Најгледана евровизиска песна за 2023 е „Ча ча ча“ на финскиот претставник


Најгледана евровизиска песна за 2023 година на „Јутјуб“ е „Ча ча ча“. Со неа, финскиот претставник, минатата година, го освои второто место на музичкиот натпревар што се одржа во Ливерпул. Втора најгледана песна е победничката, „Тату“ на Лорин, соопштија организаторите. Годинава домаќин на „Евровизија“ ќе биде Малме, односно Шведска. Двете полуфиналиња ќе бидат на 7 …

Најгледана евровизиска песна за 2023 е „Ча ча ча“ на финскиот претставник Read More »

„Кајмак“ на Манчевски доби награда во Сицилија


Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната …

„Кајмак“ на Манчевски доби награда во Сицилија Read More »

Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ


Приштина – Безвизен режим за државјаните на Косово стапи во сила од денеска и им овозможува тие да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци. Новиот режим беше активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување …

Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ Read More »

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Виена– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“  (дом на Виенската филхармонија) го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот германски диригент Кристијан Тилеман. Тилеман ужива особено блиско …

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур Read More »

Почина новинарот и дипломат Махи Несими


Утрово во Тетово почина Махи Несими, истакнат новинар, публицист, политички аналитичар, политичар, амбасадор, добитник на државната награда „11 Октомври“. Дипломирал Политички науки на Универзитетот во Загреб, но првата негова љубов беше новинарството. Несими беше долгогодишен новинар, својата кариера ја градеше во весникот Фљака, кaде беше и уредник. По осамостојувањето на Македонија се вклучи и во …

Почина новинарот и дипломат Махи Несими Read More »

Утре локални врнежи, дожд и за викендот


Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде нула, а максималната 14 степени, информира УХМР. До крајот на работната недела времето ќе се стабилизира, но ќе има појава на магла по котлините со променлив интензитет. УХМР најавува влажен бран со врнежи, претежно од дожд, за време не викендот. 

Кристијан Тилеман по новогодишниот концерт во Виена го чека престижна функција, еве која


Кристијан Тилеман ја презема диригентската палка како директор на Државната опера во Берлин од стариот ривал. Германскиот диригент (64) ќе ја преземе палката од светски познатиот маестро и пијанист Даниел Баренбоим како генерален музички директор на Државната опера во Берлин. Во потег што го шокираше светот на класичната музика, Баренбоим (80) поднесе оставка од функцијата …

Кристијан Тилеман по новогодишниот концерт во Виена го чека престижна функција, еве која Read More »

Од денеска поскапи патарините во Грција


Атина – Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно …

Од денеска поскапи патарините во Грција Read More »

„Суперѕвездено музичко искуство“ : Агилера се врати со интимни концерти во Лас Вегас


Дијамантите се најдобриот пријател на една девојка, а Кристина Агилера ги донесе сите нејзини на отворањето на нејзината резиденција во Лас Вегас. Поп-ѕвездата (43) дебитираше со своето шоу „Градот на гревот“ во саботата, 31 декември, на интимното место на Voltaire Belle de Nuit, во The Venetian Resort Лас Вегас. Агилера ги изведе своите најголеми хитови …

„Суперѕвездено музичко искуство“ : Агилера се врати со интимни концерти во Лас Вегас Read More »

Барак Обама ги откри своите омилени песни во 2023 година


Како што е традиција од неговото претседателствување, поранешниот претседател Барак Обама ги објави своите омилени песни од 2023 година. Списокот опфаќа многу различни жанрови и уметници, од фолк и кантри, до R&B и соул. Уметниците на листата ги вклучуваат Карол Џи, Шакира, Меган Ти Сталион, 6LACK, Мицки, Зак Брајан и Кејси Масгрејвс, Теди Свимс, Рита …

Барак Обама ги откри своите омилени песни во 2023 година Read More »

Тилеман ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт на 1 јануари 2024


Традиционалниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија  ќе се одржи на 1 јануари 2024 година, под диригентската палка на маестро Кристијан Тилеман во Златната сала на Музикферајн во Виена. Кристијан Тилеман ужива особено блиско и продуктивно уметничко партнерство со Виенската филхармонија. По 2019 година, концертот на 1 јануари е втор пат кога Кристијан Тилеман го води …

Тилеман ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт на 1 јануари 2024 Read More »

