Ален Делон ќе биде погребан в сабота подалеку од очите на јавноста


Париз – Кинолегендата Ален Делон, кој почина на 18 август, на 88 години, ќе биде погребан в сабота. Ова, за француските медиуми го потврди католичкиот свештеник кој треба да го одржи поменот. Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен бискуп во југоисточниот француски град Гап, рече дека глумецот побарал од него да ја одржи погребната богослужба. Делон, инаку, […]

АТП најави нов турнир во Белград


Белград – Во Белград годинава ќе се одржи нов тениски турнир АТП-250, објави официјалната веб-страница на АТП. Турнирот ќе се одржи од 3 до 9 ноември на тврда подлога. Во главниот град на Србија ќе се одржува најмалку две години. Натпреварувањето првично требаше да се одржи во Хихон, Шпанија, но е одложено поради „непредвидени оперативни проблеми“.  […]

Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавуваат ексклузивен концерт на 20 септември во Филхармонија


Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“, на 20 септември ќе приредат ексклузивен концерт во големата сала на Македонската филхармонија. Со почеток во 20 часот, ова музичко доживување ветува вечер исполнета со врвна уметност и незаборавни емоции, донесени од еден од најистакнатите виолинисти на нашето време. Виртуозниот Стефан Миленковиќ е еден од […]

Американските поети со најмногу признанија Златен венец на СВП


Ценетиот француски поет  Жан Пјер Симеон (1950, Париз), одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература. е годинешен лауреат на Струшките вечери на поезијата кои почнуваат утре во Струга и ќе траат до 26 август, под мотото „Допир на убавината“.  Изборот на лауреат, како што истакна во својата беседа на свеченоста во МАНУ, […]

22 дела во вториот круг за наградата „Драги“ 2024


 Членовите на жири-комисијата за наградата за најдобар книжевен превод „Драги“ го одржа својот прв работен состанок на 20 август 2024 (вторник) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ и одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 14 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 11 различни јазици. Делата што влегуваат […]

Нема маж кој е повеќе џентлемен од Пирс Броснан, вели Хали Бери


Хали Бери во видео-интервју за Wired рече дека Пирс Броснан ѝ ја „врати“ нејзината верба во мажите за време на снимањето на нивниот филм за Џејмс Бонд, „Умри друг ден“ од 2002 година. Акциониот филм ја означи последната улога на Броснан како 007 по седум години ангажман што започна со „Златно око“ од 1995 година. […]

За 10 години прометот на ИКЕА во Хрватска надмина милијарда евра


Загреб – За десет години работење ИКЕА Загреб била домаќин на речиси 18 милиони посетители, а вкупниот промет остварен во тој период надмина милијарда евра, објави компанијата. Во првата година од работењето во Хрватска, прометот на компанијата изнесуваше нешто повеќе од 70 милиони евра, додека во деловната 2023 година достигна 150 милиони, се вели во соопштението […]

Девет нови лекови на позитивната листа, за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција …


Девет лекови вредни девет милиони евра, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од Позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови.  – Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација […]

Имало уште – СДСМ на прес ќе ги објави сите информации за скандалот со Гаши на Блаце


СДСМ утрово најави дека на прес конференција ќе ги објави сите информации за скандалот со Гаши и злоупотребата на граничниот премин Блаце. Во најавата се наведува дека во седиштето на СДСМ со почеток во 10.30 часот, прес-конференција ќе одржи Богданка Кузеска,  портпаролка на партијата

Синер доби драстична парична казна поради допинг


Рим – Светскиот рекет број 1 во машкиот тенис Јаник Синер избегна суспензија поради два позитивни допинг-тестови, објави Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА). Италијанецот беше прогласен за невин откако тестовите потврдија присуство на клостебол во неговото тело. Мострите се земени во март годинава. Независен трибунал пресуди дека супстанцијата влегла во телото на тенисерот […]

Што е „белиот штрајк“ што од септември се подготвува во училишта во Србија


Белград– Остануваат помалку од две недели до почетокот на новата учебна година, а барањата на просветните работници за сузбивање на насилството во училиштата во Србија, како резултат на се почестите напади врз наставниците и професорите, се уште не се исполнети. Во знак на протест, Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) одлучи да започне […]

Со обвинувања и кавги, тешко до ефикасен јавен превоз и чисто Скопје


Решение за проблемите со јавниот превоз и нечистотијата во главниот град, скопјани ќе чекаат на седница на Советот на Град Скопје, каде пред советниците треба да се најде нова предлог програмата за работа на ЈП Комунална хигиена и програмата за јавна чистота. Во меѓувреме, продолжуваат обвинувањата меѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсковска и министерот за […]

Украина изврши голем напад со беспилотни летала врз Москва, објави градоначалникот


Москва – Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, при што руските единици за ПВО уништија најмалку 10 беспилотни летала што летаа кон главниот град, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Некои од беспилотните летала се уништени над градот Подолск, прецизира тој. Градот се наоѓа на околу 38 километри јужно од Кремљ. „Системите […]

Крај. Бен Афлек не ја издржа славата на Џенифер Лопез


Официјално: Бен Афлек и Џенифер Лопез завршија. Повторно. Лопез поднесе барање за развод во вторник, 20 август, во Лос Анџелес – на двегодишнината од нивната раскошна свадба во Џорџија. Афлек (52) и Лопез (55) ја обновиле својата врска во 2021 година по речиси две децении пауза. Се шпекулираше дека живеат одвоени животи уште од мај. […]

„Америка, надежта ни се враќа“: Двојката Обама ја поддржа Харис


Чикаго – Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел синоќа им се обратија на делегатите на конвенцијата на Демократската партија, каде што ја поддржаа Камала Харис во трката против Доналд Трамп, велејќи дека таа е личност која сака да им даде на сите луѓе еднакви можности. Како прв црномурест претседател во американската историја, […]

Мег Рајан го прими „Почесното срце на Сараево“


Актерката Мег Рајан е добитник на почесното срце Сараево 30. Сараевски филмски фестивал за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност.   „Докажавте дека уметноста и културата се отпор. Вие сте доказ дека различноста е сила, дека уметноста е она што не правОи помалку осамени, дека уметноста ги поврзува луѓето надвор од сите ограничувања и дека […]

Таравари и претставници на Комисијата за позитивна листа ќе ги претстават новододадените лекови


 Министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со претставници на Комисијата за позитивна листа, денеска ќе одржи прес-конференција по повод воведување нови лекови на Позитивната листа, информираат од надлежното министерство. – Мислам дека е огромен чекор напред, девет нови лекови, а во минатите 15 години само еден лек е ставен, така што, ви гарантирам дека ќе […]

Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања


Вашингтон – Кампањата на кандидатката на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис, собра околу половина милијарда долари донации откако стана кандидатка. Според повеќе неименувани извори, Харис само во првата недела по изборот за кандидатка собра 200 милиони долари, а во јули вкупно 310 милиони долари. Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, […]

Ќе се гради нова обиколница околу Кавадарци


Владата на седницата што ја одржа вчера го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта да се изработи проектна документација за изградба на обиколница на Кавадарци. -Општина Кавадарци и Тиквешкиот регион имаат потреба од изградба на обиколница на градот, имајќи го предвид целокупниот товарен и патнички сообраќај на возила кои транзитираат низ општината, и истиот се […]

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена. UV=7 Во Скопје ќе биде сончево со […]