Без вода повеќе улици во Карпош 3


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат повеќе улици во Карпош 3, поради замена на затворачи од водоводна мрежа на улица „Љубљанска“.  Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје, прекинато водоснабдување до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од улиците „Волгоградска“, „Разловечко востание“, „Воденска“, „Невеска“, „Трифун Бузлев“, „Желево“ и комплексот Сити мол.

Сончево и топло до 37 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен […]

Најмалку 40 олимпијци позитивни на коронавирус


Женева– Најмалку 40 спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз се позитивни на Ковид-19, но ситуацијата не е изненадувачка со оглед на порастот на случаите низ светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). „Не е изненадувачки да се видат заразени спортисти бидејќи вирусот доста брзо циркулира во другите земји“, рече д-р Марија Ван Керхове, […]

Никола Петровиќ Његош, принц на Црна Гора, добитник на Светската награда за хуманизам


Никола Петровиќ Његош, принц на Црна Гора, е добитник на Светската награда за хуманизам за 2024 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Свети Климент на сите светски меридијани. Принцот е претседател на Фондацијата Његош, која е во тесна соработка со Обединетите нации и УНЕСКО во реализација на значајни меѓународни проекти […]

Fashion Group: Со лојалти-картичката отсега купувај и онлајн


Fashion Group ги израдува своите корисници со нова убава вест. Лојалти картичката сега во функција и за онлајн програмата, па тие што ја поседуваат ќе можат да уживаат во нови поволности на www.fashiongroup.com.mk! Клиентите често не’ прашуваа дали Лојалти картичката што ја имаат важи и за онлајн купувањата, а ние сега таа опција направивме да биде возможна! Слушајќи […]

Гран-при за турскиот „Нечуени работи“ на Килич на Галичник филм фестивал


  „Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич од Турција доби Гран-при за најдобар филм на петтото издание на Галичник филм фестивал. На фестивалот се прикажаа 28 кратки филмови. За наградите одлучуваше жири-комисијата во состав Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов и Жан Дакар. Наградата за најдобра кинематографија ја доби Себастијан Вебер за „Нечуени работи“, […]

Осум години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица


Скопје денеска одбележува осум години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, а материјалната штета беше огромна. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Градоначалникот на општина Гази Баба […]

Шкафчето на Коби Брајант од ерата на Лејкерси продадено за 3 милиони долари


  Шкафчето кое Коби Брајант го користеше во поголемиот дел од неговата легендарна НБА кариера, беше продадено за 2,9 милиони долари во петокот во Њујорк, како дел од аукција на ретки спортски сувенири во Сотби. Цената за шкафчето од „Стејплс центар“, кое Брајант го користеше додека играше за Лос Анџелес Лејкерс, речиси ја удвои 1,5 […]

Брук Шилдс напиша мемоари за нејзиното искуство со стареењето, не е за жени кои се подмладуваат со ботокс


Брук Шилдс влегува во нејзиното следно животно поглавје и се надева дека со читателите заедно ќе патуваат. PEOPLE ексклузивно ја откри корицата за новата книга на Шилдс, Brooke Shields Is Not Allowed to Get Old, што ќе излезе од Flatiron Books на почетокот на следната година. Книгата е „интимно и охрабрувачко истражување на стареењето“ кое […]

Јелена Ѓоковиќ и Шерон Стоун во иста ложа: Тивкиот луксуз на Олимпијадата


Париз– Јелена Ѓоковиќ во неделата на Олимпијадата во Париз 2024 година го донесе својот  ведар, тивок луксуз на трибините полн со холивудски ѕвезди и славни личности. Ѓоковиќ седеше на трибините на стадионот Ролан Гарос за да го гледа нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ од Србија како го освојува златниот медал откако го победи Карлос Алкараз од […]

Бетовен, Лист и Михаелидес : Грчка вечер со пијано и виолончело на „Охридско лето“


Во прекрасниот и акустичен амбиент на катедралната црква „Света Софија“ вчеравечер концерт одржаа  реномираните уметници од Грција, виолончелистот Христос Гримпас и пијанистот Емануел Лазаридис. Двајцата уметници со внимателно одбрана програма  на чиј репертоар беа  Сонатата за виолончело од Лудвиг ван Бетовен, Грчката свита за виолончело и пијано од композиторот Михаелидес и  Сонатата  за пијано од […]

Дејвид Линч објави дека боледува од емфизем, но нема да се пензионира


Лос Анџелес – Американскиот режисер Дејвид Линч во објава на својот интернет-простор вчера потврди дека боледува од белодробен емфизем поради „долгогодишното уживање во цигарите“, но во истовреме тој уверува дека „никогаш нема да се пензионира“. Откако „го оставил тутунот, неговиот мирис и задоволството да запали цигара“, 78-годишниот режисер во објавата на „Х“ пишува дека „секое […]

Мајкл Фелпс бара доживотна забрана за секој позитивен на допинг


Париз  – Во пресрет на кинескиот допинг скандал, Мајкл Фелпс во понеделникот ја удвои својата поддршка за построги санкции – вклучително и доживотна забрана за секој што ќе биде позитивен на забранета супстанција. „Ако тестот е позитивен, никогаш не треба да ви биде дозволено да се вратите и да се натпреварувате повторно“, рече Фелпс. „Верувам […]

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица без подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, […]

Во Бугарија одат на седми парламентарни избори за три години


Софија – Бугарија оди на седми избори по ред во изминатите три години. Претседателот на Националното собрание Раја Назарјан го одби претседателот Румен Радев да биде следниот вршител на должноста премиер. Двајцата разговарале за можноста за средба во претседателството, откако политичката партија „Има таков народ“ го врати неисполнетиот трет мандат. Гласањето најверојатно ќе биде во […]

Најмалку петмина американски војници ранети во напад на воздухопловната база „Аин ал Асад“ во Ирак


Вашингтон – Најмалку петмина американски војници се ранети, еден од нив сериозно, при напад врз воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак, соопштија официјални американски претставници. Инцидентот се случи во време кога Блискиот Исток се подготвува за евентуален нов бран напади од страна на Иран и неговите сојузници, поради убиството на високопоставени членови на […]

Црвен ќилим, награда, мастерклас: Мег Рајан доаѓа во Сараево


  Сараево – Како признание за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност, холивудската актерка Мег Рајан ќе ја добие наградата „Почесно срце на Сараево“ на 30. Сараевски филмски фестивал. Холивудската ѕвезда позната по својата разноврсност и природен шарм во секоја улога што ја игра, Рајан ќе ја претстави и специјална проекција на нејзината романтична комедија […]

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски


Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ во 21 часот организира промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски. Љупчо Јолевски е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии […]

Нејзината убавина пресуди на Олимпијадата- пливачка обвинета за „несоодветен ефект врз нејзиниот тим“


Париз- Олимпијадата се уште е во тек, но Луана Алонсо, парагвајска пливачка, нема да може да ужива во придобивките од селото на спортистите. 20-годишната девојка е едно од гламурозните лица што ги украде срцата на игрите во Париз во 2024 година. Сепак, нејзината убавина можеби е премногу за да се справат нејзините соиграчи. На пливачката […]

Пресудата за Гугл може да го смени интернетот засекогаш


Њујорк – Американски судија пресуди дека Гугл ги прекршил антимонополските закони трошејќи милијарди долари за да создаде нелегален монопол и да стане стандарден пребарувач во светот, што е првата голема федерална победа против доминацијата на технолошките гиганти на пазарот. Пресудата на окружниот судија дека Гугл има нелегален монопол над онлајн пребарувањето претставува историска победа, објави американското […]