та сесија на Венецијанската комисија што се одржа од 14 до 16 овој месец. За претседател на поткомисијата е избран проф. д-р Никос Аливизатос, професор по уставно право на Универзитетот во Атина и поранешен министер за внатрешни …

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија Read More »

Почина и трет украински камионџија на блокадата на полската граница


Варшава – Трет украински камионџија умира на блокадата на полската граница, организирана од полските камионџии, јави украинската јавна телевизија Суспилне. Цитирајќи официјален претставник на Украинската меѓународна асоцијација на транспортери, телевизијата објави дека на возачот му се слошило на преминот Кракивец-Коршова, што е една од четирите точки зафатени од протестите. Суспилне додава дека минатиот месец на …

Почина и трет украински камионџија на блокадата на полската граница Read More »

Почнува скијачката сезона на Ски центар „Стрежево”


 Од денеска почнува скијачката сезона на ски центарот „Стрежево“ со кој стопанисува истоименото јавно претпријатие. Според востановената традиција, скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители на двата ски лифта, а вечер ќе има и ноќно скијање. -Синоќа,  со наша механизација и камиони од „Македонија пат“ овозможивме патот да биде прооден и проширен по …

Почнува скијачката сезона на Ски центар „Стрежево” Read More »