Бернар Арно почестен со највисокото цивилно одликување во Франција


Милијардерор Бернар Арно го доби со Големиот крст на Легијата на честа, највисокото цивилно одликување во Франција, на годишната листа за почести за Денот на Новата година. Основачот на конгломератот LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, кој поседува брендови како Louis Vuitton, Dior, Tiffany & Co., Guerlain и Dom Pérignon, претходно беше прогласен за Голем офицер …

Бернар Арно почестен со највисокото цивилно одликување во Франција Read More »

Поранешен светски шампион во велосипедизам обвинет за убиство на својата сопруга


Австралија– Поранешен светски шампион во велосипедизам е обвинет дека ја предизвикал смртта на неговата сопруга, олимпијката Мелиса Хоскинс, откако таа наводно била удрена со возило „уте“. Рохан Денис, освојувач на олимписки медали и етапен победник на Тур де Франс, беше обвинет за предизвикување смрт поради опасно возење, загрозување на животот и возење без должно внимание, …

Поранешен светски шампион во велосипедизам обвинет за убиство на својата сопруга Read More »

Кралицата на Данска најави абдикација во живо на ТВ


Данската кралица Маргрет Втора ќе абдицира на 14 јануари следната година по 52 години на тронот и ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик, рече таа во својот годишен новогодишен говор во неделата. 83-годишната кралица, која го презеде тронот во 1972 година, е монарх со најдолг стаж во Европа по смртта на британската кралица …

Кралицата на Данска најави абдикација во живо на ТВ Read More »

Вог ги избра најдобро облечените славни личности за 2023 година


Едно од најугледните модни списанија во светот, Vogue, традиционално на крајот на оваа година ја објави својата листа на најдобро облечени познати личности. Многу познати трендсетерки и ѕвезди не воодушевија со своите впечатливи и иновативни модни комбинации и докажаа дека се вистински стилски икони.   Една од нив беше младата актерска ѕвезда Тејлор Расел, која …

Вог ги избра најдобро облечените славни личности за 2023 година Read More »

Белгиското претседателство: Искуството на преден план


Во јануари 2024 година Претседателството на ЕУ го презема искусната земја основач – Белгија, која била и прв претседавач со Унијата. Наспроти ваквото досије, нејзините граѓани, според испитување на јавното мислење не се многу оптимистички расположени за резултатите од Претседателството. Само 15% сметаат дека нивната земја може на подобро да ги смени работите во Унијата, …

Белгиското претседателство: Искуството на преден план Read More »

Спортот во 2023: Продолжи доминацијата на Ѓоковиќ


Спортската 2023 година на меѓународната сцена почна и заврши со мундијалските турнири во ракомет во машка и женска конкуренција, а во меѓувреме календарот со големи натпреварувања го исполнија и светските првенства за фудбалерки и за кошаркари, како и Европскиот шампионат во одбојка, чиј домаќин беше и Скопје. Во индивидуалните спортови продолжи доминацијата на тенисерот Новак …

Спортот во 2023: Продолжи доминацијата на Ѓоковиќ Read More »

Оставки во Контрола на летање поради спорни вработувања


Владата и Министерството за транспорт и врски нема да се мешаат во превирањата во М- НАВ по последните депонирани оставки  на инженерите на раководните инструкторски места и на еден од тројцата директори Љубе Стаменковски кој исто така  си поднесе оставка .  Од Министерството за транспорт и врски и денеска во разговор за ТВ 24 се …

Оставки во Контрола на летање поради спорни вработувања Read More »

Далај Лама: Сочувството и внатрешниот мир можат да му помогнат на светот да заздрави во 2024 година


Њу Делхи – Духовниот водач на тибетските будисти Далај Лама апелираше на сочувството и внатрешен мир на луѓето како предуслов за подобар свет на почетокот на годината. – И покрај многуте предизвици со кои се соочуваме денес, се чувствувам оптимист дека со растечкото ценење за тоа колку сите сме меѓусебно поврзани во единството на човештвото, …

Далај Лама: Сочувството и внатрешниот мир можат да му помогнат на светот да заздрави во 2024 година Read More »

Жена пронајдена мртва во стан во Аеродром


Шеесет и едногодишна жена била пронајдена мртва во семејниот дом на подрачјето на Аеродром.  Како што информира МВР, случајот вчера во 17:12 часот бил пријавен во СВР Скопје. Се работи за Ј.Ц.(61) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред. Увид извршила екипа од СВР Скопје, …

Жена пронајдена мртва во стан во Аеродром Read More »