„Бела ноќ“ во Скопје со уличното дефиле „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“
По повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје, во тесна соработка со манифестацијата „Бела ноќ“, има чест да ве извести и да ве покани на извонредна претстава на отворено со улично дефиле, „Сонот на Ербер“, во изведба на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. Настанот ќе се […